- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.271
- Поени од реакции
- 6.592
http://24rakomet.mk/загреб-со-само-еден-десен-бек-на-гостув/Екипата на Загреб се соочува со проблеми пред дуелот од 11. коло од Лигата на шампионите во кој се среќава со Висла Плоцк. Натпреварот се игра во Полска, а таму ќе мора да се оди на победа доколку шампионите на Хрватска сакаат да ги продолжат надежите за пласман во осминафиналето.
Во Загреб останаа со само еден десен бек откако сезоната заврши за Матеј Хрстиќ, кој доживеа повреда на предниот вкрстен лигамент на левото колено. Првите прогнози се дека ќе паузира седум месеци што значи дека Јосип Вуглач е единствениот играч кој може да биде со десна рака.
Покрај тоа во тимот ќе го нема ни Миклавчиќ, додека Бичаниќ и Шушња немаат тренинзи во последните денови поради повреда.
Сето ова прави проблеми за формата на момците на Златан Сарачевиќ така што на денешниот дуел кој почнува од 16 часот ќе биде тешко да се дојде до игра која може да донесе позитивен резултат за Загреб. Оттаму Висла Плоцк е во предност.
Портал кој треба да биде специјализиран за ракомет, тажно.