Реформа на Образованието

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Дека на образованието му треба реформа не е спорно. Мојата генерација и уште една или две после нас бевме последни кои барем во основно го затекнавме стариот образовен систем затекнат од Југославија. Далеку од совршен беше тој систем, се учеа купишта непотребни работи и премалку се применуваше интерактивна настава.

Сега работите се многу променети, за жал на полошо. Образованието е целосно девалвирано, до тој степен што да дипломираш или магистрираш во Македонија веќе не значи ништо пошто секој може да се запише на факултет и да го заврши. Да не зборам па дека косата ми се крева кога ќе видам кои се’ станаа наставници и професори.

Но, реформите треба да бидат многу внимателно спроведени. Никако да не бидат тоа само козметички промени или воведување системи кои кај нас ниту се применливи, ниту се корисни. Ова денес беше само нафрлано, нема конкретни решенија, па не би можел детално да коментирам. Она што сепак се врти во јавноста нормално дека ич не ми се допаѓа.

Точно дека и историјата и географијата се општествени науки, ама никако не би смеело да се фузираат во еден предмет. Тоа се две скроз различни области, а и двете имаат голема важност за секојдневниот живот. И како би учеле, час историја, па час географија? Денес наставникот ќе предава за планетите во Сончевиот систем, а утре за Сталинградската битка? Не гледам како правење ваква каша-попара ќе им го привлече интересот на учениците за овие предмети. Слично е и со природните науки. Физика и хемија се две различни работи и нема зошто да се изучуваат мешано.
 
M

Macedon1um

Гостин
Образованието ни е катастрофа тоа сите го знаеме, и мора да се направи прво детална анализа и план како ќе го реформираат од основно па се до факултет.. Во спротивно со сегашново образование трошиме еден куп пари а ефектот е никаков, не произведуваме спремни образовани луѓе за реална работа.

Основно - факт е дека премногу им го зголемија фондот на часеви, според мене истиот треба да се намали, книгите да бидат поинтересни со слики и конкретни примери, да се користи многу повеќе технологијата, да се воведат компјутерски вештини и странски јазици уште од мали години, да не го тупат толку со оценки уште во основно туку да ова биде некој период каде што ќе може да се открие што го влече детето за да се насочи кон правилен избор во средно

Средно - е тука мислам треба да се направи најголема и конкретна реформа, да се исфрлат сите непотребни предмети од општа култура и да се изучува стрикно она каде што си насочен, нема смисла во техничко школо да имаат предмети како музичко, историја итн да не продолжувам. Секако уште во средното обавезно да се биде пракса пракса, нека се почне макар со средно 1 ден пракса 4 дена теоретска и сл - а не лошо и да се поврзат и со поранешните работнички универзитети каде што ќе се вршат обуки и за многу занаетчиски работи не мора баш сите на факултет да продолжат

Факултет - настрана целосната програма што би ја изменил вклучувајки и нови учебници тука мислам прво што треба да направат е задолжителна пракса, на пример 3 дена имаш предавања на факултет останатите 2 дена одиш во некоја фирма од областа што студираш секако со соодветен надомест за тоа.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
FB_IMG_1608289757812.jpg

Како беше она #ПоздравПленумци :facepalm: :pos: :icon_lol:
Па колумни за уништување на образование, па јавно бележење на секој факултет на секој шо не се потпишал на професорски пленум :icon_lol: И дојдоа на власт намалиле буџет сите или ќутат или #wearenato

Уште да излезе податок колку земале секташките владини невладини у споредба со пред 2017 за да дрват за национализам у факин 2020та у северна :D
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.993
Министерката за образование, Мила Царовска во гостувањето на телевизија Сител нагласи дека концептот за основно образование ја дава само контурата, а од јануари ќе се прават наставните програми.


-Апсолутно се споиви предметите. Во Америка, во Австралија, во приватните училишта во Северна Македонија го има овој модел. Луѓето што се вклучени, работната група од 13 луѓе апсолутно веруваат во овој модел. Членови на работната група се луѓе од природни науки, од општествени науки, луѓе кои разбираат образовни системи.
Во јануари ќе се објави повикот за изработка на наставните програми. Во моментов имаме концепција која ја дава само контурата. Во среда наредна недела ќе има јавна презентација. Концепција почнува од воспоставуване национални стандарни. Секое дете кое ќе излезе од деветолетка треба да постигне одредна јазична писменост, користење на друг јазик, треба да има математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен социјален развој, демократска култура и граѓанство, претпримеништво и уметничко изразување и култура. Ова се осумтте национални стандарди. Од тука поаѓаме за формирање на наставните предмети, објасни Царовска.



 
C

CoolIris

Гостин
Кога е во прашање образованието, години наназад се обидиваат да воведат некои реформи, почнувајќи од матура, па се до оние екстерни тестирања. Учениците се буквално ко експериментални глувчиња. Хаос во сите сегменти од образованието, а попатно во тој хаос се губат и учениците и професорите и родителите.

Повеќе од очигледно е дека реформите се неопходни, но реформите никако не треба да бидат насочени кон нови експерименти. Какво е тоа присоединување на два несродни предмети во еден заеднички? Историја и географија. Замисли колку луѓе ќе останат без работа. Како може учител по географија да предава и историја? Или, кој наставник ќе предава општествени, а кој природни науки? Па, како тој што предава математика би предавал биологија? Уф.
Патем, паметно ли е да се прават сите овие работи во ова време - невреме, кога децата немаат одржано ниту еден салам час?

Инаку што се однесува до материјалот, се сеќавам дека уште во времето јас кога учев имаше многу непотребни работи, па оттука фокусот на т.н. реформи сметам дека треба да се насочи на квалитетот, а не на квантитетот на содржината. Но, сето тоа треба да се прави етапно, чекор по чекор, година по година, не преку ноќ. Судејќи по начинот на кој што се одвиваат нештата, кој знае колку пари ќе лапнат за ова. Симптоматичен ми е и тајмингот во кој се случуваат нештата. Државата потона во сите сфери. Криминал од невидени размери.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Не знам дали не е заебанција ова видео, ама какво образование имаат во САД? Како не можата да именуваат ниту една држава?
Не знам дали е до образованието ама мислам дека барем 80% од државите можам да ги најдам на мапа.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.463
Поени од реакции
2.484
Не знам дали не е заебанција ова видео, ама какво образование имаат во САД? Како не можата да именуваат ниту една држава?
Не знам дали е до образованието ама мислам дека барем 80% од државите можам да ги најдам на мапа.
Или едноставно примерокот не е репрезентативен.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не се залажувајте. Ова не е реформа, ова е бришење историски податоци или менување на истите под закрила на "реформи". Имаше реформи и почетокот на 90ти па не се бришеа цели наставни целини на предмети.
Историја не може да се поедностави со бришење на нејзини делови, самата по себе е сложена и долга. Може само да се промени начинот на нејзино учење преку промена на наставни програми, компаративна историја и слично.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Баш ѕирнав во НОВА како им се структуирани предметите, па еве го делот каде се среќаваат (или се судираат?) географија и историја:
Social Science 9 begins with the fundamental tools and concepts in Geography then moves on to a historical focus beginning from Prehistory through to the Early Modern Era.
и линкот: https://nova.edu.mk/Content.aspx?id=73&course=77

Сепак, НОВА е меѓународно училиште, доаѓаат ученици од цел свет, па историја се очекува да биде општа, за целата планета ...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
Заев: Подготвен сум на спомен-плочите каде што пишува „бугарски фашистички окупатор“ да остане само „фашистички окупатор“



Прво не ми е јасно кој воопшто верува на оваа власт, меѓутоа ако се земе во предвид какви се не ексурзии во образованието правеа тие пред нив...нејсе, ретуширањето на историјата повторно е на маса за македончето, прво за време на Втора Светска Војна со доаѓањето на бугарската туристичка администрација каде се правеа обиди да се истисне српската и повторно заземе приматот од бугарската асимилација, за веднаш по завршувањето на војната србите од најголеми крвници на населението на Вардарска Бановина а сега веќе Социјалистичка Република Македонија, федеративна единка која барем на хартија беше еднаква со СР Србија, да станат преку ноќ браќа на своите жртви, е сега не одат така глатко работите како тогаш поради неспоредливо повисокиот степен на образование кој постои, воедно и ерата на пристап до информации. Целта е иста, меѓутоа методите за реализација се различни.

Министерката Царовска изјави дека ваквите екскурзии се прават поради тоа што учениците не можеле да поврзуваат факти и сл, значи да прават синтеза на информации, притоа не сфаќајќи дека тоа апсолутно и оди во прилог, да биле спосoбни да го прават тоа како прво таа не би била таму каде шо е сега, заедно со своите партиски другарчиња и кобајаги соперници од спротивниот табор и целокупниот естаблишмент во овој удбашки вилает.

Сите сметаа дека Косово ќе биде предмет на експериментален социјален инженеринг, ама ете не биле во право.
 
Последно уредено:
Член од
1 април 2020
Мислења
142
Поени од реакции
836
Неоспорлив факт е потребата од реформи во образованието во Македонија, ама дека ова е правилната реформа со која треба да се почне- не е. Има многу други проблеми кои прво треба да се решат, почнувајќи од условите во училиштата и персоналот, затоа што тие куцаат најмногу а се основа.

Во Америка има предмет кој ги обединува сите природни науки во еден, ама условите се многу поразлични. Има опремени лаборатории, и подготвеноста на наставниците е нивоа над таа кај нас, каде за поединци е научна фантастика да поврзат ПиСи со прожектор. Системот има огромни пропусти за да може ние да превземеме нешто од нив кога нема усови да се егзекјутне правилно.
Мислам, да почнеме од самиот принцип на работа, и учебниците во училиштата. Се знае каква е шемата, влегува наставникот, запишува што треба во дневник, и во наредните 35мин. почнува со лекцијата која ја предава на ист начин веќе енти пат, додека не удри звонецот. Нема скоро никакви експерименти, или видеа за да се објаснат дадени процеси.
Ако е некој неискусен професор, ќе ти раскажува збор по збор како е напишано во учебникот. А учебниците не се обновувани децении уназад.
И доаѓаме до најголемиот проблем, начинот на кој се изведвува наставата. Како да покаже интерес ученикот кога ништо интересно нема на часот? Пасивна настава, без поттик за критичко размислување. На толку "живи" предмети. Нон сенс е на овие предмети некој да се бори за 2ка, бидејќи при правилна настава секој ќе научи барем она што го интересира. Ама затоа кога се поставуваат прашања, ако има време и професорот дозволи, обично се одговара нецелосно и ради реда, оти ако треба да се задлабочи со навлегување и поврзување со други работи, ќе се истроши.
Парадокс.

Географија и историја, исто 2 различни предмети, нема поента да се слеат во еден кога се две отделни дисциплини.
Но во спроведувањето, ако дојде до тоа, полесно би било бидејќи едни професори предаваат по 2та предмета.
Али по таа логика, истото би било и со математика и физика, и биологија и хемија.

Да сумирам, не ја поддржувам реформава, бидејќи сметам дека нема да помогне и да го олесни образовниот процес, а ќе биде причина плус да има повеќе неписмени деца во генерација. Кога гротото веќе се.
Има многу друго врз кое треба да се работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom