Реинкарнација? James Leininger
11 - годишно момче од Lafayette во Louisiana, во минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација.
Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на сè од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 март 1945 година.
Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна ,бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудоневидени.
Откога го напуштил киндербет, James Leininger ја искажал големата фасцинација за авионите.
Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston.
Кога ја наполнил втората година, детето почнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт.
На своите родители тогаш по прв пат им одјаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила во моторот и дека животот му завршил во морето