Рамен стомак

Член од
22 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
7
Нова сум и неможав да се снјадам за пребарување па ја отворив темава, ако е дупла клуч :)

Сакам рамен стомак, кој не сака :D
Во темава можете да споделите ваши резултати и да давате совети :)

***

Прво да си кажам имам 13год. и сакам во лето кога ќе одам на плажа да не ми е срам да облечам бикини.Проблем ми е салото на стомакот:
Значи имам полаку сало на стомакот отколку на левата слика ама горе долу тука е некаде и сакам рамен стомак како на десната слика.

Трчам по цела недела:
Од понеделник до петок секоја вечер од 19 до 20 часот трчам во школскиот двор каде што има атлетска патека.Бидејќи трчам веќе 6 дена немам многу кондиција и прво одев со еден круг трчање еден одење, а од вчера почнав со еден и пол до два круга трчање и еден одење.Дома правам по 10 чичњеви и по 10 стомачни два-три пати во денот зависи од околностите.

За викенд наутро во 7 часот излегувам и пешачам од 40мин па се до 1 и пол саат.Денеска почна да ми врне и помалку пеачев.А навечер преку викенд исто така трчам.Цело врме сеум акотивна, избегнувам да седам и лежам повеќе стојам на нозе, пијам многу вода ама проблем ми е јадењето.Полека полека се одвикнувам од нездрава храна бидејќи неможам наеднаш + моите дома нема да прифатат да одбегувам некоја храна заради тоа што мислат дека сум мала и дека ќе се извишам и ќе ослабам.

Моето прашање е дали до Јуни па може и Јули со вакво темпо ќе успеам да го симнам салото?А како ќе станувам по активна со повеќе кондиција планирам да трлам повеќе време со поголема брзина :)

И за 6 дена согорив 2502 калории :)
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Девојче убаво е тоа што сакаш да имаш рамен стомак, и на 13 години и треба да имаш делумно рамен стомак.
Не треба многу за да се замараш околу тоа што ќе мислат луѓето за тебе на 13 години. :)
Колку кила имаш и колку си висока?
Прави само добра исхрана и вежбај вежби за стомачни мускули и ќе стопиш се.
 
Лесно е од страна да викаш дека не треба да ми е гајле :)
Инаку 155 сум висока и имам 51 кило.
Како и да е фала на советот :)

Не јади како свињче и се ќе биди во ред
Хехех, да е до мене ок ама мајками секој ден има месо направено и сл. а да и речам дека несакам ќе ме рога :D
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Лесно е од страна да викаш дека не треба да ми е гајле :)
Инаку 155 сум висока и имам 51 кило.
Како и да е фала на советот :)
Kje si vodish pozdrava ishrana i toa e toa, ne se zamaraj.
Ne si mnogu teshka ama mozhesh da spushtish 5,6 kg max!
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.601
Поени од реакции
10.251
Хехех, да е до мене ок ама мајками секој ден има месо направено и сл. а да и речам дека несакам ќе ме рога :D
Месото ок е, протеин ти треба за да растиш и да се развиваш.. благо, грицки, сок и сл. замени ги со овошје, зеленчук, вода.. Кога јадиш немора цела порција да ја маваш ко од африка да те зеле. Мајкати можи ќе ти вика од почеток но ќе се навикни шо ќе прај
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Вака..., прво имаш 13 години, што значи дека ама баш ич не треба да се замараш со тоа. Сега, фала богу, секој сака да има добро тело, ама уште си мала за да се замараш со добро тело и дали ќе биде привлечно за другите на плажа или не.

Второ, џабе вежбаш и трчаш по 5 саати, кога не водиш никаква грижа околу исхраната. Не е проблем да ја одбиеш мајка ти за ручек зошто она направила месо. Јади си од се по малку, ама умерено и во помала количина неколку пати во денот, а не да биде работата.... седнуваш на маса и буташ додека не почнеш да се издишуваш и да ти се повраќа.
На пример...... за доручек јади зелка салата, после направи си ужинка една банана, за ручек јади она што направила мајка ти, ама умерено, после пак ужинка, може салата од едно јајце сварено и за вечера пак зелка салата. Внесувај многу вода, а газирано никако.

Ако твоите ти даваат пари и ако ти сакаш, можеш и да вежбаш фитнес, што ќе ти даде најбрзо ефект (читај месец два), но со оглед на годините кои ги имаш не би ти препорачал.
Но еве купи си две тегчиња од по кило две и вежбај по дома.

:)
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
7
Фала за советите.Знам дека не треба да се замарам ама кога ќе почнам нешто не сакам да го оставам недовршено.Фала богу не бутам како свиња кога јадам ама сепак кај мене секогаш мора да има нешто благо, солено и сл.Сега го одбегнувам благото и јадам повеќе овошје и зеленчук.Вода пијам многу можеби по 2 литри дневно :)
Сакам кога ќе бидам поголема наместо да се замарам со моето тело да се посветам на учењето, а вака дур имам премногу слободно време да го искористам за нешто корисно наместо за седење дома и гледање турски серии :D
 
Не е работата дека треба да гладуваш и да бегаш од благо, мрсно..., наспроти јади и благо и мрсно и нешто друго што ти сака душата, но тоа нека биде во мала количина.

Исто така употребата на јаболков оцет во салатите би ти помогнала околу слабеењето. Но најважно е да вежбаш, да имаш физичка активност..... денес направи 10 стомачни, склекови, чучеви, странични.., утре направи по 20, задутре по 30.... и ако си во можност внеси и тегчиња во вежбите:)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Вака..., прво имаш 13 години, што значи дека ама баш ич не треба да се замараш со тоа. Сега, фала богу, секој сака да има добро тело, ама уште си мала за да се замараш со добро тело и дали ќе биде привлечно за другите на плажа или не.

Второ, џабе вежбаш и трчаш по 5 саати, кога не водиш никаква грижа околу исхраната. Не е проблем да ја одбиеш мајка ти за ручек зошто она направила месо. Јади си од се по малку, ама умерено и во помала количина неколку пати во денот, а не да биде работата.... седнуваш на маса и буташ додека не почнеш да се издишуваш и да ти се повраќа.
На пример...... за доручек јади зелка салата, после направи си ужинка една банана, за ручек јади она што направила мајка ти, ама умерено, после пак ужинка, може салата од едно јајце сварено и за вечера пак зелка салата. Внесувај многу вода, а газирано никако.

Ако твоите ти даваат пари и ако ти сакаш, можеш и да вежбаш фитнес, што ќе ти даде најбрзо ефект (читај месец два), но со оглед на годините кои ги имаш не би ти препорачал.
Но еве купи си две тегчиња од по кило две и вежбај по дома.

:)
Дека е мала - мала е. Дека е не здраво да се замара ако има голем стомак - не е. Убаво е шо се ангажира уште од сега, нејкам да испадне ова хејт али има многу дебели деца низ скопјево и не можам да му кажам на некој “не се замарај, мал/а си“ ако е свесен/а дека е подебел/а од што треба.

Втора работа. Си и пишал “џабе вежбаш и трчаш ако не водиш гриша за исхраната“ - така е ама не е така. Џабе вежбање никад не е, макар и кога не ти е средена исхраната. Може е џабе е за слабеење ама на 13 години да јадеш што било и да вежбаш е премија. Уште од сеа ако замарате човек со калории и протеини и земете убијте се.

Трето, тегчиња од по кило две, промашена инвестиција. Имаше негде некој пишано “џабе се филмате со розеви тегчиња, баба ми носи потешки кеси од пазар.“ Need I say more?

Башка, од кога Сунѓеру Боб ти се осеќаш доволно компетентен да се шеткаш по форумов да делиш совети на млади луѓе?
 
Кога збориме за слабеење може и да се поводи малку грижа околу исхраната, затоа и така пишав. А тегчињата од кило две добри би биле за неа од проста причина што ќе и помогнат некои плус нови вежби да прави. Башка остај приказките дека пензионерите носат потешки кеси од пазар...., она ем има 13 години, ем нема да ја правиме боди билдерка, па да требаат тегови од повеќе кила.

Исто мислам дека знаеш дека секој може да даде совет околу одредена тема, а и веќе 2 години се занимавам со фитнес и вежби, ем кај мене постигнав ефект, ем имам колку толку познавања околу ова.

:)
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
7
За мене секој совет е добронамерен само што јас одлучувам дали ќе го применам нели :)
Фала ви на советите и морам да се сложам со @statusQuO за дебелите деца низ скопјево и државава.Инаку темава несакам да остави некаов лош впечаток или да се влегува во конфликт :)
Јас си имав намера да прашам за мислење и добив совети фала ви уште еднаш :D
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Убаво што ви кажува горните членовите и јас сакам рамен стомак на моето тело .Имаш 13 години ИЧ не се замарај ионака никој нема да те види пошо си малолетна освен оние лошите педофили затоа убаво ти вика јади умерена храна повеќе зеленчук и овошје и најмногу вода ,а месото чат-пат ,а ако сакаш најбрз начин да порамниш стомакот тогаш пробај со ова ;)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Појма немаш што пишуваш девојче, ама не си ти крива, таква ви е генерацијата.
Гледам пред некој ден едни девојчиња твои години исто, влегле во теретана и сакале да вежбаат задник зашо идело лето па да се спремале.. успат и стомачни да направиле :aplauz:
Насочи ја желбата за физичка активност кон некој спорт, поголеми придобивки од тоа здравје...

И како планираш да го изведеш делот со: "Да го средам телото сега за после да не се замарам и да се посветам на учењето?"
Уствари реторичко е прашањето, не сакам одговор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom