Расколот во православието - дали има решение?

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Расколот е сериозен проблем, болест во Православната Црква.
Ние Македонците сме најпогодени зашто не држат во изолација, и очигледно многу не им е гајле, бидејќи и они (СПЦ, ГПЦ, РПЦ...) си имаат доволно проблеми, но останува за нас сериозен проблем бидејќи сме надвор од Единството.:(
Сакам да прашам, дали знае некој што се случува на оваа тема, дали има конкретни барања, решенија...?
 
T

Tetro

Гостин
Има решенија. Дајте им доволно пари и ќе бидат задоволни сите страни.. Само прашањето е, колку е тоа "доволно пари"?
Човековото око е ненаситно, нели. И свештените лица се луѓе. НЗС, никогаш нема да престанат, се' додека добиваат пари.
 
M

Muranyi

Гостин
Расколот е сериозен проблем, болест во Православната Црква.
Ние Македонците сме најпогодени зашто не држат во изолација, и очигледно многу не им е гајле, бидејќи и они (СПЦ, ГПЦ, РПЦ...) си имаат доволно проблеми, но останува за нас сериозен проблем бидејќи сме надвор од Единството.:(
Сакам да прашам, дали знае некој што се случува на оваа тема, дали има конкретни барања, решенија...?
Што е тоа раскол?И зошто е толку важно да се признае автокефалноста на МПЦ?Што менува тоа?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Расколот и е и не е сериозен проблем.

Сериозен е, затоа што полека се губи единството во вероисповеста, на ниво од православна Црква, а на нејзино место доаѓа патриотизмот, што вистински, што лажен...Да не праам муабет за ширењето на протестантизмот и сличните „..изми„ на сметка на правослаивето. Така, наместо „...една, света, соборна и апостолска....„, Црквата стана не само помесна, туку и исполитизирана заедница од поединци. Тековно, верата се сведе на просто и механичко исполнување адети и обичаи, кои сами по себе, не се одраз на верувањето на духот, туку на ритуалот на телото.

Проблемот не е сериозен, затоа што се‘ додека во МПЦ-ОА се валидни Светите Тајни и молитвите, око не ми трепиња дали некој ја признава МПЦ. Така, проблемот со непризнавањето не останува само наш, туку станува проблем и на сите помесни православни Цркви, кои, глумејќи „дипломатизам„, се „вадат од небрано„, оправдувајќи го своето непризнавање на МПЦ со овосветно-исполитизриани проблеми, а не со канонски пречки за нашето непризнавање.

Решение за проблемот секако дека има, тоа најдобро го знаат упатените и продуховените во верата. Тековно, целиов Свет, вклучувјаќи ги и помесните Црви, се наоѓа во тежок хаос, на кој не му се гледа крајот, а историските искуства не‘ учат дека, од тој хаос, најчесто се раѓаат најопасните тоталитарни владетели на Земјава.

Најавуваниот нов вселенски Собор, се чини дека нема ни да се случи, а ако се случи, ќе биде нецелосен, и поради меѓусебното непризнавање на помесните Цркви, но и поради веројатното отсуство на римскиот преставник.

Но, овде ништо не е ново: Св. Ап. Павле веќе ни‘ најави дека во последните времиња, љубовта кај многумина ќе олади....Секако, Павле мислеше на љубовта во а не вон Црквата.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Има решение. Верувајте во самите себеси, не во бог, и расколот ке престане, пошто нема да постои религија. Лесно ко пасуљ.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Но, овде ништо не е ново: Св. Ап. Павле веќе ни‘ најави дека во последните времиња, љубовта кај многумина ќе олади....Секако, Павле мислеше на љубовта во а не вон Црквата.
Читаш мисли на светци!
уште да погодиш која карта ја имам одбрано и ќе поверувам дека постои бог!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сигурен сум дека ја имаш вистинската карта!
Е ај сега, поверувај во Бога! :icon_lol:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Но, овде ништо не е ново: Св. Ап. Павле веќе ни‘ најави дека во последните времиња, љубовта кај многумина ќе олади....Секако, Павле мислеше на љубовта во а не вон Црквата.
Дедо Павле свесно размислувал, знаел дека еден ден лагата за Бог ке ја дознаат луѓето, и затоа знаел дека ке се олади љубовта кон црквата.
А бе луѓе живејте си го животот слободно, еден ви е животот, не вреди да војуваме/те ради тоа што некој ви кажувал научна фантастика за ангели и демони.
Исто ко едните да навијаат за Манчестер другите за Челзи и на крај да се испотепаат, нели како верни навијачки групи на своите тимови, а уствари никој нема никаква корист од тоа. Тоа е фиктивна припадност кон некој група. Мислиш дека припаѓаш ама уствари не припаѓаш, а плаќаш чланарина.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Има решение. Верувајте во самите себеси, не во бог, и расколот ке престане, пошто нема да постои религија. Лесно ко пасуљ.
Е да бе лесно... Што праиме после со милионите невработени што ќе настанат од свештените лица?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Е да бе лесно... Што праиме после со милионите невработени што ќе настанат од свештените лица?
Па ке се преориентираат, некој од нив ке лепи декларации, некој ке биде точкар, некој ке шитка мирисчиња на семафор, некој ке продаваа саати на битпазар ама најмноги ке ги има во бизнисот со трговија со автомобили и хотели, цел живот тие свештени лица ги возат најскапите автомобили така да, трба да очекуваме зголемување на бројот на увезени луксузни возила.... :)
Ке се снајдат бе они, цел живот лажеле народ па пак ке најдат некој што ке го излажат.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Па ке се преориентираат, некој од нив ке лепи декларации, некој ке биде точкар, некој ке шитка мирисчиња на семафор, некој ке продаваа саати на битпазар ама најмноги ке ги има во бизнисот со трговија со автомобили и хотели, цел живот тие свештени лица ги возат најскапите автомобили така да, трба да очекуваме зголемување на бројот на увезени луксузни возила.... :)
Ке се снајдат бе они, цел живот лажеле народ па пак ке најдат некој што ке го излажат.
:pos:Баш би сакал да видам некој од тие со дупло господин како шитка часовници на бит-пазар
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Расколот е сериозен проблем, болест во Православната Црква.
Ние Македонците сме најпогодени зашто не држат во изолација, и очигледно многу не им е гајле, бидејќи и они (СПЦ, ГПЦ, РПЦ...) си имаат доволно проблеми, но останува за нас сериозен проблем бидејќи сме надвор од Единството.:(
Сакам да прашам, дали знае некој што се случува на оваа тема, дали има конкретни барања, решенија...?
И после ке ми кажуваат, бог е мир, бог е љубов, бог е семоќен бла бла, а овие неговиве слуги ке се одерат од мрза.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
Па колку не ме интересира дали некој ја признал црквата наша како СПЦ,МПЦ или не знам како, се додека јас верувам во Бог друго ништо не ме интересира и вака и онака црквата е институција чија примарна цел е пари пари пари, црквата како храм на Бога е друго и како таков ја сакам колку и самиот Бог и секогаш ке ја посетувам. Ова го има кај нас поради влијание и моќ го користат Бог во такви цели и кога ке видиш тие кои "проповедаат" за Бога се најголемите грешници.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што е тоа раскол?И зошто е толку важно да се признае автокефалноста на МПЦ?Што менува тоа?
Расколот е пресериозно прашање за Христијаните. Кај нас за жал сеуште мислиме, дека тоа е некаква ПОПСКА расправија која не не засега.
Црквата или Телото Христово е Единствено, Цело кога е во Литургиско Општење т.н. Евхаристиска Заедница. Надвор од таа заедница(Раскол), нема Живот.
Затоа овој проблем е многу битен за животот на секој Христијанин да се реши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom