Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.862
Поени од реакции
23.660
Не ми се закача,подосадно од тастатура-борба нема. Муабетот беше дека упорно тврдиш дека скопјанки се разгалени додека правиш споредба црно-бело со провинцијалките дека сите биле домаќинки и лесно се кандисувале, што правиш огромна грешка. Можно е истото тоа да важи за одредени личности, али дека само во скопје се разгалени ,грешка си.
Релацијата е таа, сакал неќел. Ако живее во село, желба и е да живее во најблискиот град. Ако живее во град, сака во главен град, а ако е веќе во главен мета и се странците. Јасна логика,секој иди онаму кај што му е подобро.
Аха, тебе ти смета генерализацијата и црно-белото. Тоа е веќе друга тема. Не негирам дека генерализирам. На многу вакви форумски реплики токму тоа ми го нафрлаат, дека сум генерализирал, и сто пати сум се објаснил зошто. Да нападнеш некој со контрааргумент дека генерализира е полесниот начин да се извлечеш. И научна студија да ти извади некој каде што ќе ти докаже дека од репрезентативен примерок од 1000 жени, 850 се изјасниле дека сакаат маж со длабок џеб и на него можеш да му кажеш дека генерализира и дека има 150 исклучоци. Дали според тоа треба да ги дискредитираме општествените науки? Не. Викаат колку људи толко чуди. Дали тие што студираат психологија, учат 7 миљијарди психологии? Не. Он топик, не ги познаваш скопјанките. Дека немаат морал тоа не специфично само за нив. Морал немаат ни провинцијалките, општо жена и морал се антагонистички категории меѓусебе. Ама скопјанките бре усул немаат во препичавање и захтевност. Затоа им лепат етикети на провинциалките дека се ефтини дрољетини дури и онаа манекенката Јаначкович отвори фејсбук група Стоп за провинцијалките-сељанки кои им се натурале на мажите. Не дека се далеку од вистината ама во суштина им љубоморат затоа што провинцијалките знаат како да те извозат поштено (како што опишав претходно) а скопјанката и е испод част и суета. Скопјанка на пример така би возела Београџанец затоа што го перцепира како повисок стадиум на остварување, како што провинцијалката го смета скопјанецот. Тоа е таа кост/бенефит анализа, што губам што добивам како излегува математиката. Затоа жените на полиња љубов/секс се пута 100 попаметни од мажите. Затоа што на сето тоа гледаат рационално и бизнисменски како инвестиција а не пристрасно или емоционално за разлика од машко кое си ја лупа главата Трајанка ја сакам и тачка, па ти извади му и видео докази од Трајанка во хоум мејд порно оргија, пак џабе ти е.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Сигурна сум.
Реков не сите, туку некои 70% се такви. Парталки.
Чудно. Се поретко можеш да видиш скопјанка а да не е привлечна. Генарално, скромни, образовани, модерни, културни, позитивни, ама сеа за изгледот треба да зборуваме.
За разлика од провинцијалките кои од големата желба да остават впечаток, често изгледаат ефтино, девојките родени и пораснати во Скопје се почесто се облакаат во она што им е најудобно во моментот, прикладно, убаво, привлечно па дури тогаш кога се со широки маици и големи чанти како што ги опиша ти. Не сум моден критичар ниту многу пратам, ниту сум женско, ова го кажав како мене ми изгледаат, а да, ако земеш во предвид и дека нема многу квалитетен избор на гардероба у градов, а тоа што го има е изгор скупо, а пак скопјанките изгледаат убаво, е за почит.

а, и уше нешо, скопјанките не се палат на коли и пари ко шо беше спомнато, тоа го кажуваат ликови исклучиво од љубомора, машките зашто се и****и а женските зашто не се посакувани као они.

П.С. Немој некое дете да ми реплицира бесмислици, ќе го пријавам.:нинџ:
А и ова, многу ретко иам сретнато спонзоруша скопјанка, скоро и ги нема, а спонзоруши од другите градови во Скопје....колку сакаш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Искрено од цела Македонија највеќе ми е жал за Источна Македонија, а лугето од источна Македонија парите не требад а ги бараат од Скопје затоа што парите што ги добива Скопје се реални, проблемот е што се форисира Западна Македонија која е населена претежно со Албанци на сметка на Источна Македонија, Западна македонија не придеонесува со повеке од 7% во буџетот на Рм(заради неплакање даноци,немање инспекции владење на дивиот запад место на правото и други познати причини) а Западна Македонија зима над 20% од буџетот. Најголем добитник е Западна Македонија а најголем губитник е источна Македонија.Но овој факт треба политчарите и лугето што живеат таму да го актуализираат. Не гледаат што прават во Западна македонија а сите како слепци за стап се фатиле за Скопје, немам против никого што живее во Скопје а е дојден од друг град од Македонија. Но како што имам почит спрема лугето што жиеват во друг град кога идам некат на прошетка , барам и лугето да го почитуваат Скопје толку само барам, Инаку мислам дека треба да отвориме тема на форум Форсирањетот на развојот на Западна Македонија на сметка на Источна Македонија. Ако сакате уште сега можеме да ја птвориме таа тема.
Скопје придонесува со 40% во БДП, а во негов буџет одат 75% од БДП (53 % од основни инвестиции).Исто, нели?
Инаку, во Западна Македонија не живеат само Албанци и само неплаќачи на даноци, не ја носи темата во друг правец.
Лично прифаќам дел од моите средства да одат на развој на друг регион, ама не Скопје.Ете Источна Македонија е добар пример, моментално е со најслабо инфраструктура (патна и железничка), најмалку инвестиции во здравство и образование.
Ако веќе отвориме тема, нека е форсирањето на Скопје во однос на другите места во Македонија.
Во меѓувреме се сетив и дека веќе сум отворил слична тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Инвестиции-во-Скопје-немање-стратегија-закон-за-рамномерен-регионален-развој.56089/

И мој сличен пост од таа тема:
Создавани се такви услови уште од време на СХС и Југославија, Скопје бил на север поблиску до Белград железнички и патно поврзан.Изграден е после и аеородром во времето на Југославија. И нормално дека би гледал најповолни услови, нов аеродром, нови улици, обиколница за неговите тешки товарни возила итн.
Ама можни се даночни олеснувања за на пример еве инвестиција во Источна Македонија.

Види кој град бил исфорсиран по врзувањето со Југославија, а пред него Битола бил главен.И види дали процентите на прираст се нормални за една европска земја.
Интересно, зголемувањето на населението во Скопје е најмало од 1981-1994 и 1994-2002 ,во време кога Македонија се отцепи од Југославија (а во меѓувреме Југославија се мачеше со инфлации и кризи) и немаше успешна приватизација при што огромен дел од големите фабрики во Скопје (ФАС ,Годел, Алумина, Хемтекс, Скопска Млекарница, Цементарница Усје, Газела итн.) се затворија или паднаа во голема криза со минимален број работници.
Со нивното консолидирање (тие шо не пропаднаа целосно) и доаѓање на новиот бран фирми (на бизнисмените кои капиталот од овие гореспомнати фирми го пренесоа во нивните) одново е вратен големиот процент на природен прираст.Во тој ист период пак од 1994-2002 битола скокнала за едно 30 %.
Скопје Битола
1913 43.331
1919 51.758 19,4 %
1926 69.269 33,8 %
1931 68.334 -1,3 %
1935 70.716 3,5 %
1948 102.600 45,1 %
1953 139.200 35,7 %
1961 197.300 41,7 % 59.001
1971 312.300 58,3 % 65.035 10,23%
1981 408.100 30,7 % 78.507 20,71%
1991 ------------------- 84.002 6,99%
1994 448.200 9,8 % 74.464* -11,35%
2002 506.926 9,8 % 102.195 37,24%
2006 668.518 31,9 % х х
2011 > 850.000 27,15%<Процена>110-120.000 7,64-17,42%
Дури и самото Скопје е централизирано.Инвестиции за основни средства:

Македонија : 902 милиони евра

Скопје: (668.518 жители /2006 година) 475 милиони евра ( 53%)
- општина Аеродром (98.382 жители, 6788 трговски субјекти, 20 км2 територија) : 35 милиони евра
- општина Карпош (58.369 жители, 105 км2 ) : 67 милиони евра
- општина Центар (46.000 жители, 7,52 км 2) : 299 милиони евра
- општина Сарај (35.408 жители,229 км2) : 1.3 милиони евра
- општина Чаир (64.772 жители, 3,52 км2) : 5.4 милиони евра

30% од сите овие средства одат на општина со 2,19% од вкупното население и 0,03% од вкупната површина на Република Македонија!

Останатите 67,1 милиони се распределени на:
- општина Бутел (36.154 жители, 60.79 км2) :
- општина Гази Баба (72.222 жители, 92 км2) :
- општина Ѓорче Петров (41.634 жители, 66,93 км2) :
- општина Кисела Вода (58.216 жители, 46,26 км2) :
- општина Шуто Оризари (20.800 жители, 7,48 км2) :
ама податоците се непознати колку точно во која општина.

Големината на овие две општини и нивниот буџет спореди ја со тие подолу:
- Пробиштип (16.200 жители, 353 км2) : 63.000.000 евра?!
- Илинден (15.894 жители, 97 км2) : 31.900.000 евра

Битола (102.195 жители, 788 км2) : 56.300.000
Гевгелија (25.100 жители, 317 км2) : 38.800.000
Кавадарци (43.094 жители, 992 км2) : 35.300.000
Штип (53.980 жители, 583 км2) : 28.200.000
Куманово (105.484 жители, 409 км2) : 18.600.000
Струмица (56.207 жители, 322 км2) : 15.000.000
Прилеп (81.522 жители, 1194 км2) : 12.200.000
Гостивар (81.042 жители, 514 км2) : 6.700.000
Струга (61.070 жители, 483 км2): 5.800.000
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Скопје придонесува со 40% во БДП, а во негов буџет одат 75% од БДП (53 % од основни инвестиции).Исто, нели?
Инаку, во Западна Македонија не живеат само Албанци и само неплаќачи на даноци, не ја носи темата во друг правец.
Лично прифаќам дел од моите средства да одат на развој на друг регион, ама не Скопје.Ете Источна Македонија е добар пример, моментално е со најслабо инфраструктура (патна и железничка), најмалку инвестиции во здравство и образование.
Ако веќе отвориме тема, нека е форсирањето на Скопје во однос на другите места во Македонија.
Во меѓувреме се сетив и дека веќе сум отворил слична тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Инвестиции-во-Скопје-немање-стратегија-закон-за-рамномерен-регионален-развој.56089/

И мој сличен пост од таа тема:


Дури и самото Скопје е централизирано.Инвестиции за основни средства:

Македонија : 902 милиони евра

Скопје: (668.518 жители /2006 година) 475 милиони евра ( 53%)
- општина Аеродром (98.382 жители, 6788 трговски субјекти, 20 км2 територија) : 35 милиони евра
- општина Карпош (58.369 жители, 105 км2 ) : 67 милиони евра
- општина Центар (46.000 жители, 7,52 км 2) : 299 милиони евра
- општина Сарај (35.408 жители,229 км2) : 1.3 милиони евра
- општина Чаир (64.772 жители, 3,52 км2) : 5.4 милиони евра

Останатите 67,1 милиони се распределени на:
- општина Бутел (36.154 жители, 60.79 км2) :
- општина Гази Баба (72.222 жители, 92 км2) :
- општина Ѓорче Петров (41.634 жители, 66,93 км2) :
- општина Кисела Вода (58.216 жители, 46,26 км2) :
- општина Шуто Оризари (20.800 жители, 7,48 км2) :
ама податоците се непознати колку точно во која општина.

Големината на овие две општини и нивниот буџет спореди ја со тие подолу:
- Пробиштип (16.200 жители, 353 км2) : 63.000.000 евра?!
- Илинден (15.894 жители, 97 км2) : 31.900.000 евра

Битола (102.195 жители, 788 км2) : 56.300.000
Гевгелија (25.100 жители, 317 км2) : 38.800.000
Кавадарци (43.094 жители, 992 км2) : 35.300.000
Штип (53.980 жители, 583 км2) : 28.200.000
Куманово (105.484 жители, 409 км2) : 18.600.000
Струмица (56.207 жители, 322 км2) : 15.000.000
Прилеп (81.522 жители, 1194 км2) : 12.200.000
Гостивар (81.042 жители, 514 км2) : 6.700.000
Струга (61.070 жители, 483 км2): 5.800.000
А што ти е логиката дека Скопје треба економнски да пропага за Битола да има повеке жители. Според текстот и табелата што ја даде, И дај ми извор од кај ти е се податоците овие бројки ми изгледаат не реални како на пример центар 300 микиони евра односно дека имала буџет како 10% од централниот буџет глупости тешки , и сл дрѕги глупости трескање, плус како што можам да видам не живееш во Скопје а стана експерт за Скопје.Така да бројките што ги имаш објавено се нерелевтани.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
А што ти е логиката дека Скопје треба економнски да пропага за Битола да има повеке жители. Според текстот и табелата што ја даде, И дај ми извор од кај ти е се податоците овие бројки ми изгледаат не реални како на пример центар 300 микиони евра односно дека имала буџет како 10% од централниот буџет глупости тешки , и сл дрѕги глупости трескање, плус како што можам да видам не живееш во Скопје а стана експерт за Скопје.Така да бројките што ги имаш објавено се нерелевтани.
1.
Логиката е дека Скопје е доволно економски напреднат за уште толку да се форсирани средства во него, а особено непродуктивни расходи.

Логиката е дека дел од средствата е потребно да се пренасочат на регионите во Источна Македонија и други заборавени региони, и сам го спомна истото.

Логиката е дека дури е во план изградба на нов клинички центар во Скопје, во Охрид немаме никаква здравствена установа (130.000 луѓе одат на лекар во болницата во Струга, а трудниците се тепаа за слободен кревет!+ додај ги бројките од местата во регионот Дебар, Ресен, Кичево...).

Логиката е дека дури во моментов е во обнова Железничката Станица во Скопје, станиците во Прилеп и Велес, станици со најголем број патници во патничкиот железнички сообраќај се пред уривање.

Логиката е дека изградија обиколница околу Скопје за 3 години, која патем е слабо искористена особено од домашните патници, други патишта се во катастрофална ситуација, луѓето кршат возила на коцката Струмица - Радовиш и амортизери на секое камионските транспортери низ Македонија.Сакаме некаков си туризам, а патот Охрид - Свети Наум е катастрофа (33 км. пат со план за градба 5 години и пробиен рок веќе одамна!),Гостивар - Маврово / Тетово - Шапка исто така, патиштата во Источна Македонија сите субстандардни...

2.
И јас викам дека се тешки глупости 300 милиони евра за Општина Центар, само сети се на еден проект Скопје 2014.Барем да беа за инфраструктура.Тие 300 милиони евра се 100 - 150 км автопат.

3.
За бројките, еве ти буџет Општина Аеродром, по логика барај си и за други мака ми е сега пак да ги барам
http://www.aerodrom.gov.mk/tl_files/planovi proekti/budzet/2012/budzet 2012.pdf
имаш и од Државен Завод за Статистика податоци.
 
F

fantomX

Гостин
Битола (102.195 жители, 788 км2) : 56.300.000
Гевгелија (25.100 жители, 317 км2) : 38.800.000
Кавадарци (43.094 жители, 992 км2) : 35.300.000
Штип (53.980 жители, 583 км2) : 28.200.000
Куманово (105.484 жители, 409 км2) : 18.600.000
Струмица (56.207 жители, 322 км2) : 15.000.000
Прилеп (81.522 жители, 1194 км2) : 12.200.000
Гостивар (81.042 жители, 514 км2) : 6.700.000
Струга (61.070 жители, 483 км2): 5.800.000

Под услов бројкиве да се точни, дали треба уште некој да „јади бурек“ за провинцијалците во Скопје? Кратко и едноставно: секој да си ја гледа работата.
Бев на мисла дека Прилеп е најотепан град во државава. Со вакви бројки, убеден сум. Гостивар и Струга мислам дека имаат доста емигранти, претежно брачата, и не се толку за нигде. Ама Прилеп бре? И тоа генерално се смета дека Прилеп има богата ЛС, дека во луѓето нема капитал. Море има цел Прилеп во Скопје да се пресели, аир да не видите скопјаништа. :pos:

А овде ми се зборува за кој побрзо на кого ќе му се упика: провинцијалка на скопјанец или скопјанка на белграѓанец. :facepalm:
--- надополнето: 16 мај 2012 во 01:23 ---
А што ти е логиката дека Скопје треба економнски да пропага за Битола да има повеке жители.
:facepalm:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ќе сакаш да ги споделиш со нас ?
Па ете - генерализациите од типот скопјанки се скапи проститутки, парталки, искомплексирани оти од Скопје биле (how yes no, кога ќе кажам дека сум од Скопје, се осеќам како од Њу Јорк да сум (y) ) неспособни да се грижиме за себе сме биле, дечковците наши ни биле daddy, абе мислиш мед и млеко ни тече, ние само одмараме цел ден и јадеме трици за ,,провинцијалците,,.

Само една вистина прочитав овде за мене - не доаѓа во предвид да се омажам и преселам во др. дел од Македонија. Затоа што според мене, нема доволно услови и простор за да бидам задоволна.
Во се останато, никаде не се пронајдов.
Стереотипите се страшна работа, и ми е жал за сите кои донесуваат судови за други личности врз база на вакви неточни ставови.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
1.
Логиката е дека Скопје е доволно економски напреднат за уште толку да се форсирани средства во него, а особено непродуктивни расходи.

Логиката е дека дел од средствата е потребно да се пренасочат на регионите во Источна Македонија и други заборавени региони, и сам го спомна истото.

Логиката е дека дури е во план изградба на нов клинички центар во Скопје, во Охрид немаме никаква здравствена установа (130.000 луѓе одат на лекар во болницата во Струга, а трудниците се тепаа за слободен кревет!+ додај ги бројките од местата во регионот Дебар, Ресен, Кичево...).

Логиката е дека дури во моментов е во обнова Железничката Станица во Скопје, станиците во Прилеп и Велес, станици со најголем број патници во патничкиот железнички сообраќај се пред уривање.

Логиката е дека изградија обиколница околу Скопје за 3 години, која патем е слабо искористена особено од домашните патници, други патишта се во катастрофална ситуација, луѓето кршат возила на коцката Струмица - Радовиш и амортизери на секое камионските транспортери низ Македонија.Сакаме некаков си туризам, а патот Охрид - Свети Наум е катастрофа (33 км. пат со план за градба 5 години и пробиен рок веќе одамна!),Гостивар - Маврово / Тетово - Шапка исто така, патиштата во Источна Македонија сите субстандардни...

2.
И јас викам дека се тешки глупости 300 милиони евра за Општина Центар, само сети се на еден проект Скопје 2014.Барем да беа за инфраструктура.Тие 300 милиони евра се 100 - 150 км автопат.

3.
За бројките, еве ти буџет Општина Аеродром, по логика барај си и за други мака ми е сега пак да ги барам
http://www.aerodrom.gov.mk/tl_files/planovi proekti/budzet/2012/budzet 2012.pdf
имаш и од Државен Завод за Статистика податоци.
Како прво буџетот на Аеродром е околу 29 милони евра ако го претвориш од денари во евра . Што е за 5 милиони евра помалку од тоа што го наведе а аердром има над 70 000 жители скоро исто како Битола а Битола има буџет од 56 милиони евра е сега кој е ДИСКИРИМИНИРАН. Инаку буџетот на Центар за 2011 година е околу 20 милиони евра.А не како тешките глупости што ги имаш напишани дека е 300 милиони евра, и другпат не зимај од дарданија рамковниот податоци зошто врска нема од живот а уште помалку од економија, А еве ти е еден линк да буџетот на општина центар да не искача дека бајам како вас http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2F3E0DBCB017A74A9BC44FA1AE7A4146
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не ја сфатив причината поради која ги жалиш "кутрите провинцијалци" во Скопје. Зарем некој ти бара да го жалиш или што ?
Не знам дали си ја читал, колумната да речам, беше некако Како провинцијалец гледа на Скопје (тие што паметат нека ме поправат). Да не ти објаснувам, Битолчанецот (а и неговите поддржувачи) го испоплукаа Скопје, ништо не им одговара, а сепак седат тука. Демек, морале.

Јас разбирам дека до неодамна Скопје нудеше најдобри услови за студирање (во поглед на видовите на студии) и повеќе не е изговор ,,таков факултет нема во моја близина,,. Се разбира, ако е поспецифичен факултетот, ова не важи. Не знам, имаше муабет ,,квалитет на студиите,,. Ќе научиш колку што сакаш да научиш, без оглед на кој факултет си. Јас студирам на релативно неквалитетен факултет, па во многу дискусии сум дошла до сознание дека знам повеќе од многу мои колеги од ,,поквалитетен факултет,,.

Понатаму, јас се согласувам со сите дека не е фер што само Скопје (во принцип) нуди некаков просперитет, некаква можност за кариера. Тоа е точно. Но ако веќе си дошол овде, навикни се. Нема никој да ги трпи твоите носталгични патетики.

И трето. За мене (а и за повеќето Скопјани) Скопје има многу голема сентиментална вредност, како што за Битолчани има Битола, за Велешани Велес, итн. И тоа што им пречи на повеќето ,,провинцијалци,, е тоа што нас ни е многу важно - забразаниот живот, бучавата, ЈСП, и останати работи од кои и ние можеби би се жалеле, но во глобала се дел од нас и нашиот секојденевен живот.
Мене ми е ужасно одвратно и досадно кога седам во град во кој секој со секого се познава, има 2 кафичи, и 2 бутика, па не сум си дозволила да плукам по тој град и по тие луѓе.

И да, сите обесправени (ма немој) и ,,не успеав да се вклопам,, ликови во Скопје, не ги жалам. А од друга страна, сите способни (а има многу такви) луѓе од внатрешноста, ги поддржувам да дојдат во Скопје, со оглед на тоа дека е економски, политички, трговски центар на Македонија, и да со своето знаење и својата способност да ја оправат оваа земја.
--- надополнето: 16 мај 2012 во 01:46 ---
Ти поправив еден дел само.
Тој член пишува секој во местото најубаво, па потоа пишува како не ни се работело и сме сакале клати врата земи плата, тоа доаѓа како ние да плаќаме даноци и да работиме и развиваме земјоделие за да му се рачисти патот полесно да се вработи како буџетар во Скопје пошто се е тука и плус ефтини земјоделски производи. Јас тоа го нарекувам дабл вин.
Јас ќе се приклучам :)
Види, и јас во животот направив избор да останам во Скопје. Тоа што е Скопје за село недојдино, е Милано за Скопје. Имав услови да одам надвор од земјава и не сакав, затоа што за ,,моето место,, ме врзуваат многу работи.
Ако ти во ,,твоето место,, имаш доволно услови за квалитетен живот, и сам ќе се сложиш дека ти е добро она ,,секој во своето место,,. Нема тука ништо погрешно.
Погрешно е што најчесто во ,,своите места,, немаш доволно капитал ништо да почнеш да работиш. На такви основни услови - на пример - мислев. Основни бизнис услови. Каде ги има во Македонија, освен во некои од поголемите градови? Тетово, Битола, Струмица, Охрид и делумно Гевгелија?
Ако тој од Недојдино има услови да работи, да заработува и квалитетно да живее, тешко дека ќе тргне во Скопје, Белград, Виена.... итн.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Заклучок у кој к*рац е отидена темава:

Скопјани a.k.a #влијателните :)
 
F

fantomX

Гостин
И тоа што им пречи на повеќето ,,провинцијалци,, е тоа што нас ни е многу важно - забразаниот живот, бучавата, ЈСП, и останати работи од кои и ние можеби би се жалеле
Кој тоа се жалел од ЈСП, возење во ЈСП како шо можи да те расположи, ништо друго не можи. :pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Заклучок у кој к*рац е отидена темава:

Скопјани a.k.a #влијателните :)
Немој уште еднаш да си ме споредил со нив.
Се друго е простливо.
--- надополнето: 16 мај 2012 во 01:54 ---
Кој тоа се жалел од ЈСП, возење во ЈСП како шо можи да те расположи, ништо друго не можи. :pos:
Не станува збор за ЈСП, како ЈСП. За начинот на живот во Скопје.
Или навикни се, или пати. Ама никој нема да те толерира.

Во новата средина новиот член се навикнува на истата. Не се менува средината за да му одговара на членот.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Како прво буџетот на Аеродром е околу 29 милони евра ако го претвориш од денари во евра . Што е за 5 милиони евра помалку од тоа што го наведе а аердром има над 70 000 жители скоро исто како Битола а Битола има буџет од 56 милиони евра е сега кој е ДИСКИРИМИНИРАН. Инаку буџетот на Центар за 2011 година е околу 20 милиони евра.А не како тешките глупости што ги имаш напишани дека е 300 милиони евра, и другпат не зимај од дарданија рамковниот податоци зошто врска нема од живот а уште помалку од економија, А еве ти е еден линк да буџетот на општина центар да не искача дека бајам како вас http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2F3E0DBCB017A74A9BC44FA1AE7A4146
Бројките за буџети се од 2010.Битола е 102.195, Аеродром 98.382 според тренд за 2006 година.
А тие 300 милиони евра се дојдени во Општина Центар од Владата т.е. од граѓаните на Република Македонија, претпоставуваш зошто.Плус донациите за јавниот градски превоз (околу 11 милиони евра само за
украинските возила

)итн.
Дали е потребен нов клинички центар во Скопје, во ситуација кога Клиничката болница во Штип ја јадат бубашваби, а КБ во Битола е со недостаток на опрема?
Дали е потребно да бидат исти условите за болниот во Битола, болниот во Скопје и болниот во Кочани?
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Заклучок у кој к*рац е отидена темава:

Скопјани a.k.a #влијателните :)
Абе .. исто и јас го викам....мислат Белград е Скопје некои...не сакал на друго место оти нема да биди задоволен, абе патешествија.....и не се тие криви, исто мислат и тие од врвот, затоа го фураат СК толку, додека другите да се снајдат...затоа не заминуваат други држави и сме 300години назад, оти нерамномерно се делува на регионите... неможи некој некој со Pentium 3 да му парира на i7, неможе некој со Лада да му парира на некој со A8ка...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Значи ние да не доодиме во Скопје да останеме со средно, да се вратиме назад во провинција да трпиме и да крпиме крај со крај со некоја просечна земјоделска работа за која има да рмбаме како црнци на плантажи пред 150 години или бг паспорт и да фаќаме странство и да плаќаме даноци , а скопјани да работат по сите министерства, јавни претпријатија, сите големи фирми ? Ова го и дрдореа 2 постари жени 45 до 50 години во 50ка син и неможел да се вработи затоа што провинцијалци се вработувале секаде , па јас ли сум и крив што син и е сигурно некој подпросечен студент или глуп па да неможе да се снајде.

Тоа можеби е за тебе подобро за мене не е.

А и ме заболе за тоа дали на некој од Скопје му смета мојот дијалект или од тоа што сум од провинција.Литературно со професори и асистенти, па и тие не зборуваат литературно али ајде.
И што е курац финтата со дијалектите, па скопјани не зборуваат литературно, а им смета другиот дијалект, а никогаш не сум го ни исмејувал тој дијалект ниту пак некој заради што така зборува :facepalm:
мое мислење
--- надополнето: 16 мај 2012 во 02:05 ---
Јас сум од Гевгелија и кога ке ми дојде овде Скопјанец и кога ке ми "збори, збори како тој бил во Грчка па таму пичиња па не знам што" абе немам збороии пеер, без коментар бре чоек!
хахахахах
 

Kajgana Shop

На врв Bottom