Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Не знам зошто, но верувам.

Нема ништо рационално или некој друг темел за ова мое мислење .. Нооо едноставно такво е ! :toe:
 
Член од
3 октомври 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Ај сега да ве разубадам сите. Реинкарнација официјално постои! Така да сите што не верувате почнете. Најлесен начин да се познае нешто за предходниот живот е со пат на хипноза! Читнете ќе видите
I tuka ke postiram edna interesna kniga koja odgovara na temava (ja postirav vo temata Matrix) ...a bese pogore spomnata ...ama ne e loso da se povtori:
Putovanje dusa od Dr. Michael Newton, na site skeptici i onie koi ne se toa, toplo im ja preporacuvam da ja citnat....

http://www.ivantic.net/Ostale_knjiige/Newton_Michael_Putovanje_dusa.pdf
 
TheFrisb

(Астроном)
Член од
5 јуни 2011
Мислења
246
Поени од реакции
80
Секој човек се родува,расти,се храни,старее и умира.И тоа се така се повтара додека не дојде крајот на Земјата :)
Инаку ти кога ќе умреш ќе сонуваш а додека сонуваш твоето тело се формира во стомакот на мајка ти па на крајта излегуваш од него и кога ќе пораснеш како што е наведено во првиот пост имаш поголемо знаење кон некој јазик:)
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Имам пријателка копја е сриозно загрижена дека малиот несака да зборува, а има три година. Уствари тој зборува неразбирливо. Најново е тоа што малиов почна да зборува и тоа само англиски. Женава е во шок. И велиме дека тоа му е од цртани,меѓутоа малиов не гледа странски цртани, уствари нема интерес за цртани детенце од три години е.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Зашто е во шок? Ќе научи и македонски па ќе си знае два јазика.
 
TheFrisb

(Астроном)
Член од
5 јуни 2011
Мислења
246
Поени од реакции
80
Јас незнам зошто али од време на време ми се причинува(односно ми излегува како некоја бледа слика пред мене) како знам перфектно да зборувам германски,убивам евреи,војна,ова-она,али се поврзано со евреи и нацисти(а не сум некој голем нациста,чисто онака,ако ме праша некој што си фашиста или нацист,би му одговорил ова второто)незнам оти,а уште од 2-3 години знам да зборувам,преведувам,читам и др на германски јазик.И да видите коа ќе ми дојде едно такво силно чуство да убијам евреин,неможете да замислите си мислам ќе полудам,некои си генерали вака така,третиот рајх...типично нацистички....можно е да се сеќавам на претходниот живот? ии да надополнам,не да ви праам филмои ова она,сакајте верувајте сакајте не...
Хмм.Да не си бил Хитлер ? Се шегувам бре.
 
S

Sasha

Гостин
Najdobriot odgovor za reinkarnacija moze da se najde vo budistickata religija,barem jas gi najdov :)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Има некои размислувања дека човечката душа после смртта на телото може
да се пресели во пониска форма на живот во животно или растение.
Но таквите размислувања се погрешни, тоа можат да го потврдат оние кои направиле регресија.
Доколку еден човек живеел деструктивен живот во наредниот тој нема да живее како животно и сл,
само ќе се најде во онакви лоши услови какви што тој создавал во претходниот живот,
на пример доколку бил нацистички војник и служел во Треблинка односно "помагал"
во убивање на евреи, во наредниот живот истиот можеби ќе биде евреин кој
живее во европа за време на фашизмот, законот на кармата мора да се исполни,
се разбира доколку истиот тој нацистички војник во истиот живот навистина се покае за ужасните направени
гревови и си прости себе си, тогаш законот на милоста е поголем од законот на кармата и истиот
во наредниот живот немора да минува низ пеколни маки, затоа што тој веќе научил и без
да помине низ такво искуство,низ кои минувале оние поради истиот тој војник.
Реинкарнацијата како една реалност односно вистина е избришана од библијата како
и многу текстови кои помагаат за духовен развој, со цел полесно контролирање на народните маси од страна на власта.
Тие текстови односно целата библија требаше да им биде дадена на луѓето и
тие сами да ја проучуваат за да можат да се спознаат себеси.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Доколку еден човек живеел деструктивен живот во наредниот тој нема да живее како животно и сл,
само ќе се најде во онакви лоши услови какви што тој создавал во претходниот живот,
на пример доколку бил нацистички војник и служел во Треблинка односно "помагал"
во убивање на евреи, во наредниот живот истиот можеби ќе биде евреин кој
живее во европа за време на фашизмот, законот на кармата мора да се исполни,
се разбира доколку истиот тој нацистички војник во истиот живот навистина се покае за ужасните направени
гревови и си прости себе си, тогаш законот на милоста е поголем од законот на кармата и истиот
во наредниот живот немора да минува низ пеколни маки, затоа што тој веќе научил и без
да помине низ такво искуство,низ кои минувале оние поради истиот тој војник.
Ова е комплетно бесмислено и не ми личи дека е точно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Сешто се пишува за инкарнација, за последователноста на душата, и тоа само затоа што западната мисла е позастапена од источната... А западната произлезе од источната...
Поинетересен е Кант и метафизиката и нејзините бесконечни трагања отколку источната мисла која бара и знаење и пракса!
Ама луѓето нели, се како вода! Го бараат најлесниот пат, со најмал отпор кон целта :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Го погоди Кант како пример за лесна литература и лесен начин за доаѓање до вистината...

:D

Пробај прочитај ја Критика на чистиот ум, сфати ги концептите како на пример трансцендентална унија на аперцепцијата, и потоа споредувај ја длабочината на Кант со источните школи на гледање во папокот...

Најдобронамерен совет, немој да се бламираш на овој начин. Држи се ти до верување во постоењето на концепти како души, реинкарнации и слични детски приказни, а мислењето остави му го на оние кои сакаат да мислат...

Душа, оф леле...

Мене навистина не ми е јасно како било кој со просечен коефициент на интелегенција може да верува во концептот на душа. Како е душата прикачена за телото? На кој начин ентитет кој е во се различен од телото може да оствари каузален контакт со телото? Духот во машината, како што се потсмеваше вицкастиот Гилберт Рајл.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Тоа ли е проблемот на кој начин?
Ај да те прашам нешто, што си ти?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас сум Игорче, твојот најлош кошмар. Јас сум Тао, кој не може да се каже, а може само да се фотографира со Canon апарат. Седи сега малку мирен.

Туку ги гледам резултатите од анкетата, и се забавувам. На статистички примерок од 230 и кусурот гласови, 61% веруваат во реинкарнација. Инаку, живееме во држава каде што се доминантни монотеистичките религии, чии учења се во најголема спротивност со учењето за реинкарнацијата.

:confused:

Заклучок?

Па веројатно оној на Ајнштајн, дека само човечката глупост и Универзумот се бесконечни, а дека тоа не е сигурно за Универзумот...
 
Пробај одговори на едно просто поставено прашање.
Ако знаеш се разбира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom