Религија (мајка на незнаењето, илузии и митови)

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Здраво на сите,

Јас сум атеист и во последно време ги проучувам делата на проминентни aтеисти и научници, па затоа ја отварам темава, за малце да позборуваме за науката и рационалноста во споредба со религијата и верата.
( Доколку оваа тема ве навредува, би ве замолил да не читате понатаму. Јас не мислам дека сум попаметен од било кого, ова се само мои лични мислења, ставови кои призлегле од проучување на делата на многу генијални умови како Richard Dawkins, Daniel Dennett, Carl Sagan, Stephen Hawking, Christopher Hitchens и многу други ).

Иако гледам дека има многу религиозни буквалисти во светот кои сакаат да створат илузија дека науката и религијата се компатибилни, веднаш да кажам дека најпроминентните научници воопшто не се сложуваат со таквите мислења. Добро знаеме како сме настанати, како е настанат универзумот и материјата и во настанокот на сето тоа апсолутно нема никаков доказ за некое "Господово" мешање.
Доказ за тоа е следново видео во кое професор Доукинс ( Инаку назначен од Оксфорд да ја преставува науката пред јавноста, автор на многу книги, научни работи и добитник на проминентни награди ) говори за некомпатибилноста на верата и науката:


Исто и Стивен Вајнберг, добитник на нобелова награда за физика:

Еве и прост пример зошто науката и религијата не се компатибилни: Во христијанството на пример никој не дебатира дали Исус постоел или не, дали господ го направил се ова околу нас за 7 или за 32 дена. Има предефинирани "вистини" кои се свети и недоприливи. Во науката Биг Бенг теоријата може да се дополнува и да се оспорува без никој да ви опне Анатема или пак да мисли дека заради тоа ќе горите во пеколот. Во науката нема пре-дефинирани вистини за кои нема докази или пак воздигнување на списи напишани во бронзено доба кога малку се знаело за се, кога на човекот му требало севкупно објаснување, односно омнипотентно битие - бог.

Денес во 2007-ма година, на прагот на квантните теории, ДНКА секвенцирање со кои може да се одреди со кое растение сте сродни а не дали сме настанати од ист предок со Шимпанзите, човекот сеуште се држи за митовите напишани пред 2000 години и упорно се залажува самиот себеси дека таму негде има чичко на небото кој пази над него, се меша во неговиот живот и чека да го награди после смртта.

Еволуција:
Религиозните буквалисти сеуште шират лаги дека постојат некои Missing links во еволуцијата, дека тоа е само теорија и дека нема докази за неа. Во научниот свет, нема апсолутно никаква дилема дали Еволуцијата е точна или не. Има полемика за механизмите на Природната селекција, а не за точноста на целата теорија. Доказ за тоа е следното видео во кои најпроминентните биолози говорат за сето ова и како религијата ги користи старите тактики на перење на мозок:

Филозовски осврт кон постанокот и неможноста за постоење на омнипотентно битие како Бог:

Бог е неможен и во филозовска смисла, бидејки ако одговорот на постанокот на се околу нас е Бог, тогаш следи прашање кој го создал бог? Ако бог е семоќен тогаш дали може да создаде толку тешка концентрирана маса што ни тој самиот не може да ја подигне или помрдне? Ако е семоќен дали може да создаде уште еден како него да се занимава со нас на земјава, а тој самиот да си трча низ рајот, да игра шах со Ајнштајн и да пуши трава со Хендрикс. Доколку не ви си битни одговорите на овие прашања тогаш не ни треба да го читате текстов воопшто.

Глобална реалност против нашите желби, традиција и недостаток на информираност:
Знам дека животот е тежок и дека многу од нас сакаат да има нешто надмоќно надвор од нашето разбирање, некој бог кој не разбира, не наградува и не води низ животот. Но, едно е нашата желба а друго е реалноста, доказите и фактите. Вие може да верувате дека Средната Земја од Толкиновата фантазија е вистинско место колку силно сакате, дури и да најдете уште милион луге кои уште посилно ќе веруваат во сето тоа. Верувањето нема да го направи сето тоа реалност. Реалноста се дефинира со лупа, лабараторија, критичко мислење без предрасуди, конфронтација на идеите и докази најдени во природата и универзумот.

Доказите од телескопите против религиските убедувања:

Следиме креирање на планетарни системи слични на нашите и знаеме со сигурност како е настанат и нашиот. Кога можеме да посведочиме креирање на еден нов систем, зошто да веруваме дека нашиот го создал некој си бог? Дали има логика во тоа?

Дали навистина верувате дека од 40 Милијарди галаксии, каде веројатноста е да има уште милион интелегентни суштества со кои еден ден ке се сретнеме, само нас , баш во оваа галаксија не создал бог а целиот тој непоимлив "празен" простор е намерно оставен така за зафрканција? Мислам дека е време да гледаме на универзумот како нешто огромно и прекрасно и да излеземе од нералното инаетење од типот:
Е нас не создаде господ баш тука и не ми е гајле за останатите 39, 999 999 милијарди галаксии со уште непоимлив број на планетарни системи слични или тотално различни од млечниот пат...

Да го завршам постов со зборовите на Карл Саган:
Не сакам да верувам, сакам да знам...
Mozebi malce docna sum dosol na ovoj forum ama nema veze. Jas imam 15 godini I od 2014 jas si kazav deka ne postoi Gospod. Pricinata e bidejki nema nikakvi dokazi za sto moze da se dokaze negovoto postoenje I evolucijata ja zamenuva idejata za pereje pametno narecena Gospod. Dokazano e deka price odredeni okolnosti I situacii moze da se sozdade zivot od nezivot. I od tamu evolucijata si zima efekt I posle millioni godini eve sme. Nie imame samo eden zivot Iako e mnogu strasno sto Se slucuva posle smrt podobro da bidam vo dopir so realnost od kolku son.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom