Регистрирање на фирма?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Сметководителот воопшто не ми спомна за почетен капитал.



Во Скопје сум. Тоа месечно или годишно?



Мислиш сметководителот да наоѓа варијанти и да ми ги исплаќа месечно наместо да ги добијам на крај година?
Мислам дека оданочувањето е само на моја страна. Фирмата е со седиште во Србија но исплата би стигала од САД во девизи ($) при што се договарав да ме исплаќаат бруто, па јас да си покријам давачки тука (10% персонален данок при подигнување на годишната добивка и 1% доколку сум над 3 милиони).



А тие 5000 може да се искористат од приливите што би ги имал во текот на годината наместо да ги уплаќам јас?

---------

Друго, данок на добивка се пресметува на вкупната бруто сума уплати што сум ја имал во годината или на моменталното салдо на крај година?
Годишно е за објектот каде што се наоѓа.

Сметководителот ќе ти ги исплаќа на месечно ниво, наместо да земеш минималец, ќе ги имаш сите пари на крај од месецот, на нив ќе си платиш персоналец. Ако надминеш 3 милиони годишно, ќе имаш и 1% на целата сума, над 6 милиони ќе си имаш 10% на добивката. Повторно со мала креативност ќе ти останат повеќе пари :)

Ако приливот ти доаѓа од САД, тогаш ќе си проверите со сметководителот дали кон САД сме ослободени од двојно оданочување (мислам не сме, ама сепак за сигурно мора да се провери).
Прво ќе мора да ги продадете девизите, и од девизната сметка парите да легнат на денарската (тука ќе губиш некој денар, генерално имаме лош курс на девизи), па после тоа од денарската ќе ти исплаќаат тебе и ако имаш некакви подизведувачи.
Со сите маѓии и финти, најдобро ќе поминеш со 20% на тоа што ќе ти го даваат од таму, т.е ако од таму ти пуштаат 5000 долари, тука очекувај максимум 3800-4000 чисти (сумата по 0.75, 0.8). Ако се осигураш на сите коефициентот е уште полош (сумата * 0.6).

На крај од годината имаш годишна пријава (100тина евра), сметководител на месечно ниво, одржување на сметките (девизна и денарска), електронско банкарство 10тина евра. Исто верувам СВИФТ плаќањето ќе биде на твој трошок (20-30 евра), па во зависност од тоа колку ќе ти зема сметководителот планирај 100тина евра месечно да одат за тие трошоци.

Данок на добивка ќе имаш ако ги надминеш тие суми од погоре, до 2023та за вакви мали фирми мислам дека нема ни да има.
 
Член од
19 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Сметководителот ќе ти ги исплаќа на месечно ниво, наместо да земеш минималец, ќе ги имаш сите пари на крај од месецот, на нив ќе си платиш персоналец. Ако надминеш 3 милиони годишно, ќе имаш и 1% на целата сума, над 6 милиони ќе си имаш 10% на добивката. Повторно со мала креативност ќе ти останат повеќе пари :)
Ако ми ги исплаќа месечно нели би имал многу поголеми трошоци за придонесите? Или не те разбрав добро.

Со сите маѓии и финти, најдобро ќе поминеш со 20% на тоа што ќе ти го даваат од таму, т.е ако од таму ти пуштаат 5000 долари, тука очекувај максимум 3800-4000 чисти (сумата по 0.75, 0.8). Ако се осигураш на сите коефициентот е уште полош (сумата * 0.6).
Може повеќе инфо околу бројките? Што мислиш под тоа да се осигурам на сите? Може грешка сум но првично имав некоја математика дека ќе има месечно 50 еур сметководител и 120 еур придонеси на минималец (севкупно околу 170-200 еур).
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Ако ми ги исплаќа месечно нели би имал многу поголеми трошоци за придонесите? Или не те разбрав добро.



Може повеќе инфо околу бројките? Што мислиш под тоа да се осигурам на сите? Може грешка сум но првично имав некоја математика дека ќе има месечно 50 еур сметководител и 120 еур придонеси на минималец (севкупно околу 170-200 еур).
Не, нема да имаш. Персонален данок мораш да платиш како и да ги вадиш.
Придонеси само на тоа што ти се води како плата.

Минимална ти е 22 150 бруто, 15 200 нето, во тие 7000 имаш: пензиско, здравствено, персонален и тн.

Значи има опција ако сакаш во иднина пензија да се осигураш на голема сума, во тој случај нетото ти е грубо 67% во однос на бруто сумата (пример на 60 000 имаш околу 39500 нето). Ако правиш финти, дел да бидат со придонеси (67%), дел да бидат извадени преку договори на дело/останати трошоци и тн. на нив имаш 10% персонален данок (затоа ти пишав, некој си просечен коеф. од 80% во однос на бруто сумата е солидна математика ако сакаш брза и грубо пресметка колку ќе ти останат за тебе).

Ќе го прашаш сметководителот и ќе ти објасни, за тоа го плаќаш, секако единствена работа му е пуштање на плата, и да ти среди завршна сметка. Гарант фактурите ќе си ги спремаш самиот.
 
Член од
19 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Друго што не ми е јасно зошто странциве инсистираат да имаш фирма за да работат со тебе?

Што добиваат со тоа?

Пример имам работено со странска фирма врз основа на авторски договор, ме плаќаа на моја лична девизна сметка. Па јас после си плаќав персонален данок во УЈП за секоја уплата. Немаше никаков проблем.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Друго што не ми е јасно зошто странциве инсистираат да имаш фирма за да работат со тебе?

Што добиваат со тоа?

Пример имам работено со странска фирма врз основа на авторски договор, ме плаќаа на моја лична девизна сметка. Па јас после си плаќав персонален данок во УЈП за секоја уплата. Немаше никаков проблем.
Помалку ги замара "нивното ујп", не знам за САД ама веројатно и таму може да си играат со данокот, ако имаат посериозен проект може да ти побараат и да плаќаш осигурување (Professional indemnify insurance) со што добиваат гаранција дека се ќе биде на време и како што треба, ако се голема корпорација имаат интерни ревизии и мора да ги правдаат парите и како стигнале да мораат да те земат баш тебе, полесно се докажуваат пред банките и државите дека парите не се за финансирање на терористи и сл.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.550
Здраво,

Прочитав многу мислења околу отворање на дооел фирма, но не успеав да извадам нзс.

Сакам да отворам дооел и да работам програмерски услуги со странски фирми. Едноставно така ми наложуваат, не сакаат да работат директно со физички лица. Значи не ми треба ништо што веќе го немам во станот во кој живеам.

Ако знае некој да ми образложи/потврди на следните точки:

- бидејќи сакам фирмата да се води на мојата домашна адреса, дали сметките би се смениле во индустриски? Сеуште би ги плаќал како физичко лице. Сметководителот вели дека ова би се случило само доколку некој експлицитно ме пријави во ЕВН на пример.

- прочитав и дека е потребен влог од 5000 еур?

- се пријавувам себе како вработен во мојот дооел и си плаќам придонеси на минималец. Остатокот го подигнувам на крај година со 10% персонален данок. Дополнителен 1% ако надминувам 3 милиони денари.

- колкав трошок има и колку време е потребно да се затвори фирмата доколку утре ми текне да сакам да престанам со работа?

Благодарам однапред.
1. Јас имам фирма ДООЕЛ на домашна адреса, сметките не ми се индустриски. Годишно плаќам 7.000 денари фирмарина, или комуналии како и да се викаше.

2. Јас ја отворив со влог од 5.000 евра. Мислам дека има неповратни кредити, само треба да изработиш бизнис план и да аплицираш. Фирмата треба да работи минимално 2 години или ќе го вратиш кредитот.

3. Остатокот што ти останува на сметка можиш да го вадиш со дивиденда 10% данок на сумата или ако можиш да го оправдаш како трошок за бизнисот, пример (другар купува компјутер од 2к еур и ти ја дава фискалната). За ова повеќе со книговодителот ако сака да ти заврши работа. Мојот е теле.

4. Ако правиш outsourcing надвор од државата ослободен си од данок без разлика колку обрт правиш.

5. За затворање не знам зошто сеуште i'm going strong.
Автоматски споено мислење:

Друго што не ми е јасно зошто странциве инсистираат да имаш фирма за да работат со тебе?

Што добиваат со тоа?

Пример имам работено со странска фирма врз основа на авторски договор, ме плаќаа на моја лична девизна сметка. Па јас после си плаќав персонален данок во УЈП за секоја уплата. Немаше никаков проблем.
Јас за странците што работам враќаат 39% ДДВ на услугите што им ги пружам.
Исто така можи да одбегнуваат плаќање поголем данок со што ќе ги оправдаат каде одат парите.
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.550
Јас кога почнав прагот беше 1 милион годишно кој го надминував и не платив ни денар данок. Објаснувањето од книговодителот беше тоа, демек не треба да плаќам ддв затоа што правам само outsourcing. :toe:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Јас кога почнав прагот беше 1 милион годишно кој го надминував и не платив ни денар данок. Објаснувањето од книговодителот беше тоа, демек не треба да плаќам ддв затоа што правам само outsourcing. :toe:
Не зборувам за ддв, туку за данок на добивка, над 3 милиони можеш да одбереш еден од двата модели (на цела сума 1%, или 10% на добивката), над 6 милиони имаш 10% на добивката. Во превод ако стигнеш да имаш обрт од 7 милиони денари, а покрај трошоците ти останале 5 милиони, ќе си платиш 10% на тие 5 милиони. Гледано бруто-нето релација, ќе имаш 20% на нив + 33% на сумата што ти била со плати.
Ако работи со мкд, над 2 милиони ќе има и ДДВ.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.550
Не зборувам за ддв, туку за данок на добивка, над 3 милиони можеш да одбереш еден од двата модели (на цела сума 1%, или 10% на добивката), над 6 милиони имаш 10% на добивката. Во превод ако стигнеш да имаш обрт од 7 милиони денари, а покрај трошоците ти останале 5 милиони, ќе си платиш 10% на тие 5 милиони. Гледано бруто-нето релација, ќе имаш 20% на нив + 33% на сумата што ти била со плати.
Ако работи со мкд, над 2 милиони ќе има и ДДВ.
Хм, појасно малце сега. Баш ќе одам деновиве кај него и ќе го прашам детално што како.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
- бидејќи сакам фирмата да се води на мојата домашна адреса, дали сметките би се смениле во индустриски? Сеуште би ги плаќал како физичко лице. Сметководителот вели дека ова би се случило само доколку некој експлицитно ме пријави во ЕВН на пример.
Нема сметките да се сменат во индустриски.
Може наредни години некој луд инспектор од УЈП да ти рече, кирија да си плаќаш сам на себе, за да плаќаш данок на државата :D

- прочитав и дека е потребен влог од 5000 еур?
Да, но може и непаричен, а и не мора одма, си постојат правила, сметководителот треба да ги знае. Ако не ги знае, најди друг, плати малку поскапо ама бар ќе ти кажува опции и совети.

- се пријавувам себе како вработен во мојот дооел и си плаќам придонеси на минималец. Остатокот го подигнувам на крај година со 10% персонален данок. Дополнителен 1% ако надминувам 3 милиони денари.
Добар план, бидејќи пензии, сразмерно на уплатата не очекувајте во иднина . Тој дополнителен 1% не знам зашто...врз основа на што, ако си дооел и си вадиш дивидиенда :toe:

- колкав трошок има и колку време е потребно да се затвори фирмата доколку утре ми текне да сакам да престанам со работа?
Ако нема движења на сметката приливи одливи, сметководителот ќе пушта завршна сметка со 0, па централен регистар сами ќе ја затворат после неколку години неактивна.

Друго, данок на добивка се пресметува на вкупната бруто сума уплати што сум ја имал во годината или на моменталното салдо на крај година?
На вкупната сума од 01.01.2022 - 31.12.2022 . Приходите - расходите = хххх вкупна сума. На таа сума ќе платиш 10% данок на добивка, а и кога ќе вадиш дивиденда уште 10% .
Во признати расходи ти влегуваат сите трошоци направени за дејноста, значи помалку данок на добивка ќе платиш.

Јас за странците што работам враќаат 39% ДДВ на услугите што им ги пружам.
Нешто си испомешал ти со даноци, ама ДДВ 39% поврат сигурно не е така. Баш прашај подетално, па сподели.
Данок на добивка мораш, само % зависи како си регистриран.

Ако работи со мкд, над 2 милиони ќе има и ДДВ.
Ова мислиш на физичко лице, ако има приливи поголеми од 2 милиони денари (не плата) дека ќе стане ддв обврзник !! Трговец поединец е друго и под други правила подлежат. Фирмите нема врска дал е под или над.

Доколку мислиш на мкд фирма која нуди услуги на странци зависи од дејноста. Пример аутсорсинг за транспорт е обврзник и ќе смета ддв во фактурите:
Услугата „логистичка поддршка од далечина „tracking and logistic“, како помошна услуга во меѓународниот транспорт е услуга од членот 14, став 1 од Законот за ДДВ. Оваа услуга ќе се смета за извршена во местото во кое е резидентен вршителот на услугата, односно, македонски ДДВ обврзник е обврзник за ДДВ за ваквата услуга без оглед дали е извршена за нерезидент (странец).
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Ова мислиш на физичко лице, ако има приливи поголеми од 2 милиони денари (не плата) дека ќе стане ддв обврзник !! Трговец поединец е друго и под други правила подлежат. Фирмите нема врска дал е под или над.

Доколку мислиш на мкд фирма која нуди услуги на странци зависи од дејноста. Пример аутсорсинг за транспорт е обврзник и ќе смета ддв во фактурите:
Услугата „логистичка поддршка од далечина „tracking and logistic“, како помошна услуга во меѓународниот транспорт е услуга од членот 14, став 1 од Законот за ДДВ. Оваа услуга ќе се смета за извршена во местото во кое е резидентен вршителот на услугата, односно, македонски ДДВ обврзник е обврзник за ДДВ за ваквата услуга без оглед дали е извршена за нерезидент (странец).

Инаку и кај фирмите има над/под, особено ако работиш со клиенти кои воопшто не се присутни кај нас и државата има договор со таа држава да нема двојно оданочување (зборувам за ИТ дејности, и консултантски услуги, за шпедиција немам искуство).
 
Член од
19 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Инаку и кај фирмите има над/под, особено ако работиш со клиенти кои воопшто не се присутни кај нас и државата има договор со таа држава да нема двојно оданочување (зборувам за ИТ дејности, и консултантски услуги, за шпедиција немам искуство).
Kade moze da se doznae ovaa informacija?
Автоматски споено мислење:

На вкупната сума од 01.01.2022 - 31.12.2022 . Приходите - расходите = хххх вкупна сума. На таа сума ќе платиш 10% данок на добивка, а и кога ќе вадиш дивиденда уште 10% .
Во признати расходи ти влегуваат сите трошоци направени за дејноста, значи помалку данок на добивка ќе платиш.
Dali vo rashodi vleguvaat pridonesite i platata na minimalec sto bi si ja plakal na sebe?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Kade moze da se doznae ovaa informacija?
За 100% сметководителот ќе ти праша во УЈП, ама мислам дека немеме договор.
Ако им е точна листата тука, еве:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Kade moze da se doznae ovaa informacija?
Автоматски споено мислење:



Dali vo rashodi vleguvaat pridonesite i platata na minimalec sto bi si ja plakal na sebe?
Влегуваат, ама немаш корист ако уплаќаш повисоки придонеси, освен да се надеваш дека би имал висока пензија, арно ама со овакви буџети, тешко тоа. :D Придонесите на плата ти се 38% од износот на платата. Ти направи си пресметка и проценка дали ти се исплати нето плата 120.000 денари, 30.000 или минималец.

Ако имаш дополнителни финансии (од претходно заштеда или родители или што ти ја знам) кои ќе ти помогнат за нормален живот, тогаш немаш потреба од висока плата. После завршената година ќе си извадиш дивиденда. Повеќе гледај на другите трошоци поврзани со дејноста, како што ти кажаа компјутерска опрема и слично. Ако 2022 ја завршиш со добивка, во 2023 покрај тоа што ќе извадиш дивиденда од добивката остварена за 2022, од 01.09.2023 до 31.12.2023 можеш да си извадиш и авансна дивиденда ако имаш потреба од пари.

Лестер веќе ти објасни за девизните приливи, гледај претходно да се договориш банкарските трошоци за уплатата да бидат или поделени, секој да си ги плати своите банкарски трошоци, или 100% ако можеш тие да си ги платат. Ако приливите ти доаѓаат од Србија, а тие имаат девизна сметка во Халк банка Србија, (мислам дека и за НЛБ е ист случајот) и тебе ако ти е девизната сметка во Халк Банка, тогаш најдобро е за двете страни, ќе немате банкарски трошоци. Ти гледај прави пари, после лесно е :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom