До vone: претпоставувам дека Вашата замерка кон моето користење на комјутерот се однесува на моето незнаење да користам цитат. Точно, незнам, нов сум на форумов и не ги познавам сите можности на порталов. Патем кажано, првиот комјутер го набавив далечната ’86 година така да комјутерите ми се доста позната категорија.
Понатаму:
Точно е дека новите генерации ги надополуваат знаењата од претходните, но токму тука е проблемот: во тоа различно “знаење“ лежи т.н. јаз меѓу генерациите, кој е мноооогу практичен и речиси нерешлив проблем. Од друга страна, ниедна наука, колку и да е богата со знаење, не ни дава никаква КОНЕЧНА вистина, што значи дека науките се полни со полу или делумни вистини. Да не зборувам за падовите од цели теории кои извесен период важеле за „вистни„. Од раниот 20-ти век веќе е јасно дека науките поседуваат РЕЛАТИВНИ вистини, додека АПСОЛУТНИТЕ, а воедно и КОНЕЧНИТЕ вистни се во Црквата.