Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
31 октомври 2021
Мислења
8
Поени од реакции
23
Mnogu sakam ovaa naj pederska nacija vo Evropa da ni se padni vo nekoi kvalifikacii za evropsko ili svetsko pa da gi "precekame" vo Skopje
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.167
Поени од реакции
2.771
Жално е што од нигде никаде блиску бевме да пренесеме 4 бода :eek:
Ај завчера густо беше, ама денес печени беа холанѓаните да изгубат со фер судење.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.352
Поени од реакции
2.247
Околу текмата, премногу технички грешки од наша страна. А кога процентуално највеќе се случија тие грешки? Кога игравме со два пикери со играч повеќе. Не го разбирам Киро мајке ми, ај еднаш два пати пробај, ама кога не иде не форсирај. Знаеш дека овие се ултра брзи, а Мечка и Слон додека се вратат назад ќе се раздени. Многу се нервирам вака, од една страна го има ракометот во малиот прст, од друга страна ова за мене е апла банална работа која е лесно воочлива и не смее да се повторува.
За да ги стави на 6-0 одбрана лалињата за да има простор за кузма и митев за шут евентуално пикер, вака со 1 пикер одма излеваат на митев или кузма, има многу опции со 2 пикера ама ете коа не иде не иде
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
За да ги стави на 6-0 одбрана лалињата за да има простор за кузма и митев за шут евентуално пикер, вака со 1 пикер одма излеваат на митев или кузма, има многу опции со 2 пикера ама ете коа не иде не иде
Се убаво тоа ама кога не функционира не треба да се оди со глава во ѕид. Немаме играчи (не верував дека некогаш ке го спомнам) како Филип Лазаров и Кире Лазаров кои имаа преглед на играта и знаеа кога да дадат пас или да шутнат и како Стојанче Стоилов и Ванчо Димовски кои држеа по тројца играчи на линијата и се знаеше дека ке имаме или пенал или гол. Најмногу технички грешки правевме баш во таа ситуација и место ние да дадеме лесен гол примавме лесен гол од контра
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.487
Поени од реакции
11.407
И Холанѓаните ќе поднеселе жалба заради недоличното однесување на публиката :ROFLMAO:
Ако драмата беше спорт, сигурно ќе беа прво место.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
605
Поени од реакции
739
За да ги стави на 6-0 одбрана лалињата за да има простор за кузма и митев за шут евентуално пикер, вака со 1 пикер одма излеваат на митев или кузма, има многу опции со 2 пикера ама ете коа не иде не иде
Да ама затоа тие имаат човек помалку па со брз проток ќе стигне топка до крило и требаше крилото да завршува. Овака со 2 бека и 2 пикера тешко се остварува проток до крило, плус треба и салам додава и салам примач на линијата од 6 метри. Засега се виде тека ниту Кузмановски ниту Серафимов не испаднаа добри додавачи ниту пак шутнаа од чиста позиција кога имавме играч повеќе.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.393
Поени од реакции
7.040
Текот на натпреварот беше делумно различен од тоа што очекував, но исходот, за жал беше баш како што мислев дека ќе се случи. Кога ги претставуваа репрезентациите, кога видов кој ќе суди веќе ми се сврти целта лента од мечот пред очи. Се беше јасно уште пред да почне. НО, и покрај тоа, јас не мислам дека загубивме заради судиите. Главниот проблем со судиите не беше толку на намерни грешки, колку што беше нивниот критериум и стил на судење кој го избраа, кој апсолутно одеше во корист на репрезентација како Холандија. Ама за жал таа е реалноста на ракометот, стилот на судење може да има значаен импакт. А дека Данците ги мразат нашите (исто како што нашите судии ги мразат скандинавците тоа цела ракометна Европа го знае).

Во секој случај, мислам дека дури и без тоа тешко ќе победевме. И покрај тоа што тактички бевме горе долу солидно подготвени, на "мудрост" го изгубивме овој натпревар. Јас генерално сум на мислење дека бесмислено се напаѓа Кире најчесто, ама во случајот апсолутно има вина за исходот на мечот и треба да погледне малку во огледало и да научи нешто. За разлика од Унгарија, која беше тим кој може да се победи со "емоции", Холандија сосема спротивно е тим кој се победува со "глава" - емоциите само штетат. Уште ми се врти во главата како лесно наседнавме - прво полувреме, пасивен напад, веројатно и судиска грешка, Кире наместо да ја спушти топката и повикува на ладни глави, тој ги крева рацете и ја повикува публиката. Тоа за кратко време доведе до жолтиот картон за Кире (е вака се мести во ракомет без да те фатат, со жолт картон за тренер кога противникот е во нокдаун и им ресетираш пасивен напад на 4 додавања), кој интересно беше на барање на делегатот, а не изворно од судиите. И тука се скрши мечот и знаев дека ќе изгубиме. Исклучувањето на ресетираниот напад, црвениот картон на Атанасијевиќ - се се тоа работи што неизбежно следеа заради тоа што избравме да играме со емоции наместо со глава. А со Холандија тоа што е потребно е дисциплина и мудро избегнување на емотивни грешки, а не бескомпромисна броба за секоја топка.

Се останато што се случуваше на теренот беше природен резултат на игра со "вжештени глави" - борбеност, неоткажување и добри голови, но и катастрофални грешки и брзо правење разлика на противникот. Затоа и изгубивме 5 наместо 2 на крајот (се надевам нема да не кошта позиција на крајната табела). Сите ја издвоија играта 6-5 како проблем, точно е дека лошо изигравме, но не сум баш на мислење дека тактиката со 2 пикери ни е проблемот. Тоа ни одговара на играчите кои ги имаме. И апсолутно не е точно дека е тоа застарена тактика, напротив, тоа го воведоа шпанските тренери пред ~10 години, и од тогаш досега повеќе би рекол дека се шири употребата отколку дека се намалува. Што не значи дека треба да бидеме предвидливи, може некогаш и да се промени тактиката (Зорман со Словенија на пример експериментираше со 4 бека без пикери...).

За крај морам да ја споменам и публиката. Каква сака нека е неправдата, фрлање предмети, плукање... тоа се неприфатливи работи од фундаментално човечко однесување. Не станува овде збор за правда туку за култура. И наместо да ја промовираме позитивно нашата држава, вака правиме огромна несогледлива штета. Затоа и државата ни е таму кај што е. Ги користиме неправдата и маката што сме ги преживеле, за да си даваме изговор за недоличното и некултурно однесување. Не смее да има изговор. Мораме и сами да си ја зауздама публиката, макар и по цена на помала посетеност. Ова им штети на сите - на државата, на останатите навивачи, па на крај краишта и на репрезентацијата.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
101
Поени од реакции
76

Бевме оштетени од судиите според тебе?
 
madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
770
Поени од реакции
2.429
И Холанѓаните ќе поднеселе жалба заради недоличното однесување на публиката :ROFLMAO:
Ако драмата беше спорт, сигурно ќе беа прво место.
И Марк Руте ќе го замени заменикот...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.861
Поени од реакции
7.516
Вчера пишав дека сум навистина задоволен од досегашниот наш настап на ова првенство, имаме сосема поволна ситуација и пред нас се натпревари од кои може да очекуваме позитивен резултат.

Победата со Гвинеја за сите е веќе впишана, се надевам само ќе ја потврдиме фаворитската улога и без никаков проблем ќе ги добиеме.
Останатите натпревари каде што може да бркаме бодови ни се со Катар и Австрија.
Тука за прв пат ќе се најдеме во улога на благи фаворити, ќе биде тоа прв таков предизвик за оваа условно нова генерација.

Доколку сакаме победи на тие натпревари мора да поправиме три работи во нашата игра.

- Прво намалување на техничките грешки, убаво пиша @Xsago уште пред првенството, ако сме под 10 технички грешки ние сме резултатски во игра, а вчера уште во 40та минута некаде ние бевме на 15, не знам до крај со колку завршивме, сигурно имавме уште неколку.
Со таква бројка на технички грешки нема што да бараме во натпревар со тркачка репрезентација која има страшна транзиција и лета во контри и полуконтри.

- Второ бројот на одбранети седмерци на нашите голмани.
Може не до толку важно и некој ќе каже дека барам влакно во јајце ама досега немаме ни еден одбранет пенал од голманите, а ги имаше поприлично, посебено вчера.
Холанѓаните имаа шут 12/13 од седмерци, ни една интервенција на Митревски/Кизиќ, тоа едно промашување беше шут во статива.
Ова е интересено посебно ако знаеме дека на трибини е оставен Галевски, кој според мене е најдобар наш голман за седмерци, а Кизиќ ја има добиено улогата на голман - пеналџија.
Баш да видиме дали Кире ќе реагира тука, ништо чудно на наредните натпревари да видиме промена Кизиќ - Галевски.
Искрено би сакал да се случи.

- И трето играта со играч повеќе, верувам нешто што на сите ни упадна во очи.
Не може бе ние да сме хендикепирани кога противникот е со исклучен играч, не знам точна бројка ама сигурен сум дека имаме негативен скор во тие ситуации со играч плус, нешто што е НЕДОЗВОЛИВО за натпревари од Светско првенство.
И Кире треба да попушти малку, премногу е тврдоглав во одредени моменти, ако веќе гледа дека втор натпревар по ред не оди таа игра со два пикери, што е повеќе од очигледно, нека бара друго решение.
Сигурен сум дека со побрза бековска линија Ѓорѓиев, Митев и Серафимов/Велковски многу полесно ќе дојдеме до вишок на крило или отворен влез за бековите до 6 метри.
Вчера пишав и пак ќе кажам, на Фитиљот не му одговара таа улога што му е доделена во моменти кога сме со играч плус, едноставно нема доволно прегледност на играта и му фали чувство за влез или асистенција до пикерите.
Вака само се гушиме и доаѓаме до непотребни технички грешки кои резултираат со гол од контра на противникот.
Штета што го немаме Дамјан Митев, како само ќе му легнеше таа улога...
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2022
Мислења
222
Поени од реакции
699

Од по одамна сакав да прашам шо е со малиот Митев? Повреда или ?
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.610
Поени од реакции
6.344
Текот на натпреварот беше делумно различен од тоа што очекував, но исходот, за жал беше баш како што мислев дека ќе се случи. Кога ги претставуваа репрезентациите, кога видов кој ќе суди веќе ми се сврти целта лента од мечот пред очи. Се беше јасно уште пред да почне. НО, и покрај тоа, јас не мислам дека загубивме заради судиите. Главниот проблем со судиите не беше толку на намерни грешки, колку што беше нивниот критериум и стил на судење кој го избраа, кој апсолутно одеше во корист на репрезентација како Холандија. Ама за жал таа е реалноста на ракометот, стилот на судење може да има значаен импакт. А дека Данците ги мразат нашите (исто како што нашите судии ги мразат скандинавците тоа цела ракометна Европа го знае).

Во секој случај, мислам дека дури и без тоа тешко ќе победевме. И покрај тоа што тактички бевме горе долу солидно подготвени, на "мудрост" го изгубивме овој натпревар. Јас генерално сум на мислење дека бесмислено се напаѓа Кире најчесто, ама во случајот апсолутно има вина за исходот на мечот и треба да погледне малку во огледало и да научи нешто. За разлика од Унгарија, која беше тим кој може да се победи со "емоции", Холандија сосема спротивно е тим кој се победува со "глава" - емоциите само штетат. Уште ми се врти во главата како лесно наседнавме - прво полувреме, пасивен напад, веројатно и судиска грешка, Кире наместо да ја спушти топката и повикува на ладни глави, тој ги крева рацете и ја повикува публиката. Тоа за кратко време доведе до жолтиот картон за Кире (е вака се мести во ракомет без да те фатат, со жолт картон за тренер кога противникот е во нокдаун и им ресетираш пасивен напад на 4 додавања), кој интересно беше на барање на делегатот, а не изворно од судиите. И тука се скрши мечот и знаев дека ќе изгубиме. Исклучувањето на ресетираниот напад, црвениот картон на Атанасијевиќ - се се тоа работи што неизбежно следеа заради тоа што избравме да играме со емоции наместо со глава. А со Холандија тоа што е потребно е дисциплина и мудро избегнување на емотивни грешки, а не бескомпромисна броба за секоја топка.

Се останато што се случуваше на теренот беше природен резултат на игра со "вжештени глави" - борбеност, неоткажување и добри голови, но и катастрофални грешки и брзо правење разлика на противникот. Затоа и изгубивме 5 наместо 2 на крајот (се надевам нема да не кошта позиција на крајната табела). Сите ја издвоија играта 6-5 како проблем, точно е дека лошо изигравме, но не сум баш на мислење дека тактиката со 2 пикери ни е проблемот. Тоа ни одговара на играчите кои ги имаме. И апсолутно не е точно дека е тоа застарена тактика, напротив, тоа го воведоа шпанските тренери пред ~10 години, и од тогаш досега повеќе би рекол дека се шири употребата отколку дека се намалува. Што не значи дека треба да бидеме предвидливи, може некогаш и да се промени тактиката (Зорман со Словенија на пример експериментираше со 4 бека без пикери...).

За крај морам да ја споменам и публиката. Каква сака нека е неправдата, фрлање предмети, плукање... тоа се неприфатливи работи од фундаментално човечко однесување. Не станува овде збор за правда туку за култура. И наместо да ја промовираме позитивно нашата држава, вака правиме огромна несогледлива штета. Затоа и државата ни е таму кај што е. Ги користиме неправдата и маката што сме ги преживеле, за да си даваме изговор за недоличното и некултурно однесување. Не смее да има изговор. Мораме и сами да си ја зауздама публиката, макар и по цена на помала посетеност. Ова им штети на сите - на државата, на останатите навивачи, па на крај краишта и на репрезентацијата.
Во играта 6 на 5 со два пикери , грешки прај Лазаров не од аспект дека не треба така да играме , него од аспект дека грешни играчи имаме на бек на десна страна .
Во Пелистер тоа функционира кога има противникот и опасност од десна страна .
Овде на таа десна страна во тие моменти треба да се игра со Митев или Павле и Лево Фитиљ .
Вака овие две утакмици како што играме , се се сведува на Фитиљ дали ќе шутни од 9 или ќе дај на пикер и противникот знаат дека од десна Серафимов или Велковски нема да шутират и лесно не затворат .

Друго вчера шо ми падна одма во очи , на 6 на 5 пикер на страна на Фитиљ беше Лазаревски место Пешевски мислам на два пати и тогаш два пати имаше технички грешки , не дека не имаше и после и Пешевски кога беше на таа стана подоцна .

Значи добра варијанта е ама пак ќе речам мора да има опасност од десно и Пешевски да се мести на иста страна со Фитиљ.

Се си мислам со овие играчи кои ги имаме Митев на Десно па и Павле (двата можат да влезат брзо и да дадат гол и од таму ) дека ќе функционираме подобро.

Во сите аспекти од играта сме напреднати освен во ова. Плус додека се наместиме со играч повеќе па дури да се шутни на гол поќе од минута губиме , сега колку шо можат треба некако да уиграт таа комбинација има уште 4 утакмици за играње
 
Kajgana Shop

На врв Bottom