Кога ќе ја погледнеш темава и други слични на оваа, кога ќе прочиташ како размислува другиот процент, можеш со докази да образложиш како функционира еволуцијата и како креира грешки. Природата и биологијата функционираат на тој начин, односно секоја жива клетка/организам живее, учи, еволуира, но некаде може да се заебе тој процес и да настане грешка.
Сите организми, од најмалите едноклеточни, па растенијата, животните се до човекот така функционираат. Ја учат средината, се приспособуваат на околината и потребите па на долгорочен план - еволуираат.
- Вирусите и бактериите се борат со антибиотикот
- Растенијата со тек на време научиле како бидат поефикасни во фотосинтетички процеси како и оние кој се хранат со животни, се креираат нови протеини за „дигестија“ или нектари за привлекување на инсекти
- Животните со тек на време по потрага по храна, од вода почнале да излагаат на копно, да еволуираат во терестични услови (нов вид, нови екстремитети...),
- Човекот уште од денот кога живеел во пештера еволуирал до момент каде станал најголем во синџирот на исхрана, научил да пали огин, па комплетно цела исхрана се менува, веќе почнуваат да јадат зготвено месо па цел дигестивен систем и мозок и тело и органи да еволуира до тој степен каде што си денес
Меѓутоа, негде успат се дешава грешка. Таа грешка си ти. Апла.
Се караш и се докажуваш со српски документарци бе човек? Со фанатици без грам мозок што креираат слики дома на пц во паинт. Тоа се шизофрени ликови, нема нзс со нив а ни со тебе. Не глеаш други коментари, не слушаш друг што има да каже, не сакаш да видиш друг тип на документарец каде можеби таа теза некој ти ја побива. Ти си ти, најпаметниот и тоа е тоа. Да се караш и објаснуваш дали има или нема ванземјанци ок е, ама ти човече не веруваш во банални работи.
Веруваш во рамна земја, не веруваш во гравитација, не веруваш во вулкани, не веруваш во основни природни појави, не веруваш во диносауруси? Човече луд си озбилно ти кажувам. Не ти прави никој заговор, не знаат ни дека постоиш. Живеј живот глеј шо се дешава низ светов.
и пс: А дебилното е што на цел текст, ти ќе се фатиш за 4/5 збора, ќе ги цитираш со цинички смајлиња и ќе пратиш видео.