Револуција во Босна и Херцеговина

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Што мислите само нашите политичари се лопови,овие во развиените земји не крадат.Демек ние немаме ресурси за да направиме без преголем напор убаво место за живеење на два милиона народ?И некој поштен да успее да се дочепа до власт,да има знаење и идеја како реално да донесе напредок во државата,не преку барање треторазредни инвеститори,покачување плати на државна администрација и пензии со кредити ќе заврши како Борис Трајковски во првите месеци од мандатот,ако и успее да биде избран.Без разлика кој е на власт секогаш ќе биде под притисок на некои луѓе и земји кои нема да дозволат ниедна држава на Балканот да напредне се додека тоа не е во нивен интерес.Аман бе уште ли не сфативте во каков свет живеете,како функционира светскиот поредок..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.362
Под превезот на социјални права и еднаквост, многу е можно, во протестите да бидат инфилтрирани и други агенди.
Немуслиманите од Босна би требало да заземат внимателно избрана позиција кон овие протести. Инаку, може едно утро да се најдат на иста страна со групи кои најрадо би ги убиле нив самите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.204
Поени од реакции
25.931
Немуслиманите од Босна би требало да заземат внимателно избрана позиција кон овие протести. Инаку, може едно утро да се најдат на иста страна со групи кои најрадо би ги убиле нив самите.
Не им е толку сложено. Србите само ќе си чекаат сите да речат дека државата е и официјално нефункционална и да побараат отцепување на Српска. Хрватите ако се вжешти и другарчињата на Бакир станат единствен релевантен фактор кај муслиманите ќе соберат 4 кантони. Границите се дефинирани, ова сега е само исклучување од апарати.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во Македонија 20 години нема протести оти Американците и Еу така сакаат, не оти сме ние таков народ. Нема кој да не буцне. И во Турција не им дојде преку глава од закончињата на Ердоган. И во Украина. И во Словенија. И во Италија. И во Грција ги буцкаат. И Бугариве ги напалија јако. Еве и Босна. И нив ги контролираат Марсовци. И тотално забегување. И ние наивни никако да видиме дека за да се крене народ на нозе доволно е еден само камен да фрли кон Влада зошто до таму е доена работата. Треба некој да им рече фрлете камења кон Влада! Јуришш. Демек не е тоа сечија желба со багер да влезе во парламент и све да покоси. Само кога би му се споила жута минута некому. Нема поопасна работа од спонтан протест, ниту Еу ниту Свети Америка тоа неможе да го организира.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.135
Поени од реакции
12.597
А што еве ако се деси такво нешто, што би се сменило?
Само дополнителен хаос... Така сме отепани уште тоа ни фали.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова се вика бед тајминг. Додека илјадници луѓе се на улица и сакаат да те спалат, наместо да дадеш оставка ти ги пцуеш :D

Политичарите на балкан слободно можеш да ги однесеш на бесилка еве:

Premijer Vlade Kantona Sarajevo je na izuzetno drzak način odgovorio novinarki Hayata na pitanje hoće li podnijeti ostavku na svoju funkciju.
Oglasi:

Ako ste mislili da ste čuli i vidjeli sve što se tiče protesta, prevarili ste se! Hayat TV je objavila snimak telefonskog poziva upućenog premijeru KS Suadu Zeljkoviću, piše Source.ba
Nakon što je rekao novinarki da ne može dati izjavu, ona ga je upitala:”Možete li onda dati ostavku?”
Kako je Zeljković reagovao poslušajte u videu
http://www.bh-index.com/premijer-suad-zeljkovic-opsovao-novinarki-hayata-mrs-u-pi-materinu-video/#
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.080
Поени од реакции
11.470

Отиде овој надолу низ ВЦ шољата:
Премиерот на Кантонот Сараево поднесе оставка


Премиерот на кантоналната Влада во Сараево, Суад Зељковиќ, од Партијата за демократска акција (СДА), денеска поднесе оставка.
Тој, како што наведе, ја поднел оставката на состанок на партијата.
Претходно босанските медиуми јавија дека Зељковиќ на новинарка од телевизијата „Хајат“ и упатил вулгарни зборови кога таа го прашала дали може да и даде изјава.
Во меѓувреме, околу 200 граѓани, главно млади луѓе, се собрале попладнево пред зградата на Претседателството на БиХ, блокирајќи го сообраќајот во овој дел на Сараево.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Има и пострашни работи од ова што се случува во Босна,еве например видете на Арсенал денес што му се деси..
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
И сега што... искршија запалија...си отидоа актуелните од власт. И? Поприлично инфантилно однесување на разулавена толпа.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.825
Поени од реакции
6.351
А што еве ако се деси такво нешто, што би се сменило?
Само дополнителен хаос... Така сме отепани уште тоа ни фали...
Доволно е да пратиш порака дека нема така лесно да ги стрижиш тие овци повеќе.
И тој дополнителен хаос е подобар од ќутење и седење со наведната глава.А и многу им е гајле на тие излезените за тој дополнителен хаос....ко да има нешто што вреди да се очувува.
Материјалната штета е помала од 1 промил од буџетот,а нешто да можат да изгубат тие што протестираат - немаат.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Под превезот на социјални права и еднаквост, многу е можно, во протестите да бидат инфилтрирани и други агенди.
Немуслиманите од Босна би требало да заземат внимателно избрана позиција кон овие протести. Инаку, може едно утро да се најдат на иста страна со групи кои најрадо би ги убиле нив самите.

Глупердите од Белград пак ќе потфрлат. А глупердите од Српска ќе се излажат, ќе ги понесе еуфорија. Во Тузла веќе потфрлија.

другарчињата на Бакир
Другарчињата на Бакир останаа на нозе. На Ердоган влакно не му фали. Ако успеат(а веќе успеваат) да ги замајат србите да излезат на улица, самото излегување ќе го искористат како легитимирање на иницијативата за унитарна држава. Многу другарчиња има Бакир и многу попосветени, ќе ја изигра.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.825
Поени од реакции
6.351
Глупердите од Белград пак ќе потфрлат. А глупердите од Српска ќе се излажат, ќе ги понесе еуфорија. Во Тузла веќе потфрлија.


Другарчињата на Бакир останаа на нозе. На Ердоган влакно не му фали. Ако успеат(а веќе успеваат) да ги замајат србите да излезат на улица, самото излегување ќе го искористат како легитимирање на иницијативата за унитарна држава. Многу другарчиња има Бакир и многу попосветени, ќе ја изигра.
Напротив Србите си играат паметно.РС е мирна и молчи и си гледа од страна.Освен вербалните закани на Додик, кои барем искрено си кажува како стојат работие, РС е мирна и не им дава поводи да ја чепкаат.
Напротив ако се случи пак нешто во Босна муслиманите ќе бидат тие што ќе ја почнат рчката.Тие се во моментот најратоборни и најмногу се палат.
Не се летаат веќе како порано Србите,задоволни се со РС и таа им е повеќе од доволна и само чекаат другата страна да им даде повод да си ги спакуваат куферите.А според тоа како се однесуваат странците се повеќе и повеќе не верувам да наиде тоа и на жесток отпор од страна на западот.Веќе и на нив им е смачено од тој накараден протекторат.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Супер тоа. И пред војната Србија беше во оптимална позиција, никој не сакаше да се меша, западот од страна гледаше, им опнаа ембарго, Алија со камења војуваше, па најдоа начин сами да се доведат до Дејтон. И на Косово брилијантно изиграа. Сега, Русија презафатена, Европа несигурна, со една Турција и една арапска лига како папочна врвца на Бакир, бошњаците се во многу подобра позиција од таа пред војната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom