Редовна војска повторно?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Сами се ставаме вазали на Нато.
Поарно нека ги распуштат и тие што останаа професионалните војници. Што ќе ни се, за Авганистан? Џабе пари.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
АРМ многу слабо се покажа во 2001.
Ако постои чесна документација во светот (историска), (иако некои викаат дека барем половина цел од пишувањето на историја е да се скрие вистината),
тогаш ќе МОРА да биде АРМ прогласена за единствената (во мое знаење) во светот која изгубила војна од 150-200 УЧК-и во Арачиново.

(Ако на некој веднаш му текнува зборот „притисок“, тој е под силна медиумска пропаганда (програмиран за реплика).
И Палестина 70 години води војна, но не се откажа од идеалите.
Слично, Виетнам, Кабул, Иран, ...;
што повлекува дека тоа е комплетно едностран пропуст - од наша страна, специјално врховниот командант и втора по одговорност: АРМ, подоцна и министерство за одбрана, внатрешни, итн.)

АРМ и министерство за одбрана (со албанец за министер) не може да очекува Македонците да ја сфатат за озбилно.
Посебно не по третманот на бранителите.
Враќањето на редовна војска, скоро сигурно, нема да се случи. Ова се некои тажни обиди да се чуе мислењето.

Мислењето до АРМ е: ПОИМ ЗА СРАМ СТЕ.
Значи, прва работа, АРМ добро си ја заврши работа, проблемот беше во Претседателот и сите политичари што беа вклучени, бидејќи беа во паника и избезумени.
Она што требаше Претседателот да го каже, што и секој нормален присебен човек од оваа држава ќе и го кажеше на АРМ во тоа време, воените дејства се ваша работа, колку време ви треба толку, не се брзајте, а маркетинг улогата оставете ми ја мене.
--- надополнето: 1 јануари 2013 во 19:42 ---
Остај не ми објаснувај правила на служба.
Сум бил во војска и поприлично сум запознаен со тоа.
Ти како стоиш со праксата ??
Не почитувам хиерархија, ако забележам дека не е дојдено таму поради службени заслуги и улизување, туку само со екстра улизување (како компензација на службените заслуги).
Да убиеш човек не е лесна психолошка работа, а тоа не го учат во војска (бидејќи мал е временскиот период психички да те подготват), тренинг и кондиција може да стекнеш и сам, со трчање, возење велосипед, пливање и ред други вежби и тоа како сакаш и кога сакаш, имаш стрелиште, можеш да научиш пукаш, праксата е насекаде околу тебе, ако сакаш можеш, нема потреба некоја будала да ти се дере за да го постигнеш тоа.
--- надополнето: 1 јануари 2013 во 19:49 ---
Имало соживот неколку векови наназад? Кога тоа брат? Ај дај ми доказ дека барем еден век имало мир и соживот на Балканов? Јас колку што имам читано и колку што знам историја тоа никогаш не било. Освен можеби кога неандерталците владееле на овие простори.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.379
Поени од реакции
4.924
Која редовна војска не се глупирајте. Во Битола касарната е распродадена, цели нови населби се градат на таа површина.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
нека ми објасни некој што значи тоа „долг кон татковината“?
мкд владе, м?
Апстрактна фраза без значење.

Има значење само за оној тип на луѓе што бараат значење во неа или што „чувствуваат“ дека има некакво длабоко значење кое не ни пробуваат да си го објаснат.

Опасна е по животот на луѓето од тој тип.

Сродна со реченици од типот:
- „Да се биде во првите борбени редови на историјта“
- „Низ нашите вени тече херојска крв затоа треба...(пополни по сопствени потреби).“

и сите оние квази поетски кованици што звучат како говор на Љубе Бошковски одржан во атарот на некое село.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Значи, прва работа, АРМ добро си ја заврши работа, проблемот беше во Претседателот и сите политичари што беа вклучени, бидејќи беа во паника и избезумени.
Она што требаше Претседателот да го каже, што и секој нормален присебен човек од оваа држава ќе и го кажеше на АРМ во тоа време, воените дејства се ваша работа, колку време ви треба толку, не се брзајте, а маркетинг улогата оставете ми ја мене.
Околу 2001 ми се чини дека на многу од дечкиве не им е јасно што беше целта на учк.Целта беше "да се ослободат албанските територии од славомакедонските окупатори".
Планот беше да се завземат тие територии и да се задржат,да се воспостави де-факто ситуација на терен која би била верификувана преку доѓање на меѓународни сили кои би се распоредиле и би воспоставиле линија на разграничување.
Арно ама и покрај се,нашата недокваканост,дволичноста на меѓ.заед.,улогата на НАТО,психолошката војна итн,учк никако не успеваше да го оствари најважниот дел од планот-да ја завземе и барем кратко да ја задржи посакуваната територија,па кога стана јасно дека тоа нема да им успее,решија привремено да ја сменат агендата и да чекаат подобри времиња.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Инаку,повторното воведување на задолжителен воен рок мислам дека е и тоа како потребно и корисно.Комбинирана армија е најдоброто решение за нас.Нема врска тоа со НАТО,има земји членки на НАТО кои имаат задолжителен воен рок така да џабе се јаде гомна.
Јас незнам што толку се испосраа луѓево од служење на воен рок,срамота е бе, мме.
Три месеца не се ништо а за тие три месеца може да се спроведе солидна пешадиска обука.Технички гледано, стандардната пешадиска обука е слична во сите армии,нема тука топла вода измислување.Различна е сериозноста во спроведувањето на таа обука.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
:pos:
Ма немој да ме јебеш бре, кој ќе служи војска???????
ВОЈСКО ВОЈСКО ИМАТЕ ЛИ ПУШКИ ??
НЕМАМЕ !! ЕВЕ ВИ ЧУПАЛИЦИ И ПОМАДА :pos:
Dirty dozen
guest star Шкорпион as Colonel PinkieWoolf
За две до три години на џандариве у работна униформа покрај пиштол и палица ќе имаат и коректор за лице и уни секс безбоен лак за нокти,пендрекот ќе биде исфрлен од употреба поради преголема тежина.
Како што ни тргнала работава со камења ќе можат да не потепаат.
Каква војска какви касарни, одма да се отворат спа центри,теретани,фитнес центри,козметичарски студија се тоа да биде финансирано од буџетот на република македонија.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.450
Поени од реакции
24.187
нека ми објасни некој што значи тоа „долг кон татковината“?
мкд владе, м?
Одоговорот на ова прашање би требало да го знаеш од општа култура.
Апстрактна фраза без значење.

Има значење само за оној тип на луѓе што бараат значење во неа или што „чувствуваат“ дека има некакво длабоко значење кое не ни пробуваат да си го објаснат.
А во кој тип на луѓе спаѓаш ти?
Јас знам два типа на луѓе ако веќе генерализираме.
Оние кои ти овозможиле ти да можеш да се образоваш на мајчин јазик, да живееш во своја држава и слободно да се нарекуваш како што сакаш.
И оние другите кои сметале дека нема потреба од тоа, доволно е само да се живее па макар и како роб.
Во кои луѓе спаѓаш ти??
Дали спаѓаш во оние кои се испостраа од самата помисла дека генералот на нашата армија кој е по потекло Македонец побара да се служи воен рок, и наеднаш им олесна кога министерот за одбрана, обичен политичар кој случајно е и етнички Албанец рече дека нема потреба од такво нешто и со радост ја поздравија неговата одлука.
Сега се поставува прашањето кој и мисли повеќе добро на својата држава.
Македонскиот генерал( кој нема резервна држава) или Албански политичар( кој има уште две на лагер, а се бореше и се бори за трета).
Така да ајде одговори ми во кои луѓе спаѓаш ти и останатите пацифисти тука?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.362
Поени од реакции
7.130
* заборави дека господинот министер пред некој месец организираше поклонување на споменик на загинати учки,кои масакрираа и малтретираа македонски војници и цивили

веќе некое време Началникот на ГШ и Бесими се во конфликт и несогласувања,очекувана беше ваква изјава на Бесими
 
S

Stryder

Гостин
Ајде да бидеме реални. Во случај на напад од Грција, Бугарија или Србија заради големината на државата ќе немаме време да се мобилизираме, не пак да се браниме. Што се однесува до Косово, не ме фаќајте за збор, но мислам дека од минатата година добија одобрение од НАТО и ЕУ за опремување со тешко оружје, а и обученоста е на ниво на НАТО стандардите. Иако пешадијата има некоја помала предност кога се наоѓа во дефанзива во ридско-планински и урбани подрачја, цената во човечки животи која пешадијата ќе ја плати во одбрана од добро опремена војска е за наши услови неприфатлива. Треба да ви стане јасно дека времето кога Албанците се бореа со дрвени гранки е завршено.

По која логика повеќето држави во светот заклучиле дека професионалната војска е поефикасна, а по која логика тераат нашиве генерали?

Ако толку многу се плашите од Албанците, зошто не ја зголемете големината и техничко-материјалната опременост на професионалната војска?
 
По логиката секој маж војник која што важи од памтивек и од кога се тепаат луѓево помеѓу себе, нема таква професионална армија и платеници кој што не биле поразени од резервен состав и население кое што предходно е воено оспособено, “ професионалецот“ немој да ме смееш лигуши до даске влеени на работа преку врски и партија неспособни буквално за ништо не се одбранбена сила, ќе се тепа до моментот кога ќе реши дека не е доволно “ платен “ за да гине потоа ќе му ја дувне вид виделија.
Е сега не е проблемот за обуката и воведување на редова војска повторно проблемот е што воопшто и нема мажи кој би биле војници,од метеро сексуалци лизни мазни мамини и татини со бекам флизури не очекувам да бранат било каква држава.Не поради нешто друго затоа што не се способни за истото,тешко дека некое феминизирано со шишки над очите и рачиња со стисок на девојче ( ткви се 90% од дигимониве ) дека би било способно да копа ров на + 45 или да ракува со оружје и метал на - 20. Да си се соочиме со реалноста дојде време ког жени одредуваат што е тоа маж и како треба тој да изгледа и да се однесува, а богами ако убаво се загледаш низ популацијава ќе приметиш дека повеќето наликуваат на цурици отколку на мажи, па и не ретко ќе најдеш некаде на некој собир некое женско што е 100 пути поголем муж од сите мушки таму собрани. Таква е ситуацијата со моменталнава педерана нема кого да го обучиш да биде војник и да се бори.
Одоговорот на ова прашање би требало да го знаеш од општа култура.

А во кој тип на луѓе спаѓаш ти?
Јас знам два типа на луѓе ако веќе генерализираме.
Оние кои ти овозможиле ти да можеш да се образоваш на мајчин јазик, да живееш во своја држава и слободно да се нарекуваш како што сакаш.
И оние другите кои сметале дека нема потреба од тоа, доволно е само да се живее па макар и како роб.
Во кои луѓе спаѓаш ти??
Дали спаѓаш во оние кои се испостраа од самата помисла дека генералот на нашата армија кој е по потекло Македонец побара да се служи воен рок, и наеднаш им олесна кога министерот за одбрана, обичен политичар кој случајно е и етнички Албанец рече дека нема потреба од такво нешто и со радост ја поздравија неговата одлука.
Сега се поставува прашањето кој и мисли повеќе добро на својата држава.
Македонскиот генерал( кој нема резервна држава) или Албански политичар( кој има уште две на лагер, а се бореше и се бори за трета).
Така да ајде одговори ми во кои луѓе спаѓаш ти и останатите пацифисти тука?
Кога последен пат имаш видено од еманципиранава генерација некој да се грабнат и да се издрскаат мушки било за женска било за расправија било за гачка некоја ?
Се разбира после недела дена пак да пијат заедно како што беше до пред некој си 10 15 години.
 
S

Stryder

Гостин
По логиката секој маж војник која што важи од памтивек и од кога се тепаат луѓево помеѓу себе, нема таква професионална армија и платеници кој што не биле поразени од резервен состав и население кое што предходно е воено оспособено, “ професионалецот“ немој да ме смееш лигуши до даске влеени на работа преку врски и партија неспособни буквално за ништо не се одбранбена сила, ќе се тепа до моментот кога ќе реши дека не е доволно “ платен “ за да гине потоа ќе му ја дувне вид виделија.
Е сега не е проблемот за обуката и воведување на редова војска повторно протблемот е што воопшто и нема мажи кој би биле војници,од метеро сексуалци лизни мазни мамини и татини со бекам флизури не очекувам да бранат било каква држава.

Кога последен пат имаш видено од еманципиранава генерација некој да се грабнат и да се издрскаат мушки било за женска било за расправија било за гачка некоја ?
Се разбира после недела дена пак да пијат заедно како што беше до пред некој си 10 15 години.

Фактот што партиски се вработуваат оние коишто немат волја не е мој проблем, туку проблем на оние коишто ги ставиле и им пожелувам се најдобро во престојната конфронтација...

Што се однесува до проблемот со Албанците, оделувањето на дел од Македонија е геостратешка реалност и треба да им е јасно дека предностите коишто порано АРМ ги имала, како по-вооружена и по-обучена војска се минато и никогаш нема да се вратат. Единствена карта што во моментов ја имаме е тоа дека имаме високо обучена професионална војска со голем број на специјални единици коишто се како измислени за војување во ридско-планински и урбани подрачја. Се разбира, оваа наша предност наскоро ќе биде анулирана, додека во сите други подрачја како морал, бројност на население, подршка од голема сила, расположливи економски средства, предноста е на нивна страна.

Регрутацијата на младите е последната карта која нашиве можат да ја изиграат, карта којашто нема да смени апсолутно ништо затоа што дебелата дама веќе ја испеа песната.
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Одоговорот на ова прашање би требало да го знаеш од општа култура.
значи ни ти немаш одговор, така? јас ако прашувам, значи дека не знам. ти употребуваш фраза, а не знаеш да ја објасниш.

Така да ајде одговори ми во кои луѓе спаѓаш ти и останатите пацифисти тука?
значи ли ова дека ти спаѓаш меѓу милитантите? бидејки со гадење го пишуваш зборот пацифист...
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 06:42 ---
АРМ е деградирана до најдолни можни граници! подоле нема...
за тоа не е виновен министерот (барем не директно)
за тоа се виновни владата и „прајмминистерот“
муабетите за редовна војска се бајка - ниту има каде, ниту со што, ниту со кои пари.
тие што се удираат по гради и што се прават мажишта да се обратат директно на адресата на виновниците, а не да продаваат демагогии по форуми и да користат празни фрази...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Регрутацијата на младите е последната карта која нашиве можат да ја изиграат, карта којашто нема да смени апсолутно ништо затоа што дебелата дама веќе ја испеа песната.
можеби не можеме заради трошоците, мал буџет, а слаба држава. Инаку повеќето држави низ светот (то што го најдов у википедија) имаат различни системи на обука, одбрана, национални гарди, цивилни обуки и единици..., значи пак се организирани на некој начин. Проблем е што ние не само што немаме дисциплинирани граѓани за оружани конфликти, ние немаме план, единици и состав за евакуација и спас ни од временски непогоди, камоли од воени интервенции. Една поплава да се случи ќе изгинеме како глувци. Професионалните војници се мал број и не може да стигнат насекаде.
Граѓаните не се организирани ниту во она што порано беше ТО или ЦЗ, ниту се обучени и распоредени за било што. Накратко, ние сме целосно дезорганизирана држава на безбедносен план.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom