Не ја растегнуј приказнава за нешта кои ни оддалеку не се слични со феномените, настаните и процесите кои се сетилно-разумно спознатливи „од прва рука„.Истото го зборувам, дека треба да се учи, да се навлезе во науката, зошто некој тврди тоа што тврди, по кој закон, по кои правила, дали функционираат итн итн ... не да се крева врева НАСА била сатанистичка крие вистини, Роскосмос се православни сатанисти ќе градат лажна станица која ќе орбитира околу Земјата...
Мислам, што чудо од луѓе сте вие денес? Не ве интересира како работат антени, како работи GPS итн итн?
Не чувствувате 2.4GHz или 103MHz фреквенција (ниту може да ја видите), а ете нетот ви работи легнати во кревет со лаптопот закачен на WiFI, слушате радио 103-ка... сигурно е некоја сатанистичка пропаганда! Како може да не чувстувам а да работи нештото и да постои?
Не може да постои и е лага штом не чувстуваш како низ тебе минува сигнал со таа фреквенција...
P.S. Немој и ти да мислиш дека ветровите настануваат со вртењето на Земјата... „колегата“ твој малку настрани со тоа прееска... тогаш сфатив дека тука само за мајтап е работата
Човечките сетила препознаваат нешта кои имаат одреден енергетски фреквентен опсег, така сите вредности кои се „над„ и „под„ способностите од сетилата, може да постојат, не е проблем. Проблемот настанува кога еди којси ќе сака да не‘ убеди дека постоењето на нешта надвор од сетилата се побитни од способносите од сетилата и на тој став гради неверојатни приказни, запакувани под фирмата „научни докази„.
Така, ако моето вродено око ми вели дека Сонцето изгрева, се движи кон зенитот и заоѓа, но тоа не е точно, затоа што еди којси, кој никад у живот не ја видел ротацијата на Земјата околу Сонцето, ќе почне да ме убедува дека моето око ме лаже, ама нечии си таму теоретски модели на Сончевиот систем, полни со фалинки, биде вистина појака од вистината која ја гледа моето вродено око...
Последно уредено: