Ресторани - генерална дискусија

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.318
Поени од реакции
270
Ми се свиѓа што почнаа некои местенца да прават добри сендвичи. Обично сендвич значеше некое старо лепче, посебна салама, кашкавал и остатоци од марула фрлена од зелен пазар. Кечап и мајонез опционално. И све тоа да го збуташ колку да не си гладен.

Фала богу се изучија дека постојат повеќе видови на лепчиња и го открија неговото височество сос/дресинг.

Одличен сендвич со мортадела јадев во Скопска Комуна.
Одличен пример за муабетов-Baeggel,бејгл лепчиња и многу врсти сендвичи,препорачувам 10/10!
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Одличен пример за муабетов-Baeggel,бејгл лепчиња и многу врсти сендвичи,препорачувам 10/10!
Едно вакво карши грчка амбасада имаше ама гледам затворено е. На тоа мислеше?

Иначе, Wabi Sabi, BrunchBox, Slatkogram, се вредни за пробување.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.318
Поени од реакции
270
Едно вакво карши грчка амбасада имаше ама гледам затворено е. На тоа мислеше?

Иначе, Wabi Sabi, BrunchBox, Slatkogram, се вредни за пробување.
Не не,бившо Mad Kitchen Bar,таа локација,дечкибе тераат некоја европска прича,бејгл сендвичи и јајца цел ден,еве линк од инста разглеј
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Не не,бившо Mad Kitchen Bar,таа локација,дечкибе тераат некоја европска прича,бејгл сендвичи и јајца цел ден,еве линк од инста разглеј
Не тераат европска прича туку најисплатливо и наједноставно. Освен кајганата да испржат друго нешто е и колбасот и тоа им е од готвење. За сендвичите ги имаш состојките и ставјај во лебче и мачкај. Вака звучам хејтерски и знам дека не е толку едноставно, но не сум љубител да плаќам 180 денари за сендвич со сувомеснати производи. :icon_lol:
Кога сме кај такви сендвичи пред корона кризата Челик ми беа на прво место.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.318
Поени од реакции
270
Не тераат европска прича туку најисплатливо и наједноставно. Освен кајганата да испржат друго нешто е и колбасот и тоа им е од готвење. За сендвичите ги имаш состојките и ставјај во лебче и мачкај. Вака звучам хејтерски и знам дека не е толку едноставно, но не сум љубител да плаќам 180 денари за сендвич со сувомеснати производи. :icon_lol:
Кога сме кај такви сендвичи пред корона кризата Челик ми беа на прво место.
Класичен Македонец на интернет
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.514
Не не,бившо Mad Kitchen Bar,таа локација,дечкибе тераат некоја европска прича,бејгл сендвичи и јајца цел ден,еве линк од инста разглеј
Не знаев дека ние претходно не сме знаеле да направиме леб, па европска е приказната да се припреми вакво нешто :D

Види мајката, леб со пржени јајца, глупо пресечен кашкавал и два реда сувомеснато било европска работа :toe:

1644425018561.png
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.514
Гурме, Тоскана.
Во Форца не сум јадел бифтек, знаат да го припремат, или?
И ми излезе дека нудат black angus, ова им е маркетинг трик, или вистина шиткаат ангус?
1645212373971.png
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.857
Во Форца не сум јадел бифтек, знаат да го припремат, или?
И ми излезе дека нудат black angus, ова им е маркетинг трик, или вистина шиткаат ангус?
Прегледај го приврзокот 322524
Сум јадел бифтек во Форца и ми се свиѓаше (не овие, порано беше тоа и друг им беше куварот).

Ќе пробам обавезно нешто од ова.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.988
Јас сакам пиците во Маџо 2.0 да ги пофалам, огромна разлика со маалскиве пицерии. На повеќето места во Скопје се наоѓа претежно fast-food просечна пица со ист вкус како секаде ист човек да ја прави.
 
D

dobramuzika

Гостин
да пофалам едно место, прават секаков вид на паста со еден куп разни сосови, буквално цела табла имаш и ти треба сигурно десет минути додека ги прочиташ сите/да се одлучиш за комбинација, само заборавив како се вика, случајно го открив кога седев во пивотека дека се наоѓа наспроти неа и ми го препорача газдата на пивотека. :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.857
Мојот love/hate рилејшншип со Forza продолжува.

Вработиле еден тон нови келнери. Некој би рекол дека ги мењаат толку често затоа што малку ги плаќаат и не остануе никој подолго време.

Али коа плаќам толку, сакам све да ми е ОК. Неќам ја сам да си ја бришам масата, ја сам да стануем да барам мени, ја сам да станувам да си донесам оцет/масло, келнерот да заборави дека сум му рекол без лед, потоа да го чекам пола саат и сл.

Све тоа може, али у кафана, кај што пијалокот не ме кошта 300 него 50.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Работат кафани,ресторани и сендвичари денес?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
У Форца ми е толку хаотично со копиљаци ко у Angry Birds да сум, на раат кафе немам испиено без да рика некој, не па бифтек да седнам да јадам таму ко човек на танане.

Неспоив ми е концептот кој го фураат со хранава од една страна и од друга страна во реалност е игротека + збиралиште на деца од училиштето од карши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom