Реализирај ја твојата бизнис идеја сега!

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Се ви е тоа ок ама тој што има бизнис идеја најчесто не му е проблем канцеларија и лаптоп туку пари за финансирање нешто што вие не нудите. Вака ми се чини наградата е џабе и единствено ако ќари од референтите а и тоа е под голем знак прашалник. Не дека ве критикувам ама сметам сте утнале во чекори.
 
T

Tetro

Гостин
Ajde vaka...

Ajde so sponzoite da resime ednas za sekogas...

Site mediumi samo ni ostapuvaat prostor!
HP i Duna davaat kompjuteri koi nie VAS VI GI DAVAME!
Koma, Kalaplat = dizajni za posteri, flaeri!
Global NET ni ja administrira stranata!
Dobra Voda, Casablanka = voda i jadenje za nastanot, koe VIE KE GO PIETE I JADETE!
Neocom ke sponzorira ucesnici!

Kade gledas zarabotka????

Dokolku imate drugi prasanje i nejasnosti, mozete slobodno da dojdete vo PSM ke vi objasnime naljubezno toa sto ve intereseira!!!

Bidejki otprilika bese stavena vrednosta na nagradata...

Detalno:

4te HP laptopi cinat po 550 evra sekoj ili vkupno 2200 evra.
Vkupno 9 meseci kancelarija e 150 evra po mesec ili vkupno 1350 evra.
Registracija na firma 200 evra.
Konsultantski uslugi vo vrednost od 100 evra.

___________________
Vkupno: 3850 evra!!!
................http://forum.kajgana.com/threads/Реализирај-ја-твојата-бизнис-идеја-сега.51695/#post-4182053

Бизнис Старт-ап Центарот на УКИМ, кој исто така се организира како натревар секоја година и од година во година расте фондот на награди (оваа година главната награда беше 21.000 евра.), и притоа учесниците не уплаќаат никакви средства за да влезат во игра.
--- надополнето: Jun 13, 2011 3:32 PM ---
Поздрав дечки и ако имате прашања, повелете слободно (и хејтање е дозволено) :)
Колку ве има во YES/ПСМ? Дојдовте во тесно, па почнавте сите да правите јузери на кајгана. :D
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
11
Поени од реакции
1
Се ви е тоа ок ама тој што има бизнис идеја најчесто не му е проблем канцеларија и лаптоп туку пари за финансирање нешто што вие не нудите. Вака ми се чини наградата е џабе и единствено ако ќари од референтите а и тоа е под голем знак прашалник. Не дека ве критикувам ама сметам сте утнале во чекори.
Takov e nastanot, po licenca go dobivme. ne smeeme nisto da odzemame/dodavame.
Se slozuvam apsolutno deka parite se golem problem.
Se dodeka vo Makedonija ne se oformi mreza na biznis angeli ramkite na dejstvuvanje se organicuvacki.

Pozdrav
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
Здраво на сите,

јас сум Наташа- Проектен менаџер на настанот Startup Weekend (ако пукате нишанете накај мене (y))

Ви благодарам на сите на коментарите, добро е да можеме да видиме како вие размислувате(y). Сепак настанот не го органзираме за себе... (иако за жал голем дел од вас мисла така).

Се чувствувам должна да ви дадам неколку појаснувања:

1. Вашето генерално мислење е дека ние ќе направиме профит од настанот- Ние сме непрофитна организација како правна форма, што значи дека не можеме да правиме профит и ако се случи нешто да остане тоа мора да биде реинвестирано. Дополнително, имаме строга контрола од оние кои ни ја дадоа лиценцата Startup Weekend од Сиетел, Вашингтон; па доколку се случи да оствариме добивка со настанот, мора да ја реинвестираме во нов настан.... верувале или не, сепак мое е да ве информирам за ова :)

2. Навистина имаме многу спонзори, им благодарам на сите (y) не плаќаме лаптопи (благодарност на ХП и Дуна) и сето она што го спомна колегата погоре... но за жал, македонските компании не даваат финансии.. само нешто за компензирање. Па, земајќи во предвид дека ќе добиеме 3000 ЕУР од билетите од учесниците, а треба да покриеме пат и сместување за Startup Weekend specialist- от од Нант, Франција; сместување и дневници за двајцата експерти од Холандија (на нив не им го плаќаме патот), пат и сместување за професорот од Атина... печатење на билборди (за жал за ова не добивме спонзорство), печатење на 4000 флаери, 300 постери и секако трошоците кои ние ги имаме за „поклонување на канцеларии“ во износ од 1350 ЕУР (нели секако тоа би можеле да го наплатиме ние на други фирми)... по моја математика сме во минус во износ од 1251 ЕУР...

3. Во однос на заштита на вашите идеи- се сложувам со вас, ако имам супер идеја и јас би сакала да ја заштитам, но истовремено и да ја остварам! Не можете да мислите дека ќе успеете ако ги чувате идеите „под перница“... за тоа време некој друг ќе ги оствари ако вие чекате „чудо“. Јас работам 2 години во ПСМ Инкубаторот и дел од моите одговорности е и регрутирање на нови компании... секоја недела јас слушам по минимум 10 одлични идеи за бизнис... но може да проверите дека јас немам сопствен бизнис, а и секоја идеја е вредна за оној кој ја смислил... јас и кога би сакала да му ја „украдам“ идејата на некој, не би знаела како да ја спроведам... за нашата дискреција и поткрепување на добрите идеи стојат 55 те компании кои сме ги поддржале преку инкубаторот... проверете на нашата веб страна www.yes.org.mk можете и да дојдете да поразговарате со нив :)

И да не должам многу, би завршила со коментарите за наградите... ова се средства за да почнете со бизнисот, останатото е на вас... некој ќе ви помогне во почетокот, ама нема да го води бизнисот за вас... и никој нема да ви даде пари без да ви земе дел од бизнисот, ние ова не го бараме... Имаше еден куп субвенции во изминатите 3 години од страна на на владата- кеш 300 ЕУР... дали знаете колкав е процентот на успешност на компаниите?????

Дечки, секој има идеја од 100000... $ ама тоа не ве прави посебни... посебни сте ако имате идеја со која со мала инвестиција вие ќе направите 100000... $!!!

Поздрав,
Наташа
--- надополнето: Jun 13, 2011 4:53 PM ---
Колку ве има во YES/ПСМ? Дојдовте во тесно, па почнавте сите да правите јузери на кајгана. :D

Јас признавам- нова сум :noze:...
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
Во право си... има грешка во износот... лаптопите се во вредност од 2200 еур (ова е по мојата корекција која ја испратив до колегите)... можеш да провериш колку чини HP ProBook 4520 (WT121EA)... цената која нас ни ја пресметаа како спонзорство е 33 595 без ДДВ.
 

fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
Абе на ова etoro, се прават добри пари.
Потребни средства и алатки:
-компјутер (лаптоп, десктоп, или само од мобилен кој има Андроид ОС.)
-интернет, просечен немора да е некој брз,
-ВИСА Интернет картичка,
-1000 $ почетен капитал, ( оваа сума не е фиксна, мин е 50$, ама не е тоа работа, лесно се губат ситни пари)
-Доволно време за следење на берзата на еторо.
Секакви коментари се добредојдени!
 
P

Princ

Гостин
Во право си... има грешка во износот... лаптопите се во вредност од 2200 еур (ова е по мојата корекција која ја испратив до колегите)... можеш да провериш колку чини HP ProBook 4520 (WT121EA)... цената која нас ни ја пресметаа како спонзорство е 33 595 без ДДВ.
Изгледа ве зафркнале. 32.922 со вклучен ДДВ, без никаков попуст.

Како и да е, јас не би учествувал. Во суштина, добрите идеи вредат пари и носат пари. Ако некој има добра идеја а не може никако да најде 2000 евра за да ја реализира таа идеја, нека си купи јаже. Или јас ќе му купам.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Абе на ова etoro, се прават добри пари.
Потребни средства и алатки:
-компјутер (лаптоп, десктоп, или само од мобилен кој има Андроид ОС.)
-интернет, просечен немора да е некој брз,
-ВИСА Интернет картичка,
-1000 $ почетен капитал, ( оваа сума не е фиксна, мин е 50$, ама не е тоа работа, лесно се губат ситни пари)
-Доволно време за следење на берзата на еторо.
Секакви коментари се добредојдени!
Ти до сега колку си во профит ?
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Незнам колку од вас ќе се сетат на следново:

Пред неколку години на А1 имаше натпревар за "бизнис идеја".

И требаше да биде како посебна емисија,во која ќе се пријават стотици кандидати со своите бизнис идеи,и преку елиминирање(полуфиналиња,финалиња) да се награди најдобрата идеја со голем износ.

Е ама за да не биде се така подмачкано и прекрасно,паметните добија преку 200 бизнис идеи,и при тоа направија една селекција-филтрација и останаа 100тина(меѓу кои и еден познаник со своја идеја).

И за да биде уште по интересно од тогаш до денес,нема ни трага ни глас од тој настан. Аш

Инаку голем поздрав до оние кои годинава ќе глумат организатори,и при тоа ќе се изрезилат феноменално,па ќе мораат да доставуваат свои бизнис идеи(од организаторите) за да не им пропадне проектот.

А за догодина или понатаму,спремете си 100.000 евра фонд,и ќе видите како ќе дојдете до здрави бизнис идеи,а до тогаш уживајте си во вашите "непрофитни организации".
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
Не можеш нас да не поврзуваш со настан пред неколку години, кој нема никаква конекција со нас. До сега ПСМ инкубаторот има организирано по минимум 2 натпревари во бизнис идеи и/или бизнис планови, сите успешно и со резултати- минимум 2 новоотворени компании на секој натпревар.

Добрите идеи не почнуваат со 100.000 ЕУР, почнуваат со многу малку и прават многу пати по 100.000 ЕУР. Како шро кажав, секој има идеја со млиолиони инвестицицки капитал... ама тоа не значи дека секој ќе успее, па макар и кога ќе им дадете толку пари... ќе успеат само да ги потрошат.

А, тоа дека не успеале до сега настаните од ваков тип не зборува за лоша организација, туку зборува за младина која преферира да ги фрли парите на алкохол на Ленинова и да си го скапе џигерот, отколку да инвестира во себе... наверјотано зошто не веруваат во тоа што го можат и зошто повеќе им одговара да седат и да се жалат дека ништо не чини во државата... треба да ја направат промената која сакаат да ја видат.. никој друг нема да го направи тоа за нив!

Би сакала да ве поканам сите на кафе во инкубаторот (еве мапа каде може да не најдете http://yesincubator.org.mk/Contact/Map.aspx?l=63), може да се видиме да и направиме муабет и да ве запознаеме со компаниите, да ви кажат тие што имаме ние направено за нив... некои од нив беа формирани по вакви натпревари.
 
P

Princ

Гостин
А, тоа дека не успеале до сега настаните од ваков тип не зборува за лоша организација, туку зборува за младина која преферира да ги фрли парите на алкохол на Ленинова и да си го скапе џигерот, отколку да инвестира во себе... наверјотано зошто не веруваат во тоа што го можат и зошто повеќе им одговара да седат и да се жалат дека ништо не чини во државата... треба да ја направат промената која сакаат да ја видат.. никој друг нема да го направи тоа за нив!
Муабетов ти има 0 смисла.
Како успеа да го надоврзеш овие две работи?
Младината која преферира и има пари да ги фрли на алкохол на Ленинова, комотно може да уринира на вашата донација од 2000 евра (пази во не-парична форма) затоашто 2000 евра се смешна сума за нив.
Ќе ги повторам зборовите на Македонец: соберете фонд од 100.000 евра, во кеш (а не тука да се заебаваме со лаптопи, ко ова да е наградна игра... што менаџер си кога не знаеш дека бизнис не се почнува со лаптоп туку со пари), на оние што нема да победат не им ги одзимајте идеите, и ќе се видиме.
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
Муабетот ми има смисла кога правиш математики за цената за учество- а јас ти прикажав нешто што се вика опортунитетен трошок, и тоа не се целна група... тоа е младината! Повеќето преферираат добро да се напијат и да седнат и да плачат зошто немаат работа! Или пак да постираат по 8324 мислења на Кајгана, зошто очигледно немаат што да прават....Еве ти краток одговор- зошто не ја бараат или пак не знаат самите да створат нешто.

И јас ќе ти повторам: имам 50 факти кои докажуваат дека бизнис се почнува со лаптоп... ама за тоа треба талент.. и писменост пред се!

Повеќе немам што да ти кажам и коментирам... вниманието го насочувам кон луѓе со потенцијал!
 
P

Princ

Гостин
Муабетот ми има смисла кога правиш математики за цената за учество- а јас ти прикажав нешто што се вика опортунитетен трошок, и тоа не се целна група... тоа е младината! Повеќето преферираат добро да се напијат и да седнат и да плачат зошто немаат работа! Или пак да постираат по 8324 мислења на Кајгана, зошто очигледно немаат што да прават....Еве ти краток одговор- зошто не ја бараат или пак не знаат самите да створат нешто.
Тие луѓе немаат идеи за бизнис, така да не гледам потреба воопшто да бидат спомнувани во темава.
Оние со идеи, се снаоѓаат и сами. Посебно не им зависи бизнисот од лаптоп.

Повеќе немам што да ти кажам и коментирам... вниманието го насочувам кон луѓе со потенцијал!
Сопственик сум на 3 мали бизниси, и уште 2 кои ќе бидат започнати/реализирани во наредниве 12 месеци. Започнати од 0, правилно растени, без да преварам никого.
Имам потенцијал, и воедно голем ми е.
Во секој случај, лоша проценка ми удри. Не би ти дал моја идеја да процениш, рака на срце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom