Морам да признаам дека темава е многу интересна и навистина директно сме засегнати од оваа проблематика. Не би се согласил со Мики1 дека тоа прашање не претставува сериозен проблем се додека светите тајни во МПЦ се валиндни, од проста причина што (колку што сум запознаен) никаде не се признаени во православниот свет и дека нашите православни неможат дури ни да се причестат со Тајните Христови во било која Православна Црква надвор од државава.
Расколот и е и не е сериозен проблем.
...
Проблемот не е сериозен, затоа што се‘ додека во МПЦ-ОА се валидни Светите Тајни и молитвите, око не ми трепиња дали некој ја признава МПЦ. Така, проблемот со непризнавањето не останува само наш, туку станува проблем и на сите помесни православни Цркви, кои, глумејќи „дипломатизам„, се „вадат од небрано„, оправдувајќи го своето непризнавање на МПЦ со овосветно-исполитизриани проблеми, а не со канонски пречки за нашето непризнавање.
Решение за проблемот секако дека има, тоа најдобро го знаат упатените и продуховените во верата. Тековно, целиов Свет, вклучувјаќи ги и помесните Црви, се наоѓа во тежок хаос, на кој не му се гледа крајот, а историските искуства не‘ учат дека, од тој хаос, најчесто се раѓаат најопасните тоталитарни владетели на Земјава.
Најавуваниот нов вселенски Собор, се чини дека нема ни да се случи, а ако се случи, ќе биде нецелосен, и поради меѓусебното непризнавање на помесните Цркви, но и поради веројатното отсуство на римскиот преставник.
Но, овде ништо не е ново: Св. Ап. Павле веќе ни‘ најави дека во последните времиња, љубовта кај многумина ќе олади....Секако, Павле мислеше на љубовта во а не вон Црквата.
Црквата е исполитизирана велиш, но зарем кај нас владиците не се исполитизирани? Па ако говориме за поимот
политика во Црква, под дифолт во секој речник ќе го најдеш синонимот
МПЦ. Па зарем си чул изјава на владиците наши во која нема политика? Духовното ретко ќе го чуеш, ама политика има да се изнаслушаш.
Мене искрено, срце ме боли за ситуацијата во која се наоѓаме и со сигурност тврдам дека самите сме криви за тоа во кое спопаднавме. Наместо Светиот Синод да се ангажира повеќе за да го избави народот од оваа срамна и незавидна духвна ситуација, они се занимаваат со триста небитни работи кои пред се се недуховни а над се се политички (погледај секоја изјава на било кој Црковен Достојник) за да се увериш.
Решението кое го предлагаш не е нималку веродостојно а са не речам дека е и погрешно. Според секојдневните информации во врска со Православните Цркви насекаде во светот, Црквите не се нималку во хаос, туку напротив, доста се посветени на денешната современа проблематика, како црковна-така и општествена. Еве Руската да ја земеме за пример, таму се разглабаат теми и кршат копја околу теми како in vitro оплодувања, дарување на органи, улогата на Православието во денешното современо општество, за придонесот на Црквата во современото општество и Црквата како Пионер во современото општество, одговор кон Уставната одлука на Британскиот Парамент во врска со забраната на носење крст на секоја личност како израз на слободната вероисповест и мноооооогу други. Незнам кај ти виде хаос во Црквата и жал ми е што имаме спротивставени погледи. Кај нас единствен кој се издвојува од општото сивило во кое сме паднати е о. Стефан Санџаковски кој од време на време ќе каже нешто значајно, но кој да го слуша. Влаиките кај нас со која проблематика се бават? Кој е нивниот предлог во врска со соопување на денешната современа проблематика на општеството во кое живееме? Зарем не е и дел од наша вина што се појавија толку млади луѓе кои наместо да го слават Бога го напаѓаат? Ние сме им Пример? Светиот Синод? Или ќе им кажеме ние сме грешни а Христос е безгрешен па следи го него а не нас? Тоа е одговор со нула обид да се сменат нештата? Извини Мики за изливот на емоции,
ништо лично, но оваа апатија кај нашиве владици ме има оста разочарано. Што е најтрагично сето ова се случува пред очите на верниците кои секогаш понизно молчат и немаат образ да им укажат на грешките, тукус екогаш велат АМИН на нивната политичка пропаганда.
Новиот Всеенски Собор нема да ни ја решава судбината, самите треба да си ја решиме. Да се разбудиме од летаргичноста. Тоа треба. Башка за еден Вселенски Собор се потребни Настојателите или нивни претставници од сите стари православни Цркви (4те Стари Патријаршии без Рим, кој откако отпадна не е услов за Вселенски Собор) и јас би рекол да се вметне и Руската, а да има претставници од сите помесни Цркви. Како и да е, таму нема да решаваат за нас. А за тоа дека е сериозна ситуацијата не треба да ти посочам на проблематиката со која се соочуваше св. Кипријан Картагински со шизмата на Докитизмот. Или подоцна Св. Јован Златоуст со Високите Монаси... Кога еден член од телото страда, тогаш целото тело страда и е во болка. Толку е важно нашето прашање во врска со шизмата и треба мноооогу сериозно да се сфати и како такво да се реши пшто е можно поскоро. Да не се чека да се решава по политички пат од едноставна причина што никогаш нема да се реши. Како што ми стои, на нашиве владици им одговара таквата ситуација, па ни наметнаа и нам да ни одговара истата. Треба да е така? Клај си прст начело...
Браво на Liberij за темава и се надевам дека ќе се развие во една одлична дебата со што помалку коментари кои немаат врска со темата.
Сметам дека со ова дадов придонес и го изразив личниот поглед на ситуацијата кај нас.