Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 143 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 269 62,6%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    430
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Победа на македонскиот претставник Вардар Про во регионалната СЕХА лига во 4. коло против црногорскиот тим на Сутјеска 33:23 (17:9)..
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Десниот бек Лазо Мајнов и покрај поразот од Хуеска 33:30 на гостувањето во рамките од 4.коло во најдобрата шпанска лига т.н. АСОБАЛ лига, беше најдобар стрелец за екипата на Антекуера со постигнати седум гола..добро е Мајнов да има уште вакви добри игри со многу постигнати гола, да се најде во добра форма пред настапот Европското првенство во Србија 2012..добро е да вметне во репрезентацијата и да му помага на Кире Лазаров во настапите, бидејќи и двајцата играат на истата бековска позиција..
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.044
Поени од реакции
525
Види го ти Мајнов се враќа во игра . Браво вистинско освежување за нас како Репрезентација можеби ќе можи и да одигра некоја минута на Европското кога ќе ни треба Лазаров да се сконцентрира на појаките противници или да добие заслужен одмор .
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Денеска и утре женскиот клуб на Вардар против унгарскиот тим на Бекешчаба ќе играат меѓу себе во рамките од третото коло во Купот на ЕХФ. По договор на два клуба, двата меча ќе се играат во Унгарија.
Денеска (4 ноември) прв меч: Вардар-Бекешчаба (18:00 ч.)
Утре (5 ноември) втор меч: Бекешчаба-Вардар (17:00 ч.)
Двата меча ќе ги судат Алин-Сергиу Кирлигеану и Диана-Кармен Флореску од Романија. Делегат ќе биде Алекс Клајн од Израел.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во рамките од третото коло во Купот на ЕХФ женскиот клуб на Вардар загуби на првиот меч од унгарскиот тим на Бекешчаба со 39:20 (20:8)
Вардар: Јавановска 5, Стојчевска 4, Василевска 4, Здравковска 3, Деловска 2, Стојковска 2, Андонова, Грујоска, Ивановиќ, Маневска, Михајлоска, Настевска, Пижевска, Сталетовиќ, Стојановиќ
Реванш мечот се игра денеска исто така во Унгарија со почеток во 17:00 часот.

Во првиот дуел од третото коло во КПК, македонскиот претставник во женска конкуренција Металург загуби на гостувањето во Романија од екипата на Отелул Галати со 30:25 (14:13). Реваншот се игра на 12 ноември во Автокоманда.
http://www.rkmetalurg.mk/storija/1351
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во шпанската АСОБАЛ лига, екипата на Антекуера загуби убедливо на гостувањето кај Барселона со резултат 42:22..Кај поразената екипа, десниот бек Лазо Мајнов заедно со Божидар Маркичевиќ беше најефикасен со постигнати пет погодоци..
--- надополнето: Nov 12, 2011 10:21 AM ---
Денеска во салата “Автокоманда“ во 18:00 часот реванш меч од 3.коло во КПК.
Металург-Оцелул Галати (Романија). Првиот меч заврши 30:25 за Оцелул. Да се надеваме дека нашиот претставник ќе слави над пет гола разлика за пласман во следната фаза..
Судии: Ференц Бонифер и Виктор Олах од Унгарија
Делегат: Душан Поповиќ од БиХ
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Трагедија и тоа на ракометен натпревар иделе...
Овие судии и на Кометал му имаа судено уште 2000. и 2001. год.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.621
Поени од реакции
70.278
Мете-Мете скоро секогаш беа против нас, али јебига луѓе сме, жална вест во секој случај :(
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Утре (15 ноември 2011) во Виена во 11 часот, ќе се одржи ждрепка за осминафиналните парови во КПК. Откако женскиот клуб на Металург го елиминираше романскиот Оцелул Галати, ги доби можните противници во осминафиналето, тие се: Мар Сагунто (Шпанија), Лајпциг (Германија), Алкоа ФКЦ (Унгарија), ФТЦ-Раил Карго Х. (Унгарија), Бјасен (Норвешка), Виборг (Данска), Рандерс (Данска) и Динамо Волгоград (Русија)..
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Женската екипа на Металург во осминафиналето од КПК за противник го доби германскиот претставник Лајпциг.
Лајпциг-Металург (4-5 февруари 2012 год.)
Металург-Лајпциг (11-12 февруари 2012 год.)
http://www.rkmetalurg.mk/storija/1389

Женската екипа на Гевгелија за противник во осминафиналето од Челинџ Купот го доби Флери Л. Х. од Франција.
Флери Л. Х.-Гевгелија (4-5 февруари 2012 год.)
Гевгелија-Флери Л. Х. (11-12 февруари 2012 год.)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во рамките од 5.коло во Лигата на шампионите, составот на Атлетико Мадрид забележа победа на гостувањето против Виве Киелце 37:29 (19:14).. Кај победникот Кире Лазаров заедно со Маркусен беа најефикасни со осум гола..
Во шпанската АСОБАЛ лига тимот на Антекуера дома ремизираше против Адемар Леон со 24:24 (11:14)..Кај домаќините Лазо Мајно постигна еден гол..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom