Рамен стомак

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.264
Поени од реакции
3.619
Лесно е од страна да викаш дека не треба да ми е гајле :)
Инаку 155 сум висока и имам 51 кило.
Како и да е фала на советот :)



Хехех, да е до мене ок ама мајками секој ден има месо направено и сл. а да и речам дека несакам ќе ме рога :D
Имаш 13 год. имаш 155 см и мислиш дека 51 е „многу“. Прво ќе растиш уште, се расти до 18 а можеби и 20 години. Она што треба е да водиш рамнотежа во исхраната и да не се прејадуваш, исто да јадеш малку а повеќе пати не да се натупаш до максимум 2-3 пати на ден. Подобро 5-6 по малку. Друго зошто броиш калории. Остави да телото само работи. Мала си и метаболизмот допрва ќе направи некој циклус, гледај тоа да е правилен...
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Вистина е тоа што ти го кажале твоите дека ќе пораснеш, ќе се извишиш и ќе ослабеш. Слично нешто се случи и кај мене, а го имам видено истото и кај други.

Друга ствар, некои ти викаат не се замарај.
Не се согласувам. Не гледам причина зошто да не почнеш да вежбаш и да се храниш здраво дури и на 13 години. Но целта треба да ти биде да бидеш здрава и фит, а не да изгледаш како фотошопираните модели. Не треба да си наметнуваш на себеси погрешна слика за своето тело и да си умислиш дека не изгледаш добро зошто не си како тоа што го гледаш на телевизија, интернет итн. Тоа е се фалц.

Ако сакаш да го изгубиш салото на стомакот треба да го намалиш процентот на сало во твоето тело. Има мит дека за да ослабеш на одреден дел од телото треба да ги вежбаш баш тие мусклули на тој дел од телото, во твојот случај стомачните. Тоа е докажано неточно.

Тоа што треба да го правиш е да трошиш повеќе калории отколку што ќе внесеш. Тоа се прави со диета и вежбање. Ти диета не можеш да држиш ама затоа можеш да на пример да намалиш на благо и друга нездрава храна, на пример, газирано итн. Нема причина да избегнуваш месо, баш повеќе месо ќе ти помогне да ја остариш целта. На пример, аткинс диетата е се протеини (месо) и делува неверојатно (иако не е многу здрава). Башка, сум прочитал и дека месото те држи сита подолго време.
Уште една работа што можеш да ја направиш да јадеш повеќе помали оброци во денот. Така нема да доаѓаш во ситуација да прегладуваш и да се прејадуваш. Избегнувај грицки, смоки и сл... Подобро е да јадеш јаткасти плодови наместо тоа.

Наместо цел од типот: рамен стомак до лето, јас да сум на твое место би си поставил цел да научам како да се хранам здраво, да имам здрави навики за исхрана, вежбање итн. Можеби би можела да се занимаваш со спорт. Тоа сигурно би ти помогнало да ги оствариш овие цели.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.873
Само трчање за да се потиш и да го трошиш вишокот, да си правиш стомачни вежби за затегање обавезно да внимаваш на храната и да расчепкаш по јутјуб да научиш правилно трчање и има специјален начин на трчање со запазено темпо за слабеење.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
7
Секаков вид на сок го тргнав од моето секојдневие највеќе пијам вода.Смоки и грицки не јадам многу ама балго да :D
Таква сум што неможам да му одолеам, кој може нели :)
Убава цел би била хранењето здраво, фала за советите :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
На 13 години, нема потреба да пазиш на храна, бидејќи ти работат хормоните ко луди т.е до 25 години. Тоа што треба да избегнуваш е да јадеш по некои правила и прописи и да вежбаш според некој стандарди што некој пропишува.
Трчаш од 40 минути до 1 час, барем три пати неделно и јадеш нормално т.е јадеш колку што јадеш е сега погодно е да имаш манџички по дома т.е некој да ти готви, ако си на бурек, пица, хамбургер и разно разни кифли и бели пецива или било што купечко, џабе вежбаш т.е треба да вежбаш како професионалец бидејќи содржат работи што многу тешко согоруваат при вежбање.
Треба да знаеш ако почнеш да трчаш повеќе ќе треба да јадеш повеќе, затоа прилагоди си го вежбањето врз моменталната исхрана и ќе нема да имаш проблеми ако престанеш да вежбаш т.е нема да качиш килажа.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.873
Секаков вид на сок го тргнав од моето секојдневие највеќе пијам вода.Смоки и грицки не јадам многу ама балго да :D
Таква сум што неможам да му одолеам, кој може нели :)
Убава цел би била хранењето здраво, фала за советите :)
Убаво што на ваа возраст се освестуваш се надевам дека ке си ги одржиш принципите на здрав живот засекогаш. :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.455
Поени од реакции
109.404
Никот и е An4ilady, “има 13 години“ и трча секој ден во школскиот двор каде има атлетска патека (не сум чул до сеа да има школски двор со атлетска патека во Македонија, што знам, може грешам али стварно немам чуено), и пие многу вода. Доста “слаб“ материјал за трол.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
7
Никот и е An4ilady, “има 13 години“ и трча секој ден во школскиот двор каде има атлетска патека (не сум чул до сеа да има школски двор со атлетска патека во Македонија, што знам, може грешам али стварно немам чуено), и пие многу вода. Доста “слаб“ материјал за трол.
Атлетска патека има во основното Рајко Жинзифов во Драчево :)
И зошто да биде трол?Јас сум си најискрена и барав мислење.Мене не ми е дојдено до тролање :)
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.558
Во мое време, на 13 години јас уште си играв на улица со маалските другари и другарки и никој не ни мислел на рамен стомак и вежби за задник! Кога идело пролет - лето сме иделе надвор, играј по цел ден, трчај, вози точак, од сабајле до вечер... а сега генерацииве ги изеде интернетот и телевизијата...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Во мое време, на 13 години јас уште си играв на улица со маалските другари и другарки и никој не ни мислел на рамен стомак и вежби за задник! Кога идело пролет - лето сме иделе надвор, играј по цел ден, трчај, вози точак, од сабајле до вечер... а сега генерацииве ги изеде интернетот и телевизијата...
Камо среќа сите да ги "изеде" вака како што викаш ти, и да им всади здрави навики на исхрана и вежбање уште од тинејџерски години.
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.558
Друго е децата да стекнат навики за спорт, да тренираат и спортуваат, да се хранат здраво и стекнат здрави навики, а друго е да се "оптеретуваат", "замараат" и "секираат" дали имаат рамен стомак, 6 pack и затегнат задник на 12-13 години.
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Друго е децата да стекнат навики за спорт, да тренираат и спортуваат, да се хранат здраво и стекнат здрави навики, а друго е да се "оптеретуваат", "замараат" и "секираат" дали имаат рамен стомак, 6 pack и затегнат задник на 12-13 години.
Ако професионалец кој што пред се е добар педагог ги упати во начинот за достигнување на целта воопшто нема да стане збор за оптеретување и замарање. Еве според тебе кога би требале да почнат да се замараат со здравјето на своето тело?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom