It seems Great Britain won't be that great after all. Не се ни сомневав дека нема да дозволат да се случи такво нешто. Дури и 90% да се за излез. Не е мала работа Обама да ти дојде и да те убедува зошто е добро за тебе да бидеш дел од ЕУ, исто ко пред 10 - 12 години кога дојде еден тука што вртеше со стрелките од саатот. Богами фуфка од Путин. Како и да е, секој си ја заслужува земјата во која живее, така да со среќа у новиот мулти-култи калифат ЕУ.
Им фуфка - тоа ќе да е.
Инаку, тој часовничарот кој ни` измислуваше топла вода во 2004 година кога ги охрабруваше Македонците на референдумот во ноември 2004 или да гласаат против задржување на тогашната територијална организација на локалната самоуправа, или уште подобро, воопшто да не гласаат на референдумот, е Денис Мекшејн, кој тогаш беше министер за односи со Европа во тогашната британска влада предводена од страна на Лабуристичката Партија на Велика Британија на чело со Тони Блер.
Но часовничарот Мекшејн заврши зад решетки кон крајот на 2013 година, откако призна вина на суд за проневера на финансиски средства со поднесување на лажни сметководствени документи, поради што заработи 6 месечна затворска казна.
Се разбира, ако не ја признаеше вината, Мекшејн ќе заработеше многу поголема затворска казна, бидејќи конкретните докази против него беа неоспорливи.
Но убаво е да се гледа кармата на дело, во 2004 година Британците на нас ни` солеа памет, а во 2016 година на нив памет им солеше поранешниот адвокат со одземена адвокатска дозвола наречен Барак Хусеин Обама.
И исто како што и нашите предци го прифатија советот на британски измамник - јас бев малолетен и немав право на глас во 2004 година, поради што не чувствувам никаква одговорност за неуспехот на референдумот од ноември 2004 - така и Британците го прифатија советот на неуспешен и недокажан американски правник.
Ако не за ништо друго, барем ние Македонците ќе имаме некаква сатисфакција од ваквите игранки на кармата.
Имено, бидејќи веќе сме петок, 24 јуни 2016, веќе денеска треба да започне дебатата за основање на Европска Армија, па можеби уште денес Британците ќе почнат да го примаат цехот за изборот кој го направија.
И јас им посакувам убав живот во новиот мулти-културален калифат наречен ЕУ, кој се стреми кон тоа да мутира во СЕД (Соединети Европски Држави). Па што е можно поскоро нека им се придружи и Турција во мулти-културалниот калифат СЕД, па ќе одиме во Лондонистан на турска баклава.
А бидејќи Владимир Путин и Русите имаат 70 годишно искуство со еден експеримент многу сличен на ЕУ/СЕД, кој се викаше Советски Сојуз/СССР, ако воопшто некој во Русија заплака поради резултатите од овој референдум, тоа сигурно ќе биде исклучиво поради смеа или поради жалење на Британците, а не бидејќи Велика Британија нема да излезе од ЕУ.