Здраво на сите,
јас сум Наташа- Проектен менаџер на настанот Startup Weekend (ако пукате нишанете накај мене
)
Ви благодарам на сите на коментарите, добро е да можеме да видиме како вие размислувате
. Сепак настанот не го органзираме за себе... (иако за жал голем дел од вас мисла така).
Се чувствувам должна да ви дадам неколку појаснувања:
1. Вашето генерално мислење е дека ние ќе направиме профит од настанот- Ние сме непрофитна организација како правна форма, што значи дека не можеме да правиме профит и ако се случи нешто да остане тоа мора да биде реинвестирано. Дополнително, имаме строга контрола од оние кои ни ја дадоа лиценцата Startup Weekend од Сиетел, Вашингтон; па доколку се случи да оствариме добивка со настанот, мора да ја реинвестираме во нов настан.... верувале или не, сепак мое е да ве информирам за ова
2. Навистина имаме многу спонзори, им благодарам на сите
не плаќаме лаптопи (благодарност на ХП и Дуна) и сето она што го спомна колегата погоре... но за жал, македонските компании не даваат финансии.. само нешто за компензирање. Па, земајќи во предвид дека ќе добиеме 3000 ЕУР од билетите од учесниците, а треба да покриеме пат и сместување за Startup Weekend specialist- от од Нант, Франција; сместување и дневници за двајцата експерти од Холандија (на нив не им го плаќаме патот), пат и сместување за професорот од Атина... печатење на билборди (за жал за ова не добивме спонзорство), печатење на 4000 флаери, 300 постери и секако трошоците кои ние ги имаме за „поклонување на канцеларии“ во износ од 1350 ЕУР (нели секако тоа би можеле да го наплатиме ние на други фирми)... по моја математика сме во минус во износ од 1251 ЕУР...
3. Во однос на заштита на вашите идеи- се сложувам со вас, ако имам супер идеја и јас би сакала да ја заштитам, но истовремено и да ја остварам! Не можете да мислите дека ќе успеете ако ги чувате идеите „под перница“... за тоа време некој друг ќе ги оствари ако вие чекате „чудо“. Јас работам 2 години во ПСМ Инкубаторот и дел од моите одговорности е и регрутирање на нови компании... секоја недела јас слушам по минимум 10 одлични идеи за бизнис... но може да проверите дека јас немам сопствен бизнис, а и секоја идеја е вредна за оној кој ја смислил... јас и кога би сакала да му ја „украдам“ идејата на некој, не би знаела како да ја спроведам... за нашата дискреција и поткрепување на добрите идеи стојат 55 те компании кои сме ги поддржале преку инкубаторот... проверете на нашата веб страна
www.yes.org.mk можете и да дојдете да поразговарате со нив
И да не должам многу, би завршила со коментарите за наградите... ова се средства за да почнете со бизнисот, останатото е на вас... некој ќе ви помогне во почетокот, ама нема да го води бизнисот за вас... и никој нема да ви даде пари без да ви земе дел од бизнисот, ние ова не го бараме... Имаше еден куп субвенции во изминатите 3 години од страна на на владата- кеш 300 ЕУР... дали знаете колкав е процентот на успешност на компаниите?????
Дечки, секој има идеја од 100000... $ ама тоа не ве прави посебни... посебни сте ако имате идеја со која со мала инвестиција вие ќе направите 100000... $!!!
Поздрав,
Наташа
--- надополнето: Jun 13, 2011 4:53 PM ---
Колку ве има во YES/ПСМ? Дојдовте во тесно, па почнавте сите да правите јузери на кајгана.
Јас признавам- нова сум
...