Реформа на Образованието

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Гледам ќе има реформа на образованието, па не е лошо тема за тоа.

Помалку предмети, повеќе размислување, истражување и анализа, изборни предмети и интензивни воннаставни активности предвидуваат новите реформи во основното образование, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на презентацијата на резултатите во образованието во првите 100 дена од нејзиниот мандат.

Таа рече дека концепцијата за основно образование е во завршна фаза и многу скоро ќе биде презентирана пред пошироката јавност. Правена е врз основа на домашни истражувања, ставови на наставници и компаративна анализа на резултатите од меѓународните тестирања ПИСА и ПИРЛС.
- Ќе создадеме училиште кое ќе нè учи да учиме. Го напуштаме стариот пристап на фактографско учење и ги поттикнуваме учениците да решаваат проблеми и критички да размислуваат. Целта ни е да создадеме образование во кое секое дете ќе го достигне својот личен потенцијал и тоа го правиме преку изборните предмети и воннаставните активности. Ќе се учи за вредности: толеранција, почит и личен развој – рече Царовска.

 
Член од
5 април 2015
Мислења
517
Поени од реакции
5.062
Со овој крајно несериозен и умоболен концепт на министеркана и МОН, се врши комплетно буткање на историјата под тепих. Иако целосно неоправдано, разбирливо е од кои причини е овој долен обид.

Но, географија да ја избришеш?
Каде што деца денес не знаат да разликуват Романија од Русија.

Или уништување на природните науки со нивното спојување?
Македонските деца се убедливо најлоши токму во овие предмети.

За неа пеење и цртање исто ли е, та ќе спои ликовно и музичко во едно?

За какво „помалку факти, а повеќе анализирање“ зборува?
Има ли еден грам мозок во таа слаткоречива лажливка?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
19.984
In before средношколци учат хемија со слики а математика со броење на раце.

Бесцелно е да се зборува, секој со два грама мозок знае дека македонското образование континуирано тоне од '91 наваму. Замислете си колку е ужасно македонското образование сега, после овие најмодерни европски реформи единствена перспектива за просечен граѓанин на Република Северна Македонија ( или /////) ќе биде МекДоналдс во Германија.

Предмети во кои треба најмногу да се вложува како Математика, Хемија, Физика, Биологија се девалуираат а предмети кои се битни за самата државност како Македонски јазик и Историја полека се исфрлуваат од образованието и се вметнуваат навидум непотребни и бесцелни предмети чија цел е тотална индокринација уште од мали нозе. Претпоставувам ова ќе биде следено со доусерување и на средното образование бидејќи новите генерации ќе бидат кои од кои понеписмени па ќе мора да се намалува критериумот за добивање оценки и уписи; реално и сега е сериозно паднат критериумот но во иднина ќе биде вистински хорор шоу незнаењето и неписменоста на новите генерации.

Офц ова ќе се одрази на секое ниво во оваа горда членка на НАТО сојузот : здравство, социјала, странски инвестиции, неквалитетен, некомпетативен и глупав кадар итн итн. Додека се произведува раја која не е способна за ништо повеќе освен за аргатење по бутици, трафики и ресторани на мкд бизнисмените - синовите и ќерките на мкд елитата ќе се образуваат во странство. Феудализам во Северна во 21 век.

За наставниците и професорите што да се каже, има уште кои се способни, се обидуваат да ги научат и да им ја направат наставата интересна на учениците но за секој способен човек има три неспособни. Учениците па да можат колку што можат помалку да учат, да поминат 5,0 а да не знаат базични поими ниту пак да си го напишат името под услов да биде читливо. Минативе матуранти се изборија во нивната борба за правда да немаат матура а еве сега новите матуранти се борат деноноќно за своите права и се надеваат да се изборат да нема матура како нивните претходници. Едноставно таква ни е културата, учењето е во втор трет последен план, читање книги, креативност, размислување и вложување во својата иднината кај поголемиот број на масата доаѓаат после каде вечер брааат, аууу ќе се правиме дрвоооо, леле вечер како ќе клецнамммммм.

If you want to destroy a nation, just spoil its education system.
The most effective way to destroy people is to deny and obliterate their own understanding of their history.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Две третини од младите во Македонија се функционално неписмени

Повеќе од 50% од младите во Македонија се неписмени

Колку (не)писмени има во Македонија

Функционална неписменост или неписменост на писмените


Интересни статии со анализа за состојбата на македонското образование во различни временски периоди кои вклучуваат повеќе владеачки гарнитури.Аналогно на тоа, партискиот префикс мислам дека нема потреба да се потенцира и кажува, бидејки има континуитет на трендот. Секоја гарнитура на свој начин пробала да го реши проблемот, но евидентно е дека нема резултати.

Јас со свежо сеќавање како сеуште активен дел од формалното образование на мк, во целост се согласувам дека треба да се смени пристапот на образованието, бидејки има застарен модел, вклучува погрешен начин на "учење" и негува погрешни вредности.У суштина има еден начин на учење, фактографски пристап каде се вреднува меморизирање на факти и ништо повеќе.Има професори и наставници кои применуваат помодерни методи на предавање и вреднување на знаење, но тоа е реткост.

На факултетите е малце подруго, има најрализчни пристапи на учење, предавање, вреднување на знаење и активности, но тоа би рекол дека е во склоп на природата на факултетот каде студирам (информатика).Сепак, има други факлутети каде сум чул и видел дека сеуште владее фактографскиот пристап, но мислам на факултетско ниво во голема мера има експерти од струката, па веројатно знаат кои и какви пристапи се потребни.

Со оглед дека информатиката е во голем раст на популарност во македонија, па аналогно на тоа многу се зголеми бројот на новозапишани студенти во последните 2-3 години.Имав прилика да запознаам многу луѓе, од различни средини и различни средни училишта (стручни или општи гимназии, но различни смерови).
Најголем проблем во снаоѓањето и успешноста имаа оние од средни стручни училишта, пред се заради погрешен пристап во учењето. 2ца блиски другари (едниот од економско средно стручно, другиот од средно стручно каде се учи право), кои иако беа многу бистри и интелигентни, некои мислења и проблематики надвор од образовниот матријал, ги разбираа и резонираа одлично, но кога ќе дојдеше момент за учење, нив пристапот им беше бубаторски. Поради природата на струката, паѓаа ко круши, па после некое време се откажаа.Истиов проблем го имам приметено и кај многу голем број на други студенти, интелигентни, но со погрешен пристап на учење или неефикасни техники.


Јас лично сметам дека одлуката за промена на концептите во основното образование е исправна, бидејки се учи еден и единствен пристап кој не е функционален за сите.Тотално погрешно е да се вреднува само фактографско памтење и ништо повеќе (јас лично цели живот борба водев со наставници што не малтретираат да памтиме глупости кои секако ќе ги заборавиме, а не логика и размислување - затоа и математичките предмети повеќе ми лежеа).

Ми се допаѓа што се отвара образованието и признава грешка од причина што не сите луѓе се исти и не секој пристап на учење функционира за секого.Доколку од најмала возраст се вреднува критичко размислување, логика, активност и општо сестран начин на учење соодветно за различни примени, сметам дека ќе има поспособна и пофлексибилна младина.
Посебно ме радува што се воведува предмет како логичко расудување и има предмети кои вклучуваат попрактичен пристап кој стимулира размислување.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Обично во државите со кои што сакаме да се огледуваме професијата на просветно лице ужива голема почит од општеството, котира високо на листата професии, се смета за престижна и критериумите за тоа кој може да ја воспитува и описменува нацијата се строги и крајно селективни.
Кај нас единствен критериум е партиската припадност. Додека учев во средно по некои предмети, во тек на тие четири години, се променија по дури тројца различни професори. Како им поминуваа договорите за работа доаѓаа други, секој со различен пристап на предавање и евалуација на знаењето. Па наместо на програмата, секој пат мораш да се адаптираш одново и одново на нивната нарав, некомпетентност и често пати примитивизам и искомплексираност.
Независно каква програма ќе се имплементира, какви реформи ќе се спроведат, ништо нема да функционира се додека не се искорени корупцијата во образованието, не се искорени партијата од овој сектор, непотизмот и клиентелизмот заедно со партиската припадност при критериумите за вработување.

Кога ќе се решат овие проблеми кои што со години ги еродираат столбовите на општеството, тогаш нека прават реформи. Вака, секоја власт си тера своја агенда со чисто партиска позадина која што шири реа на популизам и ,,плукни залепи" мерки кои што имаат рок на траење се додека не дојдат наредните "реформатори" и се така до недоглед.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.337
Поени од реакции
3.306
Zaradi nesrazmerno loshite oceni sto gi ostvaruvaat zemjite od Balkanot sekoja godina na PISA ocenuvanjeto, napravena e eden vid fizibiliti studija za toa sto tocno e pricniata za losite rezultati, i sto treba da se smeni vo sistemot. Studijata ja preporacuvam da ja procitaat site zainteresirani na temava, so naslov "Education in the Western Balkans, Findings from PISA".

Moze da se najde na sledniot link:
https://www.oecd.org/pisa/publications/education-in-the-western-balkans-764847ff-en.htm (kliknete na 'read online')

Ako ja procitate (ili barem prolistate) studijata, ke primetite deka novo-donesenite izmeni vo obrazovniot proces od strana na vladata ne adresiraat ni edna od tockite vo studijava i nivnata cel e najverojatno mackanje ochi.
PISA ocenite na nashite uchenici ke prodolzat da pagjaat bez razlika na "reformi" od ovoj tip.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Zaradi nesrazmerno loshite oceni sto gi ostvaruvaat zemjite od Balkanot sekoja godina na PISA ocenuvanjeto, napravena e eden vid fizibiliti studija za toa sto tocno e pricniata za losite rezultati, i sto treba da se smeni vo sistemot. Studijata ja preporacuvam da ja procitaat site zainteresirani na temava, so naslov "Education in the Western Balkans, Findings from PISA".

Moze da se najde na sledniot link:
https://www.oecd.org/pisa/publications/education-in-the-western-balkans-764847ff-en.htm (kliknete na 'read online')

Ako ja procitate (ili barem prolistate) studijata, ke primetite deka novo-donesenite izmeni vo obrazovniot proces od strana na vladata ne adresiraat ni edna od tockite vo studijava i nivnata cel e najverojatno mackanje ochi.
PISA ocenite na nashite uchenici ke prodolzat da pagjaat bez razlika na "reformi" od ovoj tip.
Реформите не се донесени. Ќе видиме кога ќе објават детали. Ова сега што го кажаа е округло па на ќоше.

Туку друго мислев ќе коментирате, не знам дали го приметивте делот:

Царовска рече дека се одобрени 54 милиони денари за образовни асистенти во училиштата. Доделени се 34 инвестициски ваучери за научни проекти преку Фондот за иновации и технолошки развој.

Што ќе работат овие образовни асистенти ?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.079
Поени од реакции
19.903
Туку друго мислев ќе коментирате, не знам дали го приметивте делот:

Царовска рече дека се одобрени 54 милиони денари за образовни асистенти во училиштата. Доделени се 34 инвестициски ваучери за научни проекти преку Фондот за иновации и технолошки развој.

Што ќе работат овие образовни асистенти ?
Нема веќе место за партиската стока, па редно беше да почнат да измислуваат нови работни места за овците, сето тоа задскриено зад некакви си "реформи".

Се надевам реформиве нема да бидат како фијаското со економските реформи и повисоките даноци кои резултираа со губење на 50% од даночните приходи кои можеле да се соберат.
 
J

joli1

Гостин
Како некој кој што заврши средно пред неколку години, чуствувам дека е правилно да го изнесам моето мислење во врска со темава.

Не можам директно да зборувам за тоа какво е образованието во Скопје (иако сум сигурен дека не е ништо поразлично), но образованието во западниот дел на Македонија е толку мизерно што јас да сум родител не би си го ни пуштил детето во школо.

90% од професорите, поготово тие младите и нововработените се полуписмени и неспособни партиски војници кои наместо да ги мотивираат учениците за одредени теми, тие го прават спротивното.

Останатите 10% од професорите се оние кои што работеле како професори уште од време на поранешна Југославија, а на нивните часови реално да ти е милина да седиш, да дискутираш и да споделуваш знаење.

Образовните стандарди се никакви, јас знам голем број поранешни ученици кои завршија средно со сите 5ки, а истите не знаеја нити кога WW2 почнала, ни да состават проширена реченица на англиски, ниту било што од македонска граматика.

Меѓу професорите постои лобирање според тоа кој од која партија е, па на крај година класните раководители иако од различни партии обавезно прават компромиси меѓу себе се со цел да покажат дека нивниот клас ги има најдобрите ученици, иако во реалноста тоа не е така.

Да не заборавиме, професорите се тие кои што во реалноста се единствени против реформи, да не заборавиме колку професорите ги форсираа децата да излезат на протести против екстерното тестирање кое иако беше лошо имплементирано, сепак беше добра идеја за пронаоѓање и казнување на професорите кои што ставаа оценки како нив ќе им текне, а и истото реално не претставуваше никаква опасност за учениците, тој кој што имал знаење од предметот го решаваше екстерното тестирање за максимум од 15 минути.

Образовен систем во кој дури 90% од средношколците запишуваат факултет е за смеење, no wonder зашто конобарот што ти го прави кафето има диплома кога нема правилна селекција за тоа кој смее - а кој не смее да запише факултет што резултира во голем број полуписмени "академско образовани" луѓе.

Сето знаење што го поседувам моментално е поради мојата љубопитност, википедија и гугл, а во школо одев стриктно за да пурњаме ганџа со екипата, затоа што ако седиш трезен во просторија со 20тина полуписмени идиоти и квази професори ќе полудиш.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.079
Поени од реакции
19.903
Се учел непотребен обемен материјал. :icon_lol:
Веројатно под обемност спаѓа заедничката историја со "бугарските администратори" кои нè ослободиле од бугарскиот фашистички окупатор, АСНОМ, Гоце Делчев и тн.

Интересно како во период кога се ревидира и менува историјата, учебниците и идентитетот, под диктат од други држави, се јавува и потреба за нова образовна реформа со која се ревидира и укинува предметот Историја, со изговор дека се учел непотребен обемен материјал.

Се укинува предметот историја како посебен предмет во основното образование
Се учел непотребен обемен материјал па затоа МОН ќе го укинува предметот историја и ќе го вметне во предмет општествени науки. Реформите за основно образование предвидуваат во наставната програма да има помалку предмети. Во општествени науки ќе бидат вклучени историја, граѓанско општество и географија а во природни науки како едно ќе се изучуваат биологија, хемија, физика и географија.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.838
Нема потреба да се изучува историја. Поважно е да се изучуваат предмети како граѓанско општество и сексуално образование и да се индоктринираат децата со учењата произлезени од шупакот на невладините организации од кои потекнува министерката и што ќе овозможат на нејзините бивши, дегенерици-колеги од соросовите келии да станат професори и да го обликуваат умот на деците со теми како педерашење, триста полови, дискриминации, говори на омраза и слични корисни рабоќе.

Ќе бидете дететето неуко, ама нема шанси некого да навреди.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Реформа во погрешна насока.

Прво синдикатот ги брани наставниците како да се бели мечки. Предаваат стара или материја која ја научиле на памет.
Потоа диктирањето е сосема непотребно во средните училишта. Треба да предаде концепт и треба наставникот да предаде нешто пошироко од лекцијата (учебникарски можат и од дома да си учат) да каже или да илустрира и пример/и. Најлесно се учи преку примери, а притоа ученикот тоа ќе знае како да го примени во пракса.

Треба да се забранат родителските (како и да се викаат сега, родителите да имаат состанок!, не мислам на родителските собири со наставникот) каде се поправаат оценки. Притоа треба да се најде механизам како родителите да имаат контрола и увид во резултатите и успехот на нивните деца. Се сеќавам едно време праќаа смс пораки, пред тоа ние имавме листови каде беа напишани оценките и требаше да ги вратиме со потпис!

Треба да се најде начин и како книгите да се чуваат во училиштата, во сандачиња да речеме, и децата да ги носат дома само оние книги кои им се потребни за тој ден или период.

Околу програмата. Искрено има вишоци во програмите. Средно стручно учев, математиката во првите две години ми беше повторување од основно, потоа немав математика! Таму имаше скоро поклопување на програмските целини од основно (посебно македонски, вовед во право, англиски, конституционо, но и историја...) или во самите години средно. Затоа треба ревизија на програмите. Ревизијата не значи промена, туку испитување. Образованието нас ни тоне, тоа е факт. Нешто мора да се промени.
Треба и некој општествен предмет да се стави во основно. Граѓанско образование имаат мислам, ама предаваат наставници по историја и географија. :oops:

Пред некоја година имаше промена на лектирите, па имавме широка дебата и околу тоа. Не ми се допаѓаат новите лектири баш, може да додадат нови (нешто во Велс или По за основно пример), дел се непотребни и дел не се прикладни за тоа одделение. Веќе порно гледаат и играат видео игри, ама лектирата можела да им направи трауми!!! Ја читаат затоа што им е еден вид на обврска. Мене ми е глупав аргументот за траумите од лектирата.

Ќе заборавев, мобилните се исто така сериозен проблем. И тоа некако треба да се изрегулира. Лично би ги забранил, ама тешко без лавина реакции да помине тоа.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
Ја слушав оваа гуската мочанин како пробува да релативизира. Да намалеле историја а да се зголемел фокусот на математика, што не викам дека не е во ред, ама ако беше реално побарано и барање за реформа, а не како овие потиснати од татаристан. Газ ќе дадат за ебани преговори, племето да ви го ебам. Дефинитивно и одговара партијата - партија на зелените. Brainwashed idiots...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom