Која е вистинската вера/религија?

Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
кое Христијанство?
Она од Библијата, да не речам новозаветното христијанство. Памтиш? Она што Исус го проповедаше? Петар, Павле, Јован и останатите апостоли што го ширеа во први век? Ring a bell?

А ти кога и како го свати тоа??

Тогаш зошто албанците по дифолт се муслимани, а македонците христијани? (со ретки исклучоци)
Сфатив кога ги видов тие ретки исклучоци.

Луѓе, не треба да се меша искрена вера со националност или со верска позадина. Ако си македонец, не значи дека си православен, ако си албанец не значи дека си муслиман, ако си од латинска америка не значи дека си католик...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Она од Библијата, да не речам новозаветното христијанство. Памтиш? Она што Исус го проповедаше? Петар, Павле, Јован и останатите апостоли што го ширеа во први век? Ring a bell?
Она од Библијата велиш? па кое Христијанство не се базира на Библијата .. со разлики во толкувањето ..
де дефинирај според општо прифатените поделби на Христијанството во светов ..
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Aбе кога ќе сфатите дека верата не е наследна? Прашањето дали човек ќе верува или не, и во кого ќе верува не треба да се сведуваат на тоа: роден сум во такво семејство, па затоа јас сум...,одговара на тоа што до сега си го верував или еденоставно ми се допаѓа.

Само религијата која може да го издржи товарот на фактите, не е спротивна со науката, онаа која е способна да даде јасни одговори на клучните прашања од типот: зошто да верувам, каде после смртта, кој сум јас, зашто сум тука, каде одам и сл е вистинската. Христијанството е таа религија.
Не постои таква религија
 
?

..........

Гостин
Сфатив кога ги видов тие ретки исклучоци.

Луѓе, не треба да се меша искрена вера со националност или со верска позадина. Ако си македонец, не значи дека си православен, ако си албанец не значи дека си муслиман, ако си од латинска америка не значи дека си католик...
Незначи се согласувам и јас, ама исто и незначи дека нема врска, конташ, 90 проценти од верниците верата ја земаат наследно тоа е факт кој го негираш:toe:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Aбе кога ќе сфатите дека верата не е наследна? Прашањето дали човек ќе верува или не, и во кого ќе верува не треба да се сведуваат на тоа: роден сум во такво семејство, па затоа јас сум...,одговара на тоа што до сега си го верував или еденоставно ми се допаѓа.

Само религијата која може да го издржи товарот на фактите, не е спротивна со науката, онаа која е способна да даде јасни одговори на клучните прашања од типот: зошто да верувам, каде после смртта, кој сум јас, зашто сум тука, каде одам и сл е вистинската. Христијанството е таа религија.
Гледам дека видеата не се добредојдени па морам да тепам прсти ама ајде! Христијанството било таа религија која имала јасни одговори зошто да верувам, каде после смртта, зошто сум тука.....?!? Да небеше сериозен форум ќе го сватев ова како шега! Христијанството тврди дека бог ја создава првин земјата за три дена, а ѕвездите за еден ден! Прво земјата е создадена 10 билиони години после ѕвездите, а во универзумот има стотици милијарди галаксии од која секоја посебно има стотици милијарди ѕвезди! Според која наука е тоа докажано дека се формирани за еден ден?
 
Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
Гледам дека видеата не се добредојдени па морам да тепам прсти ама ајде! Христијанството било таа религија која имала јасни одговори зошто да верувам, каде после смртта, зошто сум тука.....?!? Да небеше сериозен форум ќе го сватев ова како шега! Христијанството тврди дека бог ја создава првин земјата за три дена, а ѕвездите за еден ден! Прво земјата е создадена 10 билиони години после ѕвездите, а во универзумот има стотици милијарди галаксии од која секоја посебно има стотици милијарди ѕвезди! Според која наука е тоа докажано дека се формирани за еден ден?
Се дури не се докаже, емпириски, со експерименти декa "Прво земјата е создадена 10 билиони години после ѕвездите, а во универзумот има стотици милијарди галаксии од која секоја посебно има стотици милијарди ѕвезди!", библискиот извештај е поверодостоен.

Никој не видел како се е создадено освен Бог. А тоа што некои научници во бели мантили изиграваат бог и вадат недокажани теории (запамти тоа се теории, а не веќе проверени факти и изведени експерименти ) е друга работа.

Друга работа: во христијанството барем имаш семоќен Бог за да создава, имаш Интелект, Дизајнер и енергија. А квази-научниците (закоравени атеисти) имаат само непроверени равенки и теории за самопостоечка материја (иако овие два збора се исклучуваат меѓусебно, сепак ќе ги ставам еден до др). Останатите научници или не заземаат страни или се креационисти.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Христијанството тврди дека бог ја создава првин земјата за три дена, а ѕвездите за еден ден! Прво земјата е создадена 10 билиони години после ѕвездите, а во универзумот има стотици милијарди галаксии од која секоја посебно има стотици милијарди ѕвезди! Според која наука е тоа докажано дека се формирани за еден ден?
Оној што ги создал најдобро знае за колку време ги создал и по кој редослед.
А според кои научни аргументи ти тврдиш дека прво ѕвездите се создатени, па потоа Земјата и според кои научни аргументи ти утврдуваш за колку време биле создадени? Ќе можеш ли да ни ги наведеш тие "научни аргументи"?
 
?

..........

Гостин
А тоа што некои научници во бели мантили изиграваат бог и вадат недокажани теории
Ех, помина времето кога таквите научници во икс боја мантили ги палеа на клада, туку дали компјутерот на кој сега ти комуницираш е дело на бог или дело на научници?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
90 проценти од верниците верата ја земаат наследно тоа е факт
Вистински и искрено убеден верник не се станува по наследство. Верата не се пренесува со гените. Оние луѓе кои што се православни само затоа што се македонци, тие воопшто не се православни, туку се атеисти кои што се нарекуваат православни. Постои посебен термин за нив: "номинални православни". Јас имам еден пријател кој тврди дека е православен верник. Еднаш го прашав: "Дали веруваш дека Исус воскреснал од мртвите?" Тој ми рече: "Не." Тогаш го прашав: "Епа како може да си православен, а не веруваш во оваа основна христијанска вистина?" Тој ми одговори: "Епа не сум албанец па да бидам муслиман!".
Заклучок: Тој е атеист кој се нарекува православен затоа што смета дека македонец = православен. Слично е и со муслиманите албанци, иако кај нив не е толку слеана верата со нацијата како што е тоа случај со номиналните православни верници.
 
Токму така, од тоа произлегува дека вистински верници земено во нашава држава има многу помалку одколку што изгледа, без разлика за која вера станува збор, така да останува фактот дека најголем дел од верниците верата ја земат наследно. :toe:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Се дури не се докаже, емпириски, со експерименти декa "Прво земјата е создадена 10 билиони години после ѕвездите, а во универзумот има стотици милијарди галаксии од која секоја посебно има стотици милијарди ѕвезди!", библискиот извештај е поверодостоен.

Никој не видел како се е создадено освен Бог. А тоа што некои научници во бели мантили изиграваат бог и вадат недокажани теории (запамти тоа се теории, а не веќе проверени факти и изведени експерименти ) е друга работа.

Друга работа: во христијанството барем имаш семоќен Бог за да создава, имаш Интелект, Дизајнер и енергија. А квази-научниците (закоравени атеисти) имаат само непроверени равенки и теории за самопостоечка материја (иако овие два збора се исклучуваат меѓусебно, сепак ќе ги ставам еден до др). Останатите научници или не заземаат страни или се креационисти.
Па кој вели дека не е емпириски докажано со експерименти? Па сето тоа е докажано, тоа што ти НЕСАКАШ да веруваш е сосема друга работа! Не се тоа никакви квази теории, туку докази во кој век ти живееш? Дури и ватикан во 2008 ја призна можноста за постоење на живот на други места во универзумот! ХЕЛОООУ!
 
Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
Она од Библијата велиш? па кое Христијанство не се базира на Библијата .. со разлики во толкувањето ..
де дефинирај според општо прифатените поделби на Христијанството во светов ..
Православното и католичкото на пример. Кај нив традицијата игра поголема улога од Библијата. Исус не рече ништо за традиција. Само ни ги остави Неговите зборови во Светото Писмо.
Зборувам за она Sola scriptura христијанство, базирано исклучиво врз темелот поставен од неговиот Основач.
Не постои таква религија
У што се кладиме дека има?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Оној што ги создал најдобро знае за колку време ги создал и по кој редослед.
А според кои научни аргументи ти тврдиш дека прво ѕвездите се создатени, па потоа Земјата и според кои научни аргументи ти утврдуваш за колку време биле создадени? Ќе можеш ли да ни ги наведеш тие "научни аргументи"?
Според аргументите кој ги одкрива Едвин Хабл во 1928, кога докажува дека универзумот константно се шири, и аналогно на позицијата во која се наоѓаат галаксиите во овој момент, брзината со која се оддалечуваат една од друга, пресметано е дека универзумот е стар околу 14 милијарди години! Што се однесува до земјата, нејзината старост е одредена преку одредени радиоактивни минерали кој се наоѓаат во карпите и со чија помош прецизно може да се утврди дека земјата е стара 4,5 милијарди години!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па кој вели дека не е емпириски докажано со експерименти? Па сето тоа е докажано,
Можеш да кажеш каде и кога е направен тој експеримент? Можеш да кажеш нешто околу тој експеримент, барем краток опис?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Православното и католичкото на пример. Кај нив традицијата игра поголема улога од Библијата. Исус не рече ништо за традиција. Само ни ги остави Неговите зборови во Светото Писмо.
Зборувам за она Sola scriptura христијанство, базирано исклучиво врз темелот поставен од неговиот Основач.
Sola scriptura (Latin ablative, "by scripture alone") is the doctrine that the Bible contains all knowledge necessary for salvation and holiness. Consequently, sola scriptura demands that only those doctrines are to be admitted or confessed that are found directly within or indirectly by using valid logical deduction or valid deductive reasoning from scripture. However, sola scriptura is not a denial of other authorities governing Christian life and devotion. Rather, it simply demands that all other authorities are subordinate to, and are to be corrected by, the written word of God. Sola scriptura was a foundational doctrinal principle of the Protestant Reformation held by the Reformers and is a formal principle of Protestantism today (see Five solas).
Ах ок .. значи Протестантизам за тебе била вистинската религија ... фала ..

Protestantism is one of the four major divisions within Christianity (or five, if Anglicanism is considered separately) together with the Eastern Orthodox Church, the Oriental Orthodox Churches, and the Roman Catholic Church. The term is most closely tied to those groups that separated from the Roman Catholic Church in the sixteenth-century Protestant Reformation.
Е сега гледам поделби и во Протестантизмот .. можеш да ми кажеш во која деноминација спаѓаш ти?

--- надополнето ---

Ипсимус Чорбаџи не ми летајте офтопик ..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom