Расколот во православието - дали има решение?

M

Muranyi

Гостин
Расколот е пресериозно прашање за Христијаните. Кај нас за жал сеуште мислиме, дека тоа е некаква ПОПСКА расправија која не не засега.
Црквата или Телото Христово е Единствено, Цело кога е во Литургиско Општење т.н. Евхаристиска Заедница. Надвор од таа заедница(Раскол), нема Живот.
Затоа овој проблем е многу битен за животот на секој Христијанин да се реши.
Што подразбираш под тоа нема живот?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Па колку не ме интересира дали некој ја признал црквата наша како СПЦ,МПЦ или не знам како, се додека јас верувам во Бог друго ништо не ме интересира и вака и онака црквата е институција чија примарна цел е пари пари пари, црквата како храм на Бога е друго и како таков ја сакам колку и самиот Бог и секогаш ке ја посетувам. Ова го има кај нас поради влијание и моќ го користат Бог во такви цели и кога ке видиш тие кои "проповедаат" за Бога се најголемите грешници.
Црквата е жив организам, Тело Христово, а тоа сме сите христијани кои сме соединети, причестени со Него. Секое отцепување е = на СМРТ, и тоа е вистинска смрт за човекот.
 
M

Muranyi

Гостин
Црквата е жив организам, Тело Христово, а тоа сме сите христијани кои сме соединети, причестени со Него. Секое отцепување е = на СМРТ, и тоа е вистинска смрт за човекот.
Дали тоа значи дека верниците,кои ги посетуваат храмовите на МПЦ,се надвор од Христовото спасение,т.е.ги чека Пеколот?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што подразбираш под тоа нема живот?
Тоа е живот без заедница со Бог(св. Троица), тоа е повторувам, вистинската смрт за Човекот.
--- надополнето: 19 април 2012 во 14:57 ---
Дали тоа значи дека верниците,кои ги посетуваат храмовите на МПЦ,се надвор од Христовото спасение,т.е.ги чека Пеколот?
Точно, пекол, разбран како безличен начин на постоење, наместо како конкретни личности(Јанко, Павле, Петар...)
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.317
Црквата е жив организам, Тело Христово, а тоа сме сите христијани кои сме соединети, причестени со Него. Секое отцепување е = на СМРТ, и тоа е вистинска смрт за човекот.
Зборам како институција со Хиерархија прочитај убаво што напишав
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Зборам како институција со Хиерархија прочитај убаво што напишав
Знам што зборуваш, структурата на Црквата(Епископот и Народот) не е случајна, ниту безлична, напротив во неа е Суштината.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.317
Знам што зборуваш, структурата на Црквата(Епископот и Народот) не е случајна, ниту безлична, напротив во неа е Суштината.
Не мислев ни така. Инстутција која работи за пари и власт а не како храм на Бога е во таа смисла мислев во таја смисла неја подржувам. А како храм на Бога, телото на исус тука како што кажав ја сакам колку и самиот Бог бидејќи тоа е дом на Бога.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не мислев ни така. Инстутција која работи за пари и власт а не како храм на Бога е во таа смисла мислев во таја смисла неја подржувам. А како храм на Бога, телото на исус тука како што кажав ја сакам колку и самиот Бог бидејќи тоа е дом на Бога.
Ок, но проблемот останува, Ние како МПЦ(како тело на Исус), не сме во Единство.
--- надополнето: 19 април 2012 во 15:26 ---
Ние сите како верници во МПЦ, треба да бараме, преговорите да продолжат, и секој на свој начин да дадеме допринос, овој Основен проблем да се реши.
Затоа и сакав да се отвори оваа тема за да видиме кај сме, и што да правиме?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас фино лепо цела црква би ја префлил кај католиците. Барем малку ќар да видиме од религијата...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Јас фино лепо цела црква би ја префлил кај католиците. Барем малку ќар да видиме од религијата...
поубај му се алиштата на католичките свештеници а и оргуљи имаат по црквите
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Расколот е сериозен проблем, болест во Православната Црква.
Ние Македонците сме најпогодени зашто не држат во изолација, и очигледно многу не им е гајле, бидејќи и они (СПЦ, ГПЦ, РПЦ...) си имаат доволно проблеми, но останува за нас сериозен проблем бидејќи сме надвор од Единството.:(
Сакам да прашам, дали знае некој што се случува на оваа тема, дали има конкретни барања, решенија...?
Барем во нешто да бевме обединети Македонците за се нешто тие од надвор ни се криви алоо луѓе проблемот си е во нас незнаеме ништо од нашата култура и традиција да си негуваме сакаме некој од надвор да не сака епа така не иде. Затоа никогаш нема да прераснеме во МАКЕДОНЦИ ќе останеме за секогаш македончиња
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Морам да признаам дека темава е многу интересна и навистина директно сме засегнати од оваа проблематика. Не би се согласил со Мики1 дека тоа прашање не претставува сериозен проблем се додека светите тајни во МПЦ се валиндни, од проста причина што (колку што сум запознаен) никаде не се признаени во православниот свет и дека нашите православни неможат дури ни да се причестат со Тајните Христови во било која Православна Црква надвор од државава.
Расколот и е и не е сериозен проблем.

...
Проблемот не е сериозен, затоа што се‘ додека во МПЦ-ОА се валидни Светите Тајни и молитвите, око не ми трепиња дали некој ја признава МПЦ. Така, проблемот со непризнавањето не останува само наш, туку станува проблем и на сите помесни православни Цркви, кои, глумејќи „дипломатизам„, се „вадат од небрано„, оправдувајќи го своето непризнавање на МПЦ со овосветно-исполитизриани проблеми, а не со канонски пречки за нашето непризнавање.

Решение за проблемот секако дека има, тоа најдобро го знаат упатените и продуховените во верата. Тековно, целиов Свет, вклучувјаќи ги и помесните Црви, се наоѓа во тежок хаос, на кој не му се гледа крајот, а историските искуства не‘ учат дека, од тој хаос, најчесто се раѓаат најопасните тоталитарни владетели на Земјава.

Најавуваниот нов вселенски Собор, се чини дека нема ни да се случи, а ако се случи, ќе биде нецелосен, и поради меѓусебното непризнавање на помесните Цркви, но и поради веројатното отсуство на римскиот преставник.

Но, овде ништо не е ново: Св. Ап. Павле веќе ни‘ најави дека во последните времиња, љубовта кај многумина ќе олади....Секако, Павле мислеше на љубовта во а не вон Црквата.
Црквата е исполитизирана велиш, но зарем кај нас владиците не се исполитизирани? Па ако говориме за поимот политика во Црква, под дифолт во секој речник ќе го најдеш синонимот МПЦ. Па зарем си чул изјава на владиците наши во која нема политика? Духовното ретко ќе го чуеш, ама политика има да се изнаслушаш.
Мене искрено, срце ме боли за ситуацијата во која се наоѓаме и со сигурност тврдам дека самите сме криви за тоа во кое спопаднавме. Наместо Светиот Синод да се ангажира повеќе за да го избави народот од оваа срамна и незавидна духвна ситуација, они се занимаваат со триста небитни работи кои пред се се недуховни а над се се политички (погледај секоја изјава на било кој Црковен Достојник) за да се увериш.
Решението кое го предлагаш не е нималку веродостојно а са не речам дека е и погрешно. Според секојдневните информации во врска со Православните Цркви насекаде во светот, Црквите не се нималку во хаос, туку напротив, доста се посветени на денешната современа проблематика, како црковна-така и општествена. Еве Руската да ја земеме за пример, таму се разглабаат теми и кршат копја околу теми како in vitro оплодувања, дарување на органи, улогата на Православието во денешното современо општество, за придонесот на Црквата во современото општество и Црквата како Пионер во современото општество, одговор кон Уставната одлука на Британскиот Парамент во врска со забраната на носење крст на секоја личност како израз на слободната вероисповест и мноооооогу други. Незнам кај ти виде хаос во Црквата и жал ми е што имаме спротивставени погледи. Кај нас единствен кој се издвојува од општото сивило во кое сме паднати е о. Стефан Санџаковски кој од време на време ќе каже нешто значајно, но кој да го слуша. Влаиките кај нас со која проблематика се бават? Кој е нивниот предлог во врска со соопување на денешната современа проблематика на општеството во кое живееме? Зарем не е и дел од наша вина што се појавија толку млади луѓе кои наместо да го слават Бога го напаѓаат? Ние сме им Пример? Светиот Синод? Или ќе им кажеме ние сме грешни а Христос е безгрешен па следи го него а не нас? Тоа е одговор со нула обид да се сменат нештата? Извини Мики за изливот на емоции, ништо лично, но оваа апатија кај нашиве владици ме има оста разочарано. Што е најтрагично сето ова се случува пред очите на верниците кои секогаш понизно молчат и немаат образ да им укажат на грешките, тукус екогаш велат АМИН на нивната политичка пропаганда.
Новиот Всеенски Собор нема да ни ја решава судбината, самите треба да си ја решиме. Да се разбудиме од летаргичноста. Тоа треба. Башка за еден Вселенски Собор се потребни Настојателите или нивни претставници од сите стари православни Цркви (4те Стари Патријаршии без Рим, кој откако отпадна не е услов за Вселенски Собор) и јас би рекол да се вметне и Руската, а да има претставници од сите помесни Цркви. Како и да е, таму нема да решаваат за нас. А за тоа дека е сериозна ситуацијата не треба да ти посочам на проблематиката со која се соочуваше св. Кипријан Картагински со шизмата на Докитизмот. Или подоцна Св. Јован Златоуст со Високите Монаси... Кога еден член од телото страда, тогаш целото тело страда и е во болка. Толку е важно нашето прашање во врска со шизмата и треба мноооогу сериозно да се сфати и како такво да се реши пшто е можно поскоро. Да не се чека да се решава по политички пат од едноставна причина што никогаш нема да се реши. Како што ми стои, на нашиве владици им одговара таквата ситуација, па ни наметнаа и нам да ни одговара истата. Треба да е така? Клај си прст начело...
Браво на Liberij за темава и се надевам дека ќе се развие во една одлична дебата со што помалку коментари кои немаат врска со темата.
Сметам дека со ова дадов придонес и го изразив личниот поглед на ситуацијата кај нас.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Не би се согласил со Мики1 дека тоа прашање не претставува сериозен проблем се додека светите тајни во МПЦ се валиндни, од проста причина што (колку што сум запознаен) никаде не се признаени во православниот свет и дека нашите православни неможат дури ни да се причестат со Тајните Христови во било која Православна Црква надвор од државава.
Треба да се согласиш со Мики1 затоа што не си запознаен. Православните мирјани можат да се причестат во било која црква надвор од МК. Свештениците и архиереите на МПЦ не можат. Проверено.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Треба да се согласиш со Мики1 затоа што не си запознаен. Православните мирјани можат да се причестат во било која црква надвор од МК. Свештениците и архиереите на МПЦ не можат. Проверено.
Колку што сум подобро запознаен од тебе, и православните верници на МПЦ од 2005та не можат да се причестуваат во било која друга помесна црква. Причина? Томосот издаден на Јован Вранишковски.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Колку што сум подобро запознаен од тебе, и православните верници од 2005та не моќат да се причестуваат во било која друга помесна црква. Причина? Томосот издаден на Јован Вранишковски.
Ако бе, Цанде, биди најбоље запознаен. Луѓево што патуваат и живеат надвор од МК ич не можат да се причестат, пошто Томосот на Вранишковски стои на врата со метал детектори и скенери за Македонци и блокира све живо од МК.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom