Јас малку да исхејтам Рустикана, бургерите им се доста мали и за квалитет се ок (порано беа значително поголеми, а цените поефтини, ама ок нормално е ова секаде), ама повеќе ми прават мерак во Маџо 2 или Кантина бургерите на пример. Е сега Рустикана се и поефтини, па се компензираат работите. Тоа што сум забележал таму е хаотична услуга, еден пат утнаа нарачка нешто немаше состојка некоја во салатата, не се понудија да сменат или додадат, ама нема врска ај се дешава, ама вториот пат влагаш ти вели се е резервирано, наоѓаш празна маса покажуваш со прст, и тој се консултира со друг келнер и ти вика “таа слободна е да“, што малку нема логика, влакно фалело да не ти седнат луѓе во локалот и да си заминат, со тоа и прокоцкуваш шанса за потенцијален бакшиш и за луѓе што почесто би ти доаѓале.