Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.657
- Поени од реакции
- 59.671
Чорбаџи, ако го правиш ова испод 1000 евра месечно срам да ти еНе постои змија што зборува, туку постоела змија што прозборувала под дејство на Сатаната.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Небитен цитат е тој ама онака ми падна во очи. Она што е побитно:
- Да извадиш листа во која е наведено христијанско потекло на научници и да тврдиш дека се христијани, треба да си стварно очаен или пак ги сметаш соговорниците на форум за ретарди. Јас чорбаџи сум од христијанско потекло и сум атеист. Сконтај го тоа некако.
- Втора работа, верглањето со ливчиња на кои има тројца научници христијани ваму и петмина таму, е многу краткорочна стратегија. Нема да издржи многу зошто и тие малку што ги има стануваат се помалку и помалку.
На темата:
- Религијата и науката дефинитивно се спротиставени. Не само што религијата е неменлива и не дозволува преиспитување; поважна работа е што сознанијата кои ги добивме благодарение на науката ја срушија библијата како кула од карти. И сега не им остана ништо друго на верниците освен да преминат на „ова е метафора“, „ова е шала“, да прифаќаат теорија на еволуција или да коваат теории на заговор од типот дека научниот свет просто и јасно - лаже! Во зависност кој од која секта иде.
Религијата се повеќе и повеќе ќе тоне во 21 век, но постои сценарио кое не заплашува сите, од типот на планетарна војна, вирус, еко-катастрофа и слично... која би го вратила човештвото во регрес. Тоа би ги вратило според мене и овие религиски стрип јунаци назад на сцената.