Јас не сум толку голем познавач на оваа теорија за рамна земја. Јас само сакам да ви покажам колку сте вие програмирани автомати кога е во прашње официјалното знаењето кое ни го сервираат. Постои друштво Flat Earth Society имаат интернет страна, можете таму да ги побарате сите одговори. Имаат и прецедател.
@ZOTE, за да не те влече секоја будала за нос, одговори зошто се повикуваат на стихови од Стариот Завет за да ја поткрепат својата налудничава теорија, а немаат поим од преведување.
1. Знаеш ли дека библискиот хебрејски јазик има многу ограничен вокабулар? Нема ни 10 000 (со букви: десет илјади) зборови што се користат во целиот Стар Завет. Од друга страна, современиот англиски има помеѓу 500 000 и 1 000 000 зборови.
Спореди:
http://www.heraldmag.org/olb/contents/dictionaries/SHebrew.pdf
http://hypertextbook.com/facts/2001/JohnnyLing.shtml
Оттука произлегува дека секој оној кој има барем ЕЛЕМЕНТАРНИ познавања, ќе знае дека еден збор од хебрејскиот јазик НЕИЗБЕЖНО МОРА да има многу повеќе значења отколку што има еден збор во англискиот јазик (кој и покрај обемниот вокабулар, сепак има поприличен број хомоними).
Па така ако англискиот со милион зборови во својот вокабулар има збор како
spring кој може да означува пролет, извор, пружина и скок, зборови толку различни по своето значење, размисли тогаш колку хомоними има јазик кој нема ни 10 000 зборови во својот вокабулар.
2. Размисли зошто лунарниот терминатор (тоа е линијата што го одделува денот oд ноќта на Месечината) не е права линија. Земи подобар двоглед и насочи го кон оваа линија и гледај неколку ноќи по ред.
3. Ако си од Скопје, отиди до Скопското астрономско друштво и побарај да ги видиш Месечината, Венера (ќе се изненадиш кога ќе ја погледнеш преку телескоп) и сателитите на Јупитер.