Таа гол разлика не значи ништо. Единствено, ако Унгарија загуби со повеќе од 5 голови (или 5 голови, а даде помалку од 32 гола), тогаш ние би биле втори - затоа што во вториот круг се рачунаат бодовите и разликата меѓу трите екипи кои се пласирале во втората фаза.Па зависи тоа и од другите резултати. Пример, бидејќи веќе изгубивме од Холандија, нам ни одговара Холандија да ги победи Унгарија и Франција и да бидат први во групата, така ние би можеле да се бориме за второ место. Ама тешко тоа.
Туку, сега ми падна жетонот дека ние уствари можеме да бидеме и втори во групата, ако Холаандија ја победи Унгарија а на крај имаме подобра гол разлика од Унгарија. Тогаш ваков би бил распоредот:
21.01 (вторник), 20:30 - Македонија - Катар
23.01 (четврток), 18:00 - Македонија - Франција
25.01 (сабота), 18:00 - Македонија - Австрија
А подобра гол разлика би имале ако:
-Унгарија изгуби од Холандија со 1 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 22 разлика
-Унгарија изгуби од Холандија со 2 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 21 разлика
-Унгарија изгуби од Холандија со 3 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 20 разлика
-Унгарија изгуби од Холандија со 4 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 19 разлика
-Унгарија изгуби од Холандија со 5 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 18 разлика
-Унгарија изгуби од Холандија со 6 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 17 разлика
-Унгарија изгуби од Холандија со 7 разлика, ние треба да ја победиме Гвинеја со 16 разлика
...
Па пак е исто, Холандија прво место, Унгарија второ, Македонија трето.А зошто Холандија и Унгарија не би изиграле нерешено?![]()
Тотално ирелевантно е кое место ќе бидеме, се пренесуваат само бодовите со екипите кои одат понатаму.Па пак е исто, Холандија прво место, Унгарија второ, Македонија трето.
Мене не ми е јасно зошто ако ние ја тепаме Гвинеја и Унгарија загуби од Холандија, зошто не би одлучувала гол разликата кој да биде второ место на табелата?!
Дека читам дека одма не отпишувате како второ место…![]()
Уствари да, поените се тие. Мислев дека ако сме второ место и со тие што ќе вкрстиме (сега не знам како стојат со поени во тас група со која ке врстиме), дека би имале предност за во четврт финале.Тотално ирелевантно е кое место ќе бидеме, се пренесуваат само бодовите со екипите кои одат понатаму.
Ако имаме исто бодови со Унгарија, за место во оваа група ќе решава вкупната гол разлика. Сепак, на крај и како втори и како трети пренесуваме само 1 бод, освоен со Унгарија. Во наредната група за да сме пред Унгарија уште на стартот на групата, треба они да загубат од Холандија со над 5 разлика.
Едноставно е, ни треба макар бод со Гвинеја за само да ја минеме групата, а не бркање гол разлика.
Целосно се согласувам. Едно реми со Унгарија и одма замислувања дека сме којзнае што. Австрија и Катар се сериозни екипи, ни приближно не треба да се залетуваме и да запишеме бодови. Впрочем досега ништо не сме направиле - очекувњата на кладилниците ни беа дека ќе ја минеме првата фаза со победа над Гвинеја и ќе завршиме 6ти последни во следната групна фаза зад Австрија, Катар, Холандија и Унгарија. Ќе видиме каде ќе завршиме секој бод е напредок...Без залетувања, за да нема големи разочарувања. Прво денес да си осигураме втора фаза, па ако гледаме реално тамо може се да биде.Против Катар и Австрија секако. Против Франција ни на сон не може ништо да се направи. Искрено, ја и против Австрија и Катар не можам да кажам дека имаме сигурни победи.По мене шансите ни се 50-50 на тие натпревари. Добро е што играат доста поспор ракомет од Холандија, па како репрезентација имаме предност во некои аспекти од играта каде секако можеме да ја искористиме на најдобар можен начин.
Значи, како не значи. Пишав убаво погоре - различен е распоредот на натпревари во втората група. Ако бидеме трети во оваа група, прво играме против Австрија, па Катар, па Франција, ако бидеме втори прво играме против Катар, па Франција, па Австрија. Значи втори ќе бидеме ако:Таа гол разлика не значи ништо. Единствено, ако Унгарија загуби со повеќе од 5 голови (или 5 голови, а даде помалку од 32 гола), тогаш ние би биле втори - затоа што во вториот круг се рачунаат бодовите и разликата меѓу трите екипи кои се пласирале во втората фаза.
Ќе одлучува, како не. Ама во право е @aletem погоре, и јас сметам дека подобар распоред би имале ако сме трети во оваа група.Мене не ми е јасно зошто ако ние ја тепаме Гвинеја и Унгарија загуби од Холандија, зошто не би одлучувала гол разликата кој да биде второ место на табелата?!