Реформа на Образованието

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Овој фосилов нагрнат со ќебе ако не ги брка децата што играат на улица под нејзината тераса, јас е...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.610
Поени од реакции
81.297
Класичен пример за има ли пилот во авионот? Па овие бедиве од експерти што коментираат... :facepalm: Значи самото видео кажува во што е проблемот со образованието тука, што имаме вакви просветни работници што како прво немаат никакво однесување, потоа што не знаат да кажат две прости реченици без да задткаат, а сигурно лижат и гзови по партиски митинзи. Е на овие предметите им биле криви, па ќе морале да прават реформа во образованието:facepalm:

А за Мила Царовска џабе ќе ја арчам тастатурава, его до плафон, нарцис, а всушност не е ништо повеќе од една бештија, продукт на тие НГО секти
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.845
Класичен пример за има ли пилот во авионот? Па овие бедиве од експерти што коментираат... :facepalm: Значи самото видео кажува во што е проблемот со образованието тука, што имаме вакви просветни работници што како прво немаат никакво однесување, потоа што не знаат да кажат две прости реченици без да задткаат, а сигурно лижат и гзови по партиски митинзи. Е на овие предметите им биле криви, па ќе морале да прават реформа во образованието:facepalm:

А за Мила Царовска џабе ќе ја арчам тастатурава, его до плафон, нарцис, а всушност не е ништо повеќе од една бештија, продукт на тие НГО секти
Апсолутно се согласувам, кај може да се споредува дотичната со меѓународно признати образовни експерти од рангот на Спире Ристовски и Панче Кралев :icon_lol:

Ideme napret :)
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Нема проблем, нека го воведат концептов ама нека дозволат сите часови да бидат снимани. Па да видиме резултат! Наместо да трескаат глупости наставницете на часовите за после да се жалат дека програмата не чинела, не учеле децата, потребни биле реформи и тн ... ќе се има детален увид во наставно воспитниот тек, а со тоа ќе се помогне полесно да се идентификува проблемот за слабите резултати.

Чест на исклучоци!
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.331
Поени од реакции
19.747
Каков патетичен циркуз, ги собрале да мелат празни зборови, фалби насекаде, европски вредности, напредна програма, интегрирани студии, моделирање на учениците како глина. Дај бе нека не рокне некоја комета веќе да ни ги скрати маките.

 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.283
Поени од реакции
45.745
Дел од родово-сензитивното образование објавен од Граѓанското здружение „Од нас, за нас“, родителите гневни поради содржината

П: Ја бакнав мојата другарка неколку пати, тоа многу ме возбудува, дали сум лезбејка?

О: Следете ги вашите чувства и потреби, не плашете се или срамете се од нив, заљубеноста и љубовта се скапоцени чувства. И кога станува збор за бакнување, сексуалниот идентитет на секој од нас е посложен отколку бакнеж. Не брзајте, не мора сè што е брзо да има име.

П: Млад сум и ми се допаѓа еден другар од одделението.

О: Следете ги вашите чувства и потреби, не плашете се или срамете се од нив, заљубеноста и љубовта се скапоцени чувства. Што ти би му одговорил на ова исто прашање на твојот „стрејт“ пријател кој ти се поверил дека му се допаѓа девојче од одделението? Тоа се истите чувства.
stunning and brave
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.641
Omilen del od seksualno degenerickata sodrzina e toa sto ne e definirano preporacana vozrast za prv seksualen odnos, tuku vika ako si spremen moze i na 14 godini da si imas seks.

Isto sjae i analniot seks.

Se prasuvam dali ke ima za nasive deca da ucat i za drugi sodrzini kako cuckold, fisting, gangbang, blacked, i ostanati sodrzini od pornhub.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
До толку е отидено образованието што класните раководители за да им се допаднат на децата и нивните родители прават раздор и ги поттикнуваат децата да зборуваат лошо за другите наставници, има ли некаков закон за ова? Да се знае до каде може еден класен раководител да оди со децата?
Тие велат: Наша работа е што разговараме со децата на класен час и ние по секоја цена треба да бидеме на нивна страна.
Ти го рушат угледот така што тие деца никогаш нема да гледаат на тебе како наставник ма колку год да си добар, бидејќи класниот им дава ветар во грб (нормално никогаш директно, за да биде заштитен, но ги поттикнува и не ги запира децата кога прават проблеми и измислуваат разно разни приказни за колегите и општо за институцијата).
Да се дрзне класен раководител да го опсервира работењето на новиот колега кој е на место на стариот.... и децата нормално виделе простор започнале со стории....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.971
Браво, Македонија е на прво место по процент на жени во науката.

1636337471082.png
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
После 3 месеци настава, наставните материјали на учениците се заменуваат со нови учебници.

Неколку години наназад каснат и сведителствата, учениците ги земаат во септември! Згора на сѐ удрија и кон студентскиот оброк, за потоа да ги повлечат предлог законските измени! Класична безидејност.

Дел од вината лежи во безмозочното суштество, Мила, која беше министер во овој ресор, а дел од вината лежи во актуелниот министер за образование и наука Шаќири. Сама по себе, реформата за електорските учебници беше криминално лоша, уште полошо беше имплентирана без притоа да се даде алтернатива за оние ученици кои не можат, немаат услови или едноставно не сакаат да учат од компјутер. Од друга страна, форсираа извесна политика оние кои не сакаат електронски, сами да си ги ископираат учебниците. Од една страна тоа е кривично дело, од друга страна учебниците во основното и средното образование се бесплатни.

Образованието само се реформира, а притоа тонеме на сите листи. Нема ниту еден наш универзитет на листата 1.000 најпрестижни универзитети во светот, а средните оценки од матурските резултати стагнираат.

Реформата "комјутер за секое дете" се покажа неуспешна, од една страна нема комјутери, дел се расипани, дел украдени, од друга страна немаше ниту програма за реализирање на таа реформа. Важно се испраа пари.

Е-дневникот е само паралелно водење на хартиениот дневник т.е. водење двоен дневник. На наставниците им беше ветено дека ќе го водат само електронскиот, каде електронскиот им е сведен на дополнителна вонработна обврска.

Екстерното тестирање се покажа и како непопуларна и како неуспешна мерка. Однапред ти даваат прашања, каде на тестот треба само да го репознаеш одговорот. Буквално можеше целиот наставен процес да се сведеше на решавање на тие тестови и вадење на нереални резултати врз основа на стекнатото знаење.

Дигитализацијата на образованието беше осудена на пропаст од самиот старт, воедно и на импленетиацијата реформи од страна на безмозочното суштество кое си ја реализираше програмата на Хера. Образованието продолжи да ни тоне.

Мора да се скратат привилегиите на родителските состаноци каде се поправаат оценки зад затворени врати. Дел поради поминување со повисок успех, а дел поради нерасипување на просекот! Така самата оценка нема некоја значителна вредност. Потоа во секое училиште може да има табла со маркери. Во светот има смарт табли, а ние останавме да пишуваме со креди.

Училиштата се преполни со неквалификувани наставници кои прва поминале низ партиските лавиринти за да го добијат тоа работно место. А самите директори, мораат да имаат свој законски (работен) мандат. Самото училиште мора да има посилни ингеренции. Не може при секоја промена на локалната власт, да има промена и на директорите, а извесни директори навистина даваат и значителни резултати. Тој законски мандат мора да биде подолг од оној на градоначалникот.

Јас сум и за поставување камери во секоја училница. Мора да се сфати дека и наставниците, како вработени, имаат свои права. Не може 1/3 од часот да поминуваат во смирување на невоспитаните кретени, а не може ни воопшто да не предаваат и да земаат плата. Така ќе се заштити и училишниот инвентар. Од друга страна, ќе се заштитат и учениците од своевидна тортура. Пред некоја година бевме сведоци за насилство врз ученик!

Потоа мора да се забранат телефоните во училиштата. Тие се дистракција. Прво треба да се има здрав темел, па потоа да се пристапи кон реформа. Ниту една реформа не се покажа успешно, ниту даде надежни, благи позитивни резултати. Проблемите во образованието си останаа.

Една светла точка беа бесплатните учебници во основното и средното образование. Тоа не беше реформа, ниту реформски зафат, туку мерка. Другото беше само за полнење на рубриките на изреализираните политики во предизборните летоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom