Здраво,
Прочитав многу мислења околу отворање на дооел фирма, но не успеав да извадам нзс.
Сакам да отворам дооел и да работам програмерски услуги со странски фирми. Едноставно така ми наложуваат, не сакаат да работат директно со физички лица. Значи не ми треба ништо што веќе го немам во станот во кој живеам.
Ако знае некој да ми образложи/потврди на следните точки:
- бидејќи сакам фирмата да се води на мојата домашна адреса, дали сметките би се смениле во индустриски? Сеуште би ги плаќал како физичко лице. Сметководителот вели дека ова би се случило само доколку некој експлицитно ме пријави во ЕВН на пример.
- прочитав и дека е потребен влог од 5000 еур?
- се пријавувам себе како вработен во мојот дооел и си плаќам придонеси на минималец. Остатокот го подигнувам на крај година со 10% персонален данок. Дополнителен 1% ако надминувам 3 милиони денари.
- колкав трошок има и колку време е потребно да се затвори фирмата доколку утре ми текне да сакам да престанам со работа?
Благодарам однапред.
Нема да се сменат по автоматизам во индустриски.
Единствено ако си во Скопје, ќе ти пратат да си платиш комунална такса на објектот (стотина евра).
Да, треба 5000 евра, но не мораш да ги уплатиш веднаш, само ќе треба да наведеш дали е паричен/непаричен влог (иако и ова мислам дека може да се промени понатаму). Тие 5к евра уплати ги по една година, таман дотогаш ќе знаеш дали ќе оди бизнисот или не.
Ако не ги платиш може и да ти ја затворат самите (најефтиниот начин), ама може и да ти пишат и прекршочна. Инаку стечајна постапка, или ликвидација, мислам ќе те фатат до кај 600 евра, сепак не сум баш запознаен со деталите кај овие две (само пази што ќе купуваш преку фирма, да не се заглавиш во пребивање на ддв).
Можеш да ги вадиш на минималец, а останатите да ги правдаш како трошоци, или пак со договори за деловно техничка соработка, НО не е препорачливо ако станува збор за големи суми. Пример да пуштиш како плата 22 000, а да вадиш како останати трошоци уште 200 000.