D
dystopian
Гостин
Прво, да го земам христијанството за пример. Факт е дека порано буквално верувале во приказните од библијата, верувале дека потопот од приказната за Ное навистина се случил, верувале дека Господ го создал човекот од кал а жената од неговото ребро и др...
Арно ама, како што напредуваше науката се покажа дека тие приказни не само што се невозможни туку и просто кажано, дебилни. Науката можеби го нема побиено Бог, ама има побиено еден куп религиски приказни. Освен што покрај тој напредок сеуште постојат креационисти и flat earth societies, се повеќе и повеќе верници се обидуваат да го помират христијанството со науката.
Дали?
За почеток би кажал, обиди за помирување преку своеволни толкувања на библијата одат во спротивност на христијанството се a one-way ticket to hell. Не постои апсолутно никаков показател дека приказните во библијата ТРЕБА да се сфатат како метафора. Исто така, се повеќе и повеќе верници ја прифаќаат еволуцијата како факт, ова повторно оди контра христијанството, зошто оди контра приказната за креација во библијата, која е наводно Господов збор, а сезнаен и семоќен бог не смее да греши!
Нешто слично се случува и со исламот. Муслиманите веруваа во рамна земја, со напредокот на науката се апдејтираа и почнаа да тврдат дека и во куранот пишувало дека земјата е сферична (неточно) уште пред науката да го открие тоа. Едно добри 1200 години по појавувањето на исламот кога прв пат се теоријата на големата експлозија, почнаа заедно со неа да се појавуваат тврдења дека тоа го пишувало во куранот (неточно) и ред други случаеви.
Не може да ја прифатиш еволуцијата како факт и да останеш вистински христијанин, тоа е контра учењата на твојата света книга. Не можеш да си правиш ментални гимнастики на умот и да тврдиш дека приказните во библијата се метафора зошто твојот здрав разум ти вели дека тие се невозможни. Не можеш да бидеш прав муслиман и да ја прифатиш репродуктивната наука на пример, кога куранот вели дека спермата се формира во грбот.
Значи прашањето ми е, дали е воопшто возможно "помирување"? Што мислите за тврдењето дека науката и религијата не се исклучуваат една со друга? Повелете...