Еве едно одлично прво полувреме на Германците против Катар.
Одлично поставени во одбраната.. Марковиќ го отпишаа, крилата како воопшто да не постојат, преку пикер многу тешко му дозволуваат на противникот да прави акции... страшна дисциплина во одбраната.
Крилата Уве и Рајхман не се потребни зборови да се опишуваат нивните квалитети, ги убија...
Бековите непредвидливи.. немаат може некоја висина ама тоа е Германска школа.. сите се all-round , секој би се снашол на секоја позиција во бековската линија, апсолутно незнаеш што да очекуваш од нив, страшен проблем за противничката одбрана.
Катар се потпира само на торпедото Капоте, ако не смени нешто Валеро ништо чудно Катар да доживее хаварија како против Франција во вториот дел.[DOUBLEPOST=1471457018][/DOUBLEPOST]Класа, страшна дисциплина и тактичка поткованост покажаа денеска Германците, стаса хаваријата во вториот дел за Катар, немаше идеја Валеро на оваа средба, убиен беше во секој можен сегмент од колегата од спротивната страна.
Ама кои бекови ги има Германија еј... овој Виде и како крило решеташе во контри..



Таму бековите ги учат да бидат универзалци..

Браво за Германија.. сега се среќаваат со Франција , вистински спектакл за љубителите на ракометот.