Религиите во 21-виот век

D

dystopian

Гостин
Прво, да го земам христијанството за пример. Факт е дека порано буквално верувале во приказните од библијата, верувале дека потопот од приказната за Ное навистина се случил, верувале дека Господ го создал човекот од кал а жената од неговото ребро и др...

Арно ама, како што напредуваше науката се покажа дека тие приказни не само што се невозможни туку и просто кажано, дебилни. Науката можеби го нема побиено Бог, ама има побиено еден куп религиски приказни. Освен што покрај тој напредок сеуште постојат креационисти и flat earth societies, се повеќе и повеќе верници се обидуваат да го помират христијанството со науката.

Дали?

За почеток би кажал, обиди за помирување преку своеволни толкувања на библијата одат во спротивност на христијанството се a one-way ticket to hell. Не постои апсолутно никаков показател дека приказните во библијата ТРЕБА да се сфатат како метафора. Исто така, се повеќе и повеќе верници ја прифаќаат еволуцијата како факт, ова повторно оди контра христијанството, зошто оди контра приказната за креација во библијата, која е наводно Господов збор, а сезнаен и семоќен бог не смее да греши!

Нешто слично се случува и со исламот. Муслиманите веруваа во рамна земја, со напредокот на науката се апдејтираа и почнаа да тврдат дека и во куранот пишувало дека земјата е сферична (неточно) уште пред науката да го открие тоа. Едно добри 1200 години по појавувањето на исламот кога прв пат се теоријата на големата експлозија, почнаа заедно со неа да се појавуваат тврдења дека тоа го пишувало во куранот (неточно) и ред други случаеви.

Не може да ја прифатиш еволуцијата како факт и да останеш вистински христијанин, тоа е контра учењата на твојата света книга. Не можеш да си правиш ментални гимнастики на умот и да тврдиш дека приказните во библијата се метафора зошто твојот здрав разум ти вели дека тие се невозможни. Не можеш да бидеш прав муслиман и да ја прифатиш репродуктивната наука на пример, кога куранот вели дека спермата се формира во грбот.

Значи прашањето ми е, дали е воопшто возможно "помирување"? Што мислите за тврдењето дека науката и религијата не се исклучуваат една со друга? Повелете...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Науката и религијата не се спротивни една на друга. Тензиите ги прават луѓе и нивните наметнати толкувања. Науката проучува ствари што се видливи и опипливи на петте сетила, додека религиите учат за она што не се перцепира со истите.
 
Не сум запознаен со сите религии, ептен многу ги има, затоа би сакал дискусијава да се врти околу оние Аврамовите. Вака, денешната наука побива еден куп религиски приказни. Сметам дека не може да се прифатат постулатите на модерната физика, астрономија или биологија и да се остане вистински верник. Јахве/Алах е семоќен и сезнаен, тој не смее да греши, прифаќање на денешната наука значи признавање дека твојот бог погрешил.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Науката и религијата не се спротивни една на друга. Тензиите ги прават луѓе и нивните наметнати толкувања. Науката проучува ствари што се видливи и опипливи на петте сетила, додека религиите учат за она што не се перцепира со истите.
Не се сложувам. Науката и религијата се спротивни една на друга.

Религијата тврди една апсолутна и неменлива вистина. Науката не.
Религијата тврди дека вон нашите сетила постои комплексен персонален креатор универзумот и на видовите на Земјата во формата во која што се сега. Науката тврди дека универзумот и сегашните форми се резултат на милијарди години усложнување.
Религијата тврди дека ги има сите одговори. Науката постојано наоѓа одговори.
Религијата - било која - може да се смести на една полица. Науката не можеш.

Понатаму, не е точно ниту дека науката не проучува невидливи и неопипливи нешта. Нуклеарна физика е еден пример. Применета психологија е друг. Економија, Математика, Супрамолекуларна хемија и слични. Голем дел од научните револуции денес се случуваат на ментално ниво. Токму затоа и голем дел од неупатените имаат проблем со прифаќањето на нивната веродостојност. Треба да ги прифатат со верба. Штета што науката ништо не ветува - ќе имаше многу повеќе номинални неверници.
 
S

Sattva

Гостин
Приказните од Библијата можеби не треба да се доживеат метафорично. Иако не се исклучува и таа варијанта.
Ако си гледал “Дијалектика“ (порано се емитуваше на А1), сигурно си се сретнал и со идејата дека таа “крие“ кодови, чии информации говорат за најголемите и најважните настани во историјата на човештвото (не можам само да се сетам на процедурата на декодирање, ќе пробам да побарам и видео), т.е. содржи непогрешливо коректни предвидувања поврзани со светот и текот на човештвото и неговата “еволуција“.
Сега прашањето е кој всушност ја напишал Библијата? Од каде доаѓаат тие “предвидувања“? кој е изворот? религијата или науката? двете сфери здружени една со друга, можеби?
Кога ќе го пронајдеме одговорот на овие прашања, со сигурност сме на добар пат да ја расплетеме целата мистерија.

Инаку разумот и верувањето можат да бидат сплотени во едно, но тешка би била таа изведба во услови на религиозност. Религијата наметнува морален лимит, Науката си дозволува поголема слобода на духот и акциите, иако би можела да се придржува и до извесна доза на дисциплинираност, таа сепак е резултат на нескротливата човечка љубопитна природа и желбата за прецизна материјална дефиниција на една појава или објект. Религијата не е заинтересирана за материјални докази.
...
(Ќе се доискажам.)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Науката можеби го нема побиено Бог.
Но исто така и Бог ја нема побиено науката, бидејки нема кој кого да побива т.е. бог не постои таков каков што религијата го презентира, и затоа нешто што не постои не може да реплицира односно да дискутира со некој кој има различни мислења.
Религијата е една мртва гранка во нашите животи, која служи како алатка за контрола на народот.
Во секој од нас постои божество, то сме си ние живите суштества. Не постои некој врховен дедо кој се гледа. Човекот искористува многу малку од внатрешната моќ која ја поседува. И таа моќ е наша си ја имаме одкако сме се родиле, не ни ја подарил никаков бог или нешто вонземјанско или непознато.
Толку од мене, од Господ повеќе. :)
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Факт е дека порано буквално верувале во приказните од библијата,
Има уште еден факт:
Факт е дека оние што не веруваат во ништо и пробуваат да ги направат будали оние кои веруваат, неможат да се искоренат, така било порано така е и сега.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Има уште еден факт:
Факт е дека оние што не веруваат во ништо и пробуваат да ги направат будали оние кои веруваат, неможат да се искоренат, така било порано така е и сега.
Ти сакаш да ги искорениш?

Имаше такви обиди за искоренувања во минатотот, еден куп. Убаво е ако се пронаоѓаш во нив...
 
D

dystopian

Гостин
Има уште еден факт:
Факт е дека оние што не веруваат во ништо и пробуваат да ги направат будали оние кои веруваат, неможат да се искоренат, така било порано така е и сега.
Каква врска има тоа со темата?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каква врска има тоа со темата?
Нема.
Но можеби има врска со Божјата заповед “Не убивај“ симпатичниот аватар со вкрстени автоматски пушки, веројатно FN-FAL, череп и шајкача.
Огромен фејспалм на небесата и плач на ангелите “за кого, о зошто Исусе страданијата на патот за Голгота“...:D
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Ти сакаш да ги искорениш?

Имаше такви обиди за искоренувања во минатотот, еден куп. Убаво е ако се пронаоѓаш во нив...
Не се пронаоѓам меѓу нив, не сум јас таков.
Каква врска има тоа со темата?
Па не ли е во склоп со темата .?
Нема.
Но можеби има врска со Божјата заповед “Не убивај“ симпатичниот аватар со вкрстени автоматски пушки, веројатно FN-FAL, череп и шајкача.
Огромен фејспалм на небесата и плач на ангелите “за кого, о зошто Исусе страданијата на патот за Голгота“...:D
Што да правам јас сум војник, знаеш како е, еднаш војник секогаш војник, јас сум војник во душа но и сум православен, ниеднаш не сум паднал во искушение во врска со верата.
Аватарот е за да бидам уникатен но незнаев дека на некој ќе му текне ова, ќе го сменам со нешто друго во иднина.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Не е. Прашањето е дали религијата и науката одат заедно, јас мислам не, ако не се согласуваш, пиши зошто и објасни... Тоа е темата.
Епа најверојатно сум го прескокнал ова, т.е да бидам искрен не се ни потрудив да го прочитам постот до крај.

Науката и Религијата не одат заедно, различни се како небо и земја, биологијата кажува едно, хемијата друго а науката сосема трето а кои сите заедно не се сложуваат со библијата.
 
Ете така. :D
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Науката и Религијата не одат заедно, различни се како небо и земја, биологијата кажува едно, хемијата друго а науката сосема трето а кои сите заедно не се сложуваат со библијата.
Ма све је тоа секта бре!! Ја би све тоа да се укине! Каква биологија, каква хемија! Само библија, ништо друго! Аздисана багра, со вишак слободно време. :mad:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom