Вчера искочи интересно видео како опозицискиот пратеник Небојша Вукановиќ им влага на 4ца судии у кафана и ги прави лом во 10 30 сабајле поради нивни пресуди каде што ослободиле педофили и убијци.
3:56 му вика на судијата: Дали си корумпиран, а овој одговара, не сум.
3:59 го прашува: Дали си поштен? Овој мукла, ќути, штурци се слушаат.
Истите проблеми како и кај нас така и таму. Најкорумпирани се судиите и обвинителите, кои ја штитат мафијата и организираниот криминал на власта.
Исто интересен лик од таму е Драшко Станивуковиќ, моментално градоначалник на Бања Лука, член на опозициска партија исто, кој што има еден куп опструкции од власта на Додик, затоа што пробува да им ја бутне целата градежна мафија, и да воведе ред.
Добро е што искачаат вакви ликови на Балканов, на кои им е дојдено преку глава од се, и пробуваат да променат се од корен.