ЛООООЛ Не тврдеше науката дека земјата е центар на универзумот туку христијанството, затоа и за малку ќе го спалеа Коперник!
Римокатоличката црква и христијанството се две различни нешта. Библијата никаде не вели дека Сонцето врти околу Земјата.
Геоцентричниот модел на вселената (каде што Сонцето врти околу Земјата) е стар модел (постар од христијанството) и му се припишува на Птоломеј, но се верувал од повеќе научници пред и после него. Впрочем речиси сите научници пред Коперник го верувале тоа.
И не тврдеше науката дека атомот е неделив, туку грчките филозофи
И науката тврдеше и науката. Се додека не го распарчија атомот, сите научници веруваа дека тој е неделив.
и не тврдела науката никогаш дека времето е апсолутно!
Сите научници пред Ајштајно веруваа дека времето е апсолутно т.е. дека тече со еднаква брзина во сите инерцијални системи. Не терај инает непотребно.
А што се однесува до изотропноста на просторот, науката пред Ајнштајн веруваше дека две паралелни прави се сечат во бесконечност и тоа се сметаше за аксиома. Ајштајн докажа дека тие можат да се пресечат и на едно метро, ако меѓу нив постои црна дупка
И не се проценува старост на стврднатата лава туку на минерал познат како зиркон, кој прецизно ја одредува староста на карпите од кој може да се најде!
Радиоактивни методи кои што геолозите најчесто ги користат за определување на старост на карпите се: Ураниум-Олово, Калиум-Аргон и Рибидиум-Стронциум (а поретко и Самаријум-Неодимијум, Лутецијум-Хафнијум и Ренијум-Осмијум). Сеедно која метода се користи, проблемите со веродостојностите на методите се однесуваат на сите. Една иста метода користена на една иста карпа дава различни резултати. Геолозите штом ќе земат одреден примерок од карпата, тие воопшто не го ни тестираат, туку веднаш до него ја запишуваат и претпоставената старот прочината од соодветни таблици. Доколку некогаш мерат и ако резултатот испадне поинаков од она што тие очекуваат, тогаш тој примерок го прогласуваат за "оштетен". Ако пак се совпадне со нивната очекувана старост, тогаш го прогласуваат за "добар примерок". Тоа е жива пародија од наука. Познавам научник, дипломиран геолог (отсек палеонтологија) кој од прва рака ми кажа како постапуваат геолозите во нивните истражување.
Еве ти еден линк каде што можеш да прочиташ нешто повеќе за радиоактивните методи:
http://www.cps.org.rs/Cks2/cks2.html
--- надополнето ---
1. Доплеровиот ефект бил само претпоставка?! Ај те молам просветлиме и кажи ми една единствена претпоставка која ќе се совпаѓа со нешто друго, и ќе го објасни поместувањето во инфрацрвениот спектар на галаксиите кој се оддалечуваат! Кој се тие "останати" причини?
Точно така, Доплеровиот ефект е претпоставка, а ќе биде вистина кога некој ќе отиде до галаксијата и на лице место ќе ја измери нејзината брзина на оддалечување. Се до тогаш тоа ќе биде претпоставка, една од причините.
Пред извесно време луѓето не ја знаеле причината за земјотресите, па претпоставуваа дека китовите (што ја носат Земјата на грбот) ждригаат и затоа Земјата се тресе
Тоа што денес ние познаваме само една причина за инфрацрвеното поместување на светлината, тоа не значи дека тоа е единствена причина. Пред 1 век не сме ја знаеле ни таа причина. А по 1 век можеби ќе знаеме уште 3 други причини за истата последица.
Сепак, како што кажав, дури и навистина галаксиите сега да се оддалечуваат една од друга, тоа не ни дава за право да тврдиме дека тие во минатото биле собрани во една точка. Како што кажав, можно е Бог да ги создал на одредена близина едни од други и потоа направил тие да се одалечуваат со одредена брзина за да ги надвладеат гравитационите сили меѓу нив, за да не се сплескаат една со друга.
„Ако брзината на ширење една секунда по Големата експлозија би била помала за само сто илјади милиони милионити дел, Универзумот би колапсирал пред да ја достигне денешната големина.
(
Стивен Хокинг, Кратка историја на времето, 8мо поглавје, стр. 134)
Според еден друг научник (Ловел), ако брзината на експанзијата би била поголема за еден милион милионити дел, досега целата материја во универзумот би била распрсната.
Очигледно, ако претпоставиме дека Универзумот се шири, Некој неверојатно прецизно ја наштимал брзината неговото ширење