Вистина е тоа што ти го кажале твоите дека ќе пораснеш, ќе се извишиш и ќе ослабеш. Слично нешто се случи и кај мене, а го имам видено истото и кај други.
Друга ствар, некои ти викаат не се замарај.
Не се согласувам. Не гледам причина зошто да не почнеш да вежбаш и да се храниш здраво дури и на 13 години. Но целта треба да ти биде да бидеш здрава и фит, а не да изгледаш како фотошопираните модели. Не треба да си наметнуваш на себеси погрешна слика за своето тело и да си умислиш дека не изгледаш добро зошто не си како тоа што го гледаш на телевизија, интернет итн. Тоа е се фалц.
Ако сакаш да го изгубиш салото на стомакот треба да го намалиш процентот на сало во твоето тело. Има мит дека за да ослабеш на одреден дел од телото треба да ги вежбаш баш тие мусклули на тој дел од телото, во твојот случај стомачните. Тоа е докажано неточно.
Тоа што треба да го правиш е да трошиш повеќе калории отколку што ќе внесеш. Тоа се прави со диета и вежбање. Ти диета не можеш да држиш ама затоа можеш да на пример да намалиш на благо и друга нездрава храна, на пример, газирано итн. Нема причина да избегнуваш месо, баш повеќе месо ќе ти помогне да ја остариш целта. На пример, аткинс диетата е се протеини (месо) и делува неверојатно (иако не е многу здрава). Башка, сум прочитал и дека месото те држи сита подолго време.
Уште една работа што можеш да ја направиш да јадеш повеќе помали оброци во денот. Така нема да доаѓаш во ситуација да прегладуваш и да се прејадуваш. Избегнувај грицки, смоки и сл... Подобро е да јадеш јаткасти плодови наместо тоа.
Наместо цел од типот: рамен стомак до лето, јас да сум на твое место би си поставил цел да научам како да се хранам здраво, да имам здрави навики за исхрана, вежбање итн. Можеби би можела да се занимаваш со спорт. Тоа сигурно би ти помогнало да ги оствариш овие цели.