Реализирај ја твојата бизнис идеја сега!

Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
Тие луѓе немаат идеи за бизнис, така да не гледам потреба воопшто да бидат спомнувани во темава.
Оние со идеи, се снаоѓаат и сами. Посебно не им зависи бизнисот од лаптоп.

Сопственик сум на 3 мали бизниси, и уште 2 кои ќе бидат започнати/реализирани во наредниве 12 месеци. Започнати од 0, правилно растени, без да преварам никого.
Имам потенцијал, и воедно голем ми е.
Во секој случај, лоша проценка ми удри. Не би ти дал моја идеја да процениш, рака на срце.
Се извинувам за погрешната проценка! Ти посакувам успех и со постоечките и со новите бизниси... Како таков барем ти би требало подобро да знаеш дека е потребно некој да ти даде само поттик, а не милион долари за да започнеш... контрадикторен си во изјавата, ти си тој кој треба да им каже на младите дека може да направат нешто од ништо и да им даде малку желба да направат нешто со себе... а не да плукате по луѓе кои се трудат да им објаснат дека не е се така црно.

Во секој случај, јас не оценувам ничии идеи... јас сум само организатор на настанот... проценката за тоа ја оставам на некој кој објективно би го направил тоа и има зад себе барем 20 години искуство!
 
Член од
4 август 2010
Мислења
51
Поени од реакции
9
Како таков барем ти би требало подобро да знаеш дека е потребно некој да ти даде само поттик, а не милион долари за да започнеш...
Ако некој успеал да состави добра идеја за бизнис, самиот ќе си даде поттик. Не треба да дава 50 евра за да му ја видат идејата и да му речат “Браво, супер, само напред“. Ако целта на настанот е само поттик, не треба воопшто да се реализира затоа што секој кој размислуа за составување на идеја и креирање на бизнис има доволно поттик да почне, но нема финансии (ист беше случајот и со мене пред 2 години). А тоа дека ќе залажете некој за 4 лаптопи тешка работа, навистина. На сите им требаат пари најпрво за: регистрирање фирма, подмирување на книговодител, потоа кирија, па сметки за струја и вода, во предвид е и интернетот, па најважното МАРКЕТИНГОТ и ред други трошоци кои ги има секој за почеток.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
11
Поени од реакции
1

Здраво,

Би те советувал во иднина, не само на форуми туку и секаде, најпрво да ги прочиташ сите информации пред да коментираш, затоа што во спротивно звучиш смешно.

Целта е поттик, меѓутоа во реално дефинирани елементи.

  • 4 лаптопи кои се основен елемент за водење бизнис ( кои вредат 2.200 евра) се значителна почетна инвестиција).
  • Понатаму... ПСМ дава 6 месеци канцеларија во инкубаторот (опремена со мебел) каде сите трошоци (струја, вода, парно, телефон, интернет) се платени.
  • Регистрирањето на фирма истотака го покрива ПСМ.
  • Експертите кои ќе бидат настанот нема само да викаат "Браво супер" туку конкретно ќе даваат насоки каде треба да се доработи бизнисот. ТЕ МОЛАМ ОДИ НА http://skopje.startupweekend.org/ И ПРОЧИТАЈ МАЛКУ ЗА МЕНТОРИТЕ КОИ ЌЕ ДОЈДАТ!
  • Книговодителот на ПСМ им стои на располагање за време од 6 месеци.
  • МАРКЕТИНГОТ кој ПСМ го прави за фирмите е постојано промовирање на фирмите на сите домашни и странски конференции со цел наоѓање партнери за соработка.
  • Како пример би ја истакнал следнава приказна - (една од компаниите во Инкубаторот (www.innovation.com.mk) се поврзува со холандска компанија Satellite Services (www.satserv.nl) при што заеднички е подготвен софтвер за декодирање/процесирање на информации како дел од Програмата за соработка со растечки пазари. ) Овој договор е вреден над 1 милион евра.

Доколку ова не е поттик, тогаш навистина јас не знам што може да понудиме за на некој да му се олесни започнувањето на бизнисот.

Поздрав,

И се најдобро.

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Работава кажи ми како да правам пари па ќе ти дадам тебе една трошка.. глупости..
 
Член од
4 август 2010
Мислења
51
Поени од реакции
9
Прво: Лаптопите како што кажа не ги давате вие туку се донација, а како што прочитав поголемиот дел од наградите се од донации од други фирми. Прашањето ми е каде одат парите од учесниците ?

Второ: Што доколку имам некоја супер идеја, но не се работи за ИТ сферата, односно не ми требаат 4 лаптопи, ми треба еден кој веќе го имам и исто така не ми треба канцеларија ? И таа идеја добива 1 место. Што потоа ? Што ќе и правам на канцеларијата и на лаптопите ?
 
Поради фактот што не ти треба канцеларија, не ти требаат лаптопи, ти си тогаш покриен и можеш да си ја реализираш идејата слободно.

Не ми е јасно што постигнуваш со тоа што коментираш по форуми каде не ти место и влагаш во дискусии кои не те интересираат???

Поздрав, имај убав ден!!!
 
T

Tetro

Гостин
Was?
Одговарајќи на прашањата на ваков арогантен начин, нема да ви донесат позитивна репутација во општеството.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Прво: Лаптопите како што кажа не ги давате вие туку се донација, а како што прочитав поголемиот дел од наградите се од донации од други фирми. Прашањето ми е каде одат парите од учесниците ?

Второ: Што доколку имам некоја супер идеја, но не се работи за ИТ сферата, односно не ми требаат 4 лаптопи, ми треба еден кој веќе го имам и исто така не ми треба канцеларија ? И таа идеја добива 1 место. Што потоа ? Што ќе и правам на канцеларијата и на лаптопите ?
Нај веројатно со парите, се покриваат дебелите хонорари на организаторите.
До организаторите : Можеби преминавте на нов вид на прибирање пари и нов тип на превара али превара си останува превара како да ја спакуваш како и да ја бојадисаш, народов овде премногу е горен од вакви и слични работи за да поверува не пак да уплати одредена сума на пари.
Да ви признавам целата шема ви е добро осмислена,али има една голема фалинка на народов колку толку му се отворија очите поготово на токму оваја целна група која колку толку е попаметен.
Јебига друже повеќе среќа со следната превара пардон шема или наградна игра како сакаш наречија.
 
P

Princ

Гостин
Слабо интерес изгледа, тукушто добив понуда од колектива за учество на настанов по цена од само 999 денари.
Има надеж, не сме биле до толку будали.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom