Религија (мајка на незнаењето, илузии и митови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Kokomal
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе е од јасно колку траат и какви се човековите т.н. знаења; секоја генерација има СВОИ знаења и за секоја генерација оние другите незнаат ништо.

Новите генерации го надополнуваат и ги исправаат грешките во знаењето на предходниците. Никој не тврди дека сме совршени и се знаеме, тоа е процес кој трае.
Гледам како добро ги користиш придобивките од знаењето во користењето на компјутерот
 
До vone: претпоставувам дека Вашата замерка кон моето користење на комјутерот се однесува на моето незнаење да користам цитат. Точно, незнам, нов сум на форумов и не ги познавам сите можности на порталов. Патем кажано, првиот комјутер го набавив далечната ’86 година така да комјутерите ми се доста позната категорија.
Понатаму:
Точно е дека новите генерации ги надополуваат знаењата од претходните, но токму тука е проблемот: во тоа различно “знаење“ лежи т.н. јаз меѓу генерациите, кој е мноооогу практичен и речиси нерешлив проблем. Од друга страна, ниедна наука, колку и да е богата со знаење, не ни дава никаква КОНЕЧНА вистина, што значи дека науките се полни со полу или делумни вистини. Да не зборувам за падовите од цели теории кои извесен период важеле за „вистни„. Од раниот 20-ти век веќе е јасно дека науките поседуваат РЕЛАТИВНИ вистини, додека АПСОЛУТНИТЕ, а воедно и КОНЕЧНИТЕ вистни се во Црквата.
 
Не се однесуваше на користењето на можностите на форумот, туку на користењето на придобивките од знаењето.
А за апсолутните и конечни вистини на црквата...ај да не се смејам.
Нема конечни и апсолутни вистини и знаења се е подложно на ревизија, проверка, надградба и отврлање.
 
Подложни на ревизија, надградба и отфрлање се само научните знаења. Сите науки имаат три основни особини:континуитет, кумулативност и автокорективност. Од таму и доаѓа нивната неспособност да докажат ниедна конечна вистина. Плус тоа, генералниот научен приод кон темата која ја обработуваат е ПОГРЕШЕН: научниците се обидуваат да дојдат до НИВНАТА вистина преку составување парцијални знаења во еден НЕПОТПОЛН мозаик, т.е. преку ДЕЛОТ сакаат даја осознаат ВИСТИНАТА, што е сосема погрешно. За разлика од современите науки, античките грчки философи и математичари поаѓаат од ЦЕЛИНАТА па неа ја анализираан на нејзините составни делови. Занчи, разликата и научниот приодот кон работата е МЕТОДОЛОШКИ промашен и неможе да даде ЦЕЛОВИТА вистина, туку само ДЕЛУМНА.
За оние кои веруваат во Божјата ВИСТИНА, нема дискусија дека вистината е во Црквата. Христос вели: “..Јас Сум вистината, патот и животот...“.
 
Здраво еве сум и јас во дискусијава.

Што би значело дека сите останати кои се портпираме на "обичната"
наука сме подложни на сите нејзини негативности, а за да бидеме цели мора слепо да ја прифатиме црквата т.е таа иста црква која го краде народот а нема ништо заедничко со вистинското учење на Исус.
 
Прашање на време е само кога мозаикот ќе биде завршен. Делче по делче се ќе си дојде на своето место. Само стрпливост!
 
Добар ден и до Apokalipto.
Вака сеа: Христос ја создаде Црквата ( на денот кој го именуваме како ДУХОВДЕН или Педесетница). Христос им го пренесе своето знаење на Апостолите, а овие пак на првите Епископи а последниве го пренесоа тоа знаење на наредните генерации свештеници. Значи, таму каде е Христос, таму е и апсолутната вистина. Христос е глава на Црквата а таа (Црквата ) е тело Христово. Според тоа, Црквата го пренесува она знаење кое го има добиено лично од Христа. Дали некој ќе го прифати или одбое тоа знаење, тоа е работна на личен избор. Занењето кое го чува Црквата е неппроменливо.,т.е. не трпи погрешни толкувања, скратувања и дополувања. Тоа е знаење од духовно-етичка природа а не од физичко-материјална. За материјални вистини ќе се обратите кај науките; тие ионака не го проучуваат Бога.
 
До vone: мозаикот нема да биде склопен, затоа што МЕТОДАТА која се користи за негово склопување е погрешна. Да не зборувам за тоа како науките веќе навлегуваат во области кои е најблаго речено опасни по живот; сатанизам, генетски ижинеринг, медиумско „перење“ мозоци, кибернетско управување со поедницни и колективи, промашени и утописки летови кон Марс, еколошки катастрофи, исчезнување на десетици животински видови поради “напредокот“ на човештвото и тн...и тн...
 
А плус тоа, немам трпение да го дочекам склопувањето на мозаикот. Којзнае каков ли ќе биде кога ќе се склопи?
 
Зборувам за оваа црква, црква која ако беше тело Исусово немаше да ги става на клада чедата Божји, црква која ако беше или на некаков најмизерен начин го репрезентираше светото тело Исусово немаше да дозволи нејзините претставници да слиуваат или сексуално да општат со мали момчиња, со монахињи или уште полошо и крајно гнасно монах со монах.
 
Добар ден и до Apokalipto.
Вака сеа: Христос ја создаде Црквата ( на денот кој го именуваме како ДУХОВДЕН или Педесетница). Христос им го пренесе своето знаење на Апостолите, а овие пак на првите Епископи а последниве го пренесоа тоа знаење на наредните генерации свештеници. Значи, таму каде е Христос, таму е и апсолутната вистина. Христос е глава на Црквата а таа (Црквата ) е тело Христово. Според тоа, Црквата го пренесува она знаење кое го има добиено лично од Христа. Дали некој ќе го прифати или одбое тоа знаење, тоа е работна на личен избор. Занењето кое го чува Црквата е неппроменливо.,т.е. не трпи погрешни толкувања, скратувања и дополувања. Тоа е знаење од духовно-етичка природа а не од физичко-материјална. За материјални вистини ќе се обратите кај науките; тие ионака не го проучуваат Бога.

U pravo si deka naukata ne moze da go objasni duhovnoto. Ja toa go propovedam odamna. Dvete disciplini se kosat - nauka i religija. Ali zosto da se ogranicuvame samo na hristijanstvoto? Zosto da ne se proucuvaat SITE svetski religii? Po moe mislenje niedna religija go nema vistinskiot odgovor i za da se ispolnime povise spiritualno, bi trebalo da istrazime se sto ni e vozmozno. Zatoa sto, na kraju kraeva, sekoja religija tvrdi deka e vistinskiot pat i sekoja religija imala vlijanie od prethodni religii, taka da - za da razbereme podobro treba da pocneme da si gi istrazuvame korenite na nasite veruvanja i da gi proucime svetskite mitovi i religii. Toa e duhovno bogastvo na celoto covestvo.
 
Христос ја создаде Црквата

Не ми јасно кој ги создаде светилиштата на другите религии, многу пред Христос (храмовите во Индија, Кина, на Маите, на Инките....) светот не почнал со Исус ниту ќе заврши со него. А во време од пред 2000 години информацијата и за еден најобичен настан од населено место до друго населено место се пренесувала по систем расипан телефон односно ќе попримела и форма на легенда.
 
Науката и (христијанската) религија НЕ СЕ КОСАТ, тоа е проверено и докажано.
Дека религиите се наметнуваат како единствено вистинити, за тоа веќе имам пишувано. Која од нив е вистинита, подложно е на проверка, согласно Христовите зборови: “...по плодовите ќе ги препознаете...“. Која религија раѓа лага, значи-лажна е! И спротивно на тоа: која религија создава ДОБРО-вистинската е! Дека религиите се богатство на целото човештво-не се согласувам. Севишниот ДОПУШТА посотоење и на други религии па повелете споредувајте ги!. “...испитувајте ги духовите..“-вели Апостолот Павле.
 
До vone: предхристијанските храмови се создадени од народи кои се нарекуаат незнабошци, пагани и идолопоклоници. Тие народи ги создадоа СВОИТЕ богови, едноставно, ги измислија и им ги дадоа особините.
Христијанскиот Бог не го измислија христијанските верници, туку Он САМ им се објави; Светото Писмо е полно со случаите каде ВИСТНСКИОТ Бог им се јавува на поединци ( а преку нив и на народи) кои не заборавиле КОЈ е вистинскиот Бог. Пред некој ден, го дочекавме празникот “Богојавление„. Тоа е денот кога Бог им се јави на евреите во три лица:Бог Отец, Кој вели од небото:“ова е Мојот возљубем Син, Кој е по Мојата волја“; Бог Син, .т.е. Христос и Бог Свет Дух, кој како гулаб слегува на рамењата Христови и Кој посочува КОЈ е Месијата.
 
Науката и (христијанската) религија НЕ СЕ КОСАТ, тоа е проверено и докажано.
Дека религиите се наметнуваат како единствено вистинити, за тоа веќе имам пишувано. Која од нив е вистинита, подложно е на проверка, согласно Христовите зборови: “...по плодовите ќе ги препознаете...“. Која религија раѓа лага, значи-лажна е! И спротивно на тоа: која религија создава ДОБРО-вистинската е! Дека религиите се богатство на целото човештво-не се согласувам. Севишниот ДОПУШТА посотоење и на други религии па повелете споредувајте ги!. “...испитувајте ги духовите..“-вели Апостолот Павле.
Почни на припадниците на тие религии да им објаснуваш дека во се што веруваат е лага па да видиме како ќе пројдеш.
Нуту тебе некој те тера да не веруваш во тоа што веруваш, ниту ти пак имаш право да се поставуваш дека си единствениот исправен(точен)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom