Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Годишно е за објектот каде што се наоѓа.Сметководителот воопшто не ми спомна за почетен капитал.
Во Скопје сум. Тоа месечно или годишно?
Мислиш сметководителот да наоѓа варијанти и да ми ги исплаќа месечно наместо да ги добијам на крај година?
Мислам дека оданочувањето е само на моја страна. Фирмата е со седиште во Србија но исплата би стигала од САД во девизи ($) при што се договарав да ме исплаќаат бруто, па јас да си покријам давачки тука (10% персонален данок при подигнување на годишната добивка и 1% доколку сум над 3 милиони).
А тие 5000 може да се искористат од приливите што би ги имал во текот на годината наместо да ги уплаќам јас?
---------
Друго, данок на добивка се пресметува на вкупната бруто сума уплати што сум ја имал во годината или на моменталното салдо на крај година?
Сметководителот ќе ти ги исплаќа на месечно ниво, наместо да земеш минималец, ќе ги имаш сите пари на крај од месецот, на нив ќе си платиш персоналец. Ако надминеш 3 милиони годишно, ќе имаш и 1% на целата сума, над 6 милиони ќе си имаш 10% на добивката. Повторно со мала креативност ќе ти останат повеќе пари
Ако приливот ти доаѓа од САД, тогаш ќе си проверите со сметководителот дали кон САД сме ослободени од двојно оданочување (мислам не сме, ама сепак за сигурно мора да се провери).
Прво ќе мора да ги продадете девизите, и од девизната сметка парите да легнат на денарската (тука ќе губиш некој денар, генерално имаме лош курс на девизи), па после тоа од денарската ќе ти исплаќаат тебе и ако имаш некакви подизведувачи.
Со сите маѓии и финти, најдобро ќе поминеш со 20% на тоа што ќе ти го даваат од таму, т.е ако од таму ти пуштаат 5000 долари, тука очекувај максимум 3800-4000 чисти (сумата по 0.75, 0.8). Ако се осигураш на сите коефициентот е уште полош (сумата * 0.6).
На крај од годината имаш годишна пријава (100тина евра), сметководител на месечно ниво, одржување на сметките (девизна и денарска), електронско банкарство 10тина евра. Исто верувам СВИФТ плаќањето ќе биде на твој трошок (20-30 евра), па во зависност од тоа колку ќе ти зема сметководителот планирај 100тина евра месечно да одат за тие трошоци.
Данок на добивка ќе имаш ако ги надминеш тие суми од погоре, до 2023та за вакви мали фирми мислам дека нема ни да има.