Јас сум Игорче, твојот најлош кошмар. Јас сум Тао, кој не може да се каже, а може само да се фотографира со Canon апарат. Седи сега малку мирен.
Туку ги гледам резултатите од анкетата, и се забавувам. На статистички примерок од 230 и кусурот гласови, 61% веруваат во реинкарнација. Инаку, живееме во држава каде што се доминантни монотеистичките религии, чии учења се во најголема спротивност со учењето за реинкарнацијата.
Заклучок?
Па веројатно оној на Ајнштајн, дека само човечката глупост и Универзумот се бесконечни, а дека тоа не е сигурно за Универзумот...