...или. како што би рекол мојот омилен професор: „Од погрешни претпоставки, се извлекуваат погрешни заклучоци„.
Се‘ дур се повикуваш на „извори„ кои априроно не веруват во Бога (оти ако престанат да не веруваат, ќе мораат да почнат да веруваат, оти нема „трето„...
, а тоа воедно повлекува и потреба од признавање на својата заблуда, кое (признавање), неверните ќе мораат да го сторат пред се‘ пред себе, пред другите и конечно, пред Бога, што за нив (за неверните) би бил претежок потфат...), се‘ до тогаш ќе можеш да наоѓаш линкови, кои ѓоамити самите од себе нешто докажуваат, особено кога Бог Е во прашање.
Не си во право. Изворите на кои се повикувам
немаат мислење. Тоа не се луѓе па да ги излажеш или уплашиш за да веруваат во нешто.
Дел од тие студии се нарачани и платени токму од религиозни институции во надеж дека ќе добијат податоци со кои ќе можат да лажат уште повеќе. Резултатите
повторно се исти. Попојте се заебале. Сега ќутат и не ги рекламират податоците, пошто
не им одговараат.
Науката, Мики, не му поднесува сметка на никого, ниту работи во нечија корист. Во научните методи нема простор за субјективност. Во религијата постои простор
исклучиво за субјективност.
Околу признавањето на грешките:
Науката нема его. Науката не дава ветувања, ниту некому нешто му должи. Затоа, секогаш кога некој научник ќе идентификува некој пропуст или ќе направи некое ново откритие, науката, без срам и перде, ќе го промовира тоа откритие или јавно ќе ја соопшти пронајдената грешка за да се активира целата умствена машинерија во светот за да од таа грешка/откритие се извлече најмногу за благосостојбата на човештвото.
Целото човештво. И за задртите фундаменталисти кои плукаат по неа од една, а од друга страна бесрамно ги користат нејзините придобивки.
Ниту една религија,
никогаш, не смогнала сили да се
корегира дури и во најочигледните глупости кои ги сервира. Да не ти ги набројувам, нели.
--- надополнето: Dec 5, 2011 12:46 PM ---
Можеби изборот на зборовите е од други времиња. Ама енергијата која ја нарекуваат ки, чи е тука и квантната физика е запознаена со тоа. Има експерименти правени со ДНК земена од човек и кога го подложиле човекот на некакви влијанија тие мемории ги имала и честичката на ДНК што е одвоена од него и оние што се сеуште присутни. Експерименти се правени и покажано е исто така дека растенијата комуницираат. За водата си запознаен како реагира на емоции. Значи, нешто има. Може старите луѓе тоа го викале spirit, а денес науката ќе го преимени некако на друг начин. Тоа не е битно. Во прашање се само имиња, а не самата супстанца.
Твоето мислење држи вода ако се однесува на религиите како што се учени денес. Јас никаде во ниеден пост не кажав дека некој дедо со брада плеснал со рацете и оп - го створил светот и се што е присутно. Нити па дека некој навистина се претворил во зомби после 3 дена откако умрел. Мислам, ти се молам.
Затоа и велам, со овој мој поглед на нештата - науката и она спиритуално не се спротивни, туку се надополнуваат. Митологиите се тука за да играат улога на нашата психа. Ако буквално ги сфаќаме - што правиме со космологиите што кажуваат дека светот е направен откако божица/чудовиште била убиена и од нејзиното тело е створен светов (сумерска митологија)? Или па дека светов е створен со сонување (ведите)?
Бркаш поими на кило. Прво, поистоветуваш религиозност со спиритуалност. Тоа ти е
слично како да поистоветуваш ментални капацитети на мотика со оние на некој нобеловец.
Тоа што азијати сметаат за „чи“ современата наука
никогаш не го признала, ниту некое истражување успеало барем одблиску да го опише рационално.
На овој форум
нема да можеш да се провлечеш со глупости од типот
„енергијата која ја нарекуваат ки, чи е тука и квантната физика е запознаена со тоа.“ Кај се запознале? Кој ги запознал? Имаш ли некаков извор или си го чула ова на кафе помеѓу муабетот за масони и календарот на маите? Современата наука сите овие работи кои ги пишуваш (енергии, кристали, левитации)
ги порекнува ЈАСНО И ГЛАСНО. Миракулозно е, како сеуште постојат луѓе кои се наочиглед интелигентни, имаат 24/7 пристап до интернет, а
сеуште цитираат глупи тврдења како твоиве.
Ахем... ај да не те силувам вака јавно, ама
те молам да ми постираш нешто повеќе за:
Има експерименти правени со ДНК земена од човек и кога го подложиле човекот на некакви влијанија тие мемории ги имала и честичката на ДНК што е одвоена од него и оние што се сеуште присутни.
Каде се правени? Кој ги правел? Каде се податоците? Апаратурата со која се мерени
сеќавањата на човекот чија ДНК помнела нешто... (!?!?)
Гледам дека си се декларираш како
своерелигиозна, ама би те охрабрил да ја проучиш разликата помеѓу
спиритуалност и
религиозност. пошто лично сметам дека е срамота било кој интелигентен и начитан човек да ги меша овие два
сериозно различни концепти.