Редовна војска повторно?

S

Stryder

Гостин
Od tel pishuvam, mi se izbrisha kilometarski post.
Spored tvoja logika daj da ne plakjame danok iako e toj zadolzhitelen, no sepak kako demokratska drzhava, imame pravo na slobodna volja i izbirame da ne go plakjame.

Ние сме демократија, и да имаме право на слободна волја и избор со користење на изборната постапка. Незнам што повеќе да додадам, едноставно ако оние коишто ги носат законите не го слушаат гласот на народот, народот ќе ги поправи на наредните избори. Тоа што одредени политичари се заљубени со национал-романтичните идеи и времето на војводите и комитите, не повлекува дека имаат право да ни го наметнуваат нивниот поглед кон светот преку активности од видот на „калемење на поединците“ со помош на институциите на државата.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
A koja korist ako ne idesh, biznisite doma kje ti trpat? Kje dobiesh edno iskustvo koe ne daj Bozhe bi mozhel da go iskoristish.
Dedo mi tri god. bil na voen rok, tatko mi godina dena. Ni edniot ni drugiot ne rekolk deka bil maltretiran. Shto tolku se plashite ne mi e jasno. Ako se odluchi deka treba da se ide, kje se ide pa i do nebo da skokame.
Исто и дедо ми и татко ми па не глеам некое фајде од тоа.Татко ми бил 12 месеци и сам си кажува дека освен неколкуте заебанции било залудно потрошено време..Жими кур знае да пука.Ќе смениш 3 месеци од твојот живот за ништо,не ми е проблемот за малтретирањето.
Ние збориме овде дали е правилно да се иде или не,не спремам некаков отпор против ова,незнам да не сте мазохисти па со голем мерак го кажувате тоа дека државата ако сака може да ти го начука па ти ако сакаш и до небо скокај.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Што се однесува до мене - тежок анти-капиталист сум. Така да доколку имаше доволен број like-minded луѓе како мене во државава, ќе покренев и таква иницијатива - против плаќање на данок. За жал, поголемата бројка паѓа на ова прашање - дали да се служи задолжителен воен рок или не. И гледам тоа 'не' е доста големо. Затоа за тоа давиме на темава, а не плаќање или неплаќање на даноци.

Тезата мене уште ми стои. После вакво нешто, какко ќе ја убедуваме Европа дека сме демократска држава? Они нафта пијат? И да нема тука реакции, од таму ќе дојдат. Ако владата продолжи со ваков вид одлуки за се и сешто, нема да биде долго пред да не сметаат за дел од Средниот Исток. Само срамота ќе биде Турција да стане европска држава, а кога ќе се спомене Македонија, да се споредува со земји од Средниот Исток по начин на управување.
Toa ne doagja pretezhno od deca koi se plashat da idat u vojska koja raka na srce e edna golema nula od toa shto bilo prethodno voeniot rok. .
Inaku ko shto jas znam NATO ne se mesha u vnatreshno vodenje na vojskata ili nesho u toj kontekst beshe. Ne sum u mozhnost momentalno da proveram koi evropski drzhavi momentalno go praktikuvaat ovoj model na voen rok. Ta dali tie bi se sporedile so nekoja zemja od Sreden istok.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
Никој не се плаши да иде у војска,луѓето се плашат од војна само.
Нема ништо страшно у 3 месеци чистење вциња и чување стража,едноставо нејкам безпотреба да губам време.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.359
Поени од реакции
7.127
не е неопходно,тоа е проблемот.Мене не ми праи проблем 3 месеци,муабетот е зашто за нечиј кур кеиф да се трошат пари и да се замара млада популација која нејке да иде.?Ете толку генерации претходно иделе и што корист од тоа.
делумно си во право - во конфликтот 2001ва нашите војници и полицајци покажаа голем морал и решителност,како и почитувањето на наредбите при настанати ситуации(акцијата во Арачиново воопшто не беше шега ами решителна акција во која имаше борби лице в лице со жртви од обете страни)

немаше корист од нашите главатари кои не обезбедија поддршка од голема сила за да ги зачуваме интересите,ами ефтино и лесно не предадоа
--- надополнето: 31 декември 2012 во 21:14 ---
Забораваш еден мал клучен детал - ова не е диктаторска држава, или барем декларативно не се смета за таква, туку за демократска. Во демократија, се уште постои слободна воља и избор. Така да, требаме да имаме право да речеме не ако сакаме.
точно,таа демократија донесе орлите да ти вртат над глава кога ќе посакаат и да те загрозат тебе и твојата фамилија......кога ќе видиме што се случува во Грција со Златна Зора време е да го мениме и нашето однесување......секако ние не градиме офанзивна политика во одбраната,ами строго дефанзивна која е неопходна за која било држава во едно вакво кризно подрачје каде не се само загрозени интересите на државите од регионот,ами и на големите светски сили неколку пати им се вкрстувале мечовите на овие краишта

секако ако главештините не обезбедат цврст сојуз со некоја светска сила,џабе би било какви биле подготовки и одбраната на земјата при евентуална агресија
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
делумно си во право - во конфликтот 2001ва нашите војници и полицајци покажаа голем морал и решителност,како и почитувањето на наредбите при настанати ситуации(акцијата во Арачиново воопшто не беше шега ами решителна акција во која имаше борби лице в лице со жртви од обете страни)

немаше корист од нашите главатари кои не обезбедија поддршка од голема сила за да ги зачуваме интересите,ами ефтино и лесно не предадоа
Па тоа пробувам да го кажам,која корист од тоа што тие луѓе имаа воена служба кога секако резервистите го јадеа во наместени заседи.На македонија и треба мала опремена армија за ситуации како 2001,али дури ни тоа не е гарант бидејки реално војната најчесто не се добива од храброста на бојното поле.Ние не знаеме да играме во светската политика,само глеаме дека сме у право и плачеме зашто никој не не брани...Одиме со глава у ѕид.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.416
Поени од реакции
24.142
Знаеш колку си интересен со сарказмот што се ситиш оти некој ќе биде приморан да прави нешто што не сака а и не е потребно 3 месеци? Дали си толку многу задоволен и да се пријавиш да им правиш друштво?

Доликува ли таков коментар за возрасен човек помисли си малку.
После сите коментари тука таков впечаток добив и покрај тоа што е филован со што напоравила државата за мене, зошто да губам три месеци од животот, бла бла бла бла....... бла.
Така да искрено трк по памперси.
Инаку јас долгот спрема татковината оддамна го отслужив и тоа со многу повеќе од 3 месеци, па ете здрав жив сум и ништо посебно не ми фали.
Друга работа е што како очигледно недоволно созреана личност не ти е се уште разјаснето дека во поголем дел од животот ке бидеш приморан да правиш работи кои нити ги сакаш нити сметаш дека се паметни. Ама сепак ке ги правиш.
Ама како што реков тоа доаѓа со километражата која очигледно ја немаш.
Тапата може да се извади иначе, многу лесно :D.
Е ова веќе ти се вика искуство;)
П.С Иако практикувам да не мешам баби и жаби на теми каде не е тоа муабетот, ама сепак овде не издржав.
Се надевам нема љутиш.
 
S

Stryder

Гостин
После сите коментари тука таков впечаток добив и покрај тоа што е филован со што напоравила државата за мене, зошто да губам три месеци од животот, бла бла бла бла....... бла.
Така да искрено трк по памперси.
Инаку јас долгот спрема татковината оддамна го отслужив и тоа со многу повеќе од 3 месеци, па ете здрав жив сум и ништо посебно не ми фали.
Друга работа е што како очигледно недоволно созреана личност не ти е се уште разјаснето дека во поголем дел од животот ке бидеш приморан да правиш работи кои нити ги сакаш нити сметаш дека се паметни. Ама сепак ке ги правиш.
Ама како што реков тоа доаѓа со километражата која очигледно ја немаш.

Е ова веќе ти се вика искуство;)
П.С Иако практикувам да не мешам баби и жаби на теми каде не е тоа муабетот, ама сепак овде не издржав.
Се надевам нема љутиш.
И да е животот таков како што го опишуваш, не значи дека треба да престанеме да се бориме за она што мислиме дека е праведно, добро, исправно...

Долг спрема татковината - каков е тој долг кога раката им е испружена само за земање, а стисната за давање?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.359
Поени од реакции
7.127
Долг спрема татковината - каков е тој долг кога раката им е испружена само за земање, а стисната за давање?
досега ниеден поредок не е сменет од миротворци,ами од крв и пот

дали си ти уште еден коментатор на состојбите во државата од два милиони во државата и каков ефект има тоа досега

3 месеци обука ќе поминат бргу и лесно со правилна програма тоа би било добро школо и неденгубење
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
1.Касарните се уништени. Поголемиот број градови во Македонија веќе немаат касарни.

2.Нема што да се прави со „пропуштените“ генерации. Не може ти да викнеш 23-24 годишен маж кој работи во приватна фирма или студира да остави се на три месеца затоа што на некој така му прднало, па ај сеа ќе мењаме закони.

3. Ако се направи некој модел каде што три месеци одиш и на работа/студии и служиш воен рок ем си му упропастил 3 месеца од животот на тој човек, ем ништо не си постигнал со обуката.

4. Да не се лажеме.Главната причина што беше укинат воениот рок сеуште важи: Нема пари Македонија за да функционира таков еден систем.

Што значи некој му се видело погодна темава за пуштање патка и замајување на јавноста.

Иначе ниту тие што се маваат од земја дека не треба да се врати воениот рок се сосема во право ни па тие што се маваат во гради дека сите мора да си го „отплатат долгот“ кон татковината.

Не треба по секоја цена да се избегне воведување воен рок ама да ми објаснува некој дека воен рок ни треба за да можеме да се браниме од Грција или Бугарија или од некој албански сепаратисти или уште победното „ќе видиме како ќе преживеете криза“ е смешно.

Воен рок би бил само непродуктивен трошок за Македонија.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Може да здивнете засега :)
Воениот рок за сега не се враќа
Министерството за одбрана во врска со идејата за враќање на регрутацијата во редовите во АРМ објаснува дека таква промена треба да се направи со длабока стручна анализа и политичка проценка и со претходни консултации со НАТО.
„За сега нема некоја анализа во Министерство за одбрана која би ни препорачало таква промена во составот на АРМ. Инаку, тоа е крупна промена за која одлучуваат цивилниот сектор, односно граѓаните преку нивните пратеници во Собранието на РМ“, се вели во денешното соопштение од Министерството.
Оттаму потсетуваат дека основни причини за донесување на одлуката во 2006 година за целосна професионализација на Армијата биле трансформација на Армијата во вооружена сила со повисоки воени способности за исполнување на сите стратегиски одбранбени мисии, зголемување на борбената (оперативната) готовност (ефективноста) на АРМ, развој и одржување на интероперативни распоредливи сили и способности и модернизација на АРМ со современа воена опрема и вооружување.
-Професионализацијата го овозможи и развојот на интероперативните распоредливи воени сили и способности, како и придонесот во меѓународните операции. Во 2006 година веќе имавме распоредено околу 150 воен персонал во една ротација во три меѓународни операции: ИСАФ, Слобода за Ирак и ЕУ Алтеа.
Ние мораме како држава да бидеме конзистентни во однос на реформите кои ги правиме во однос на евроатлантските интеграции, а со тоа и членството во НАТО. Република Македонија е меѓу првите земји во регионот која уште во 2006 година го напушти регрутен систем односно задолжително служење на воен рок и воведе систем на професионална армијата и според досегашното искуство тоа претставува успешен концепт на развој и поставеност на АРМ за што има највисоки оценки од НАТО. Колку што мене ми е познато како министер за одбрана, од тогаш до сега овој систем добро функционира и покажува добри резултати во борбената готовност и економската оправданост – се додава во соопштението од МО.
Поголемиот дел од земјите членки на НАТО, дури и оние кои имале долга традиција, го имаат напуштено регрутниот систем и имаат воведено доброволен систем на пополна т.е. имаат целосно професионални армии. Останале само малку земји кои го задржале регрутниот систем.
Професионализацијата на АРМ е меѓу најголемите реформи на одбраната на Република Македонија и во поширока смисла на зборот претставува основа на целокупниот процес на модернизација на вооружените сили.
http://www.plusinfo.mk/vest/74339/Voeniot-rok-za-sega-ne-se-vrakja
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Реков и јас и некои наназад дека НАТО ќе им залепи добар шамар. Не може реформа која е барана од НАТО за градење на мала професионална армија, некој си пензионирани генерали да ја оспорат и да бараат исполнување на желби.
Државава нема пари за пензии и плата за администрација и сервисирање на обврски кон стопанството а не па да скрои буџет за одбрана. Видете го буџетот ќе видите дека за одбрана е меѓу најслабите.
Некој поназад прашуваше во околинава каде има редовно служење. Има само во Грција и Турција. Први кои ја укинаа редовната обрска се Словенците по нив ние, Хрватите, Србите и Црногорците па тек после Бугарија и Албанија.
Една работа да расчистиме. Професионалниот војник самиот одбрал тоа да му биде професија и работа. Некој од нас одбрал друга професија и друга работа. И не ви држат водат аргументите ама порано се служело. Порано се служело затоа што таков бил системот, се наметнувала страв и мобилизација дека идеалната Титова Југославија ќе биде нападната од сите оние кои и мислат лошо. И не заборавјте дека според Уставот на Р.М забрането е ретроактивност. Среќна нова и повеќе користете го паметот не дозволувате да ви наметнуваат нешто што не сакате, сепак се бориме за демократија и слободен избор
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Имаше и пред 4-5 месеци ако не се лажам некоја иницијатива и исто како и сега кажаа дека тоа НАТО не го дозволува. Многу ми е глупа ситуацијата во која ти како држава неможеш сама да си одлучуваш за некои работи и мора некој да ти „дозволи“.
Иначе според мене треба да се воведе задолжителен воен рок, нека биде и краток како што предложуваат. Корисно е според мене да се знаат тие работи што се учат во војска зошто утре никој не знае што може да се случи.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.359
Поени од реакции
7.127
НАТО ни е сојузник или непријател ?! ниту не прима,ниту дозволува да се организираме - со тоа сигурно простор за нови конфликти и поделби на оваа територија

волкот знае зошто му е дебел вратот.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom