Сериозно мислиш дека нејќам да идам во војска затоа што сум пичка и се плашам од вакви срања?
А, ај да ја поставиме ситуацијата од моја перспеткива.
91 годиште сум, за 2 месеца сум матурант во една од најдобрите скопски гимназии. Четири години работам на тоа да можам да се запишам на факултет, со што ќе си овозможам кариера во област во што ме интересира, без да им наметнам на моите трошок од 8000 евра за 4 год на приватен универзитет.
Не сум мамино или татино галенича па да ми бркаат врски. Уствари може ќе ми фателе некоја врска да имаше кого да прашаат,ама нема. Завршувам со одличен успех и примерно поведение. Јас знам колку работа ми требаше за да успеам да го направам тоа со оглед на условите за работа, заинтересираноста на професорите за предавање и други слични срања.
Повеќето луѓе во таква ситуација се одлучуваат или да одјебат школо и да си ги чешаат мудата четири години (овде спаѓаат 90% од моите другари) или присилени од нивните дома бубаат ко луди и не знаат муабет да направат со човек очи во очи... Мене моите не ме присилуваа да учам па не станав бубалица, ама сум премногу ебано амбициозен за да си дозволам да не учам. Не можам да се замислам како работам за 12 000 плата и морам да трпам секакви партиски назначени неспособни кретени да ми наредуваат...
Да се вратам на темата, не сакам да служам војска затоа што имам многу поголеми планови од тоа да слушам некој кретен со смрдлив здив како ми се дере во фаца и ме учи на дисциплина, работливост и патриотизам. Се научив сам на тие работи до сега. Сега ми треба шанса да успеам во животот, а не ми треба да бидам подвижна мета на која Командант Леши и Потпуковник прве класе, Фатмир од ОВК,УЧК или АНА ќе си ги вежбаат нивните регрути да гаѓаат.
П.С.
Претпоставив според твојот пост дека си од тие болдираните, ако сум во право веројатно нема ни да го прочиташ постов, ако не сум, извини, погрешна процнка.