Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.935
Поени од реакции
7.388
Линк за ракомето оти го префрлија легендите на собранискиот канал инаку ако загубиме со 5 сме на коњ
 
Член од
13 август 2023
Мислења
589
Поени од реакции
1.400
Доста со фрлање на секое на пивот бе, ДОСТА. Земи шутирај од надвор, никаков голман имаш на гол кај нив, 3/3 има Кумановски од 9, кој кур бараат пивот секоја акција.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.883
Поени од реакции
3.400
Аман овој Кузмановски со тие додавања...
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.883
Поени од реакции
3.400
Се замаивме со избориве и заборавивме на утакмицава. Многу слаба партија денес и овие -7 се премногу! Не дека не може да се стигнат во Скопје (може), ама е скоро нереално. Срамота е од тим со двајца млади играчи кои ја водат репрезентацијата толку многу да загубат. Па Фараниве ни Украина не можеа со повеќе од 3-4 разлика да ја победат.
Ни треба 8 (или 7 па на пенали да победиме) разлика, а не знам како тоа со таква игра би победиле. Кузмановски многу лоши топки додаваше, а Пешевски како за некоја грамада како пердув го туркаа лесно и му ја собираа топката. Ај може ќе се опуштат овие дека имаат +7, па тука негде сосе публика наша гледам некоја шанса. Инаку многу лошо!
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.966
Поени од реакции
1.856
Брука невидена,никаква мотивација кај 90 посто од играчите.
Лоша тактика,тапи голмани,одбрана,судење домаќинско.Дисциплина нула.Исклучвења аматерски..
Маркоски под итно да се исфрлит,а после оваа утакмица и Талески мрш.
За пенали шутирања фитиљот требит да добиет доживотна забрана.
Зш не го земаат десниот бек Николов од бутел сто пати е подобар од овие кај киркава
Само Митев одигра феноменално.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
488
Поени од реакции
510
За жал тоа е моменталната реалност, да не се занесуваме дека можеме да ја стигнеме разликата. Прашање е дали воопшто ќе победиме дома а не пак да тепаме со 7+. Игра никаква, мотивација никаква, во одбрана ни се шетаат како сакаат. И можеби треба да одмориме од едно големо натпреварување за да не се бламираме непотребно на истото. За среќа засега европското првенство сеуште ни е лесно достапно додека и некои трети репрезентации не напреднат до толку за да не се пласираме на ЕП.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.966
Поени од реакции
1.856
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.330
Ако го игра пак Жарета Пешевског место Лазаревски цела утакмица, и тоа како ќе изгубам надеж

Не ми е јасно како можеш да имаш толку години ракомет зад себе и да не перципираш дека правиш поголем метеж за централниот место да ја шириш зоната, во тек на преносот уствари и кај Ѓоргон се осети гнев дури како спрема Жаре така и спрема Кирца што не ја гледа ситуацијата. Момент кога влезе Мечка да шири зона ние почнавме гол за гол да играме. Оваа грешка плус таа глупата 7 на 6 е причината за тоа што изгубивме.

Сме ја вртеле на Исланд, ама додуша со различен ростер, можеби можеме и на овие да им ја свртиме ама ќе мора да изиграме над наши можности сите со по 120% и плус од трибини да има навивање како до пред 6-7 години а не театарска претстава уште кога влезат островјаните да напунат шорцеви, на друг начин не гледам како. Ама нема откажување, мислам дека можеме знам дека мораме.
:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.713
Поени од реакции
5.765
Јаки се Фарски, ништо чудно и во Скопје да не тепаат.
Имаат резвиено цел систем на игра и секој играч си ја знае задачата, така успеваат да ги покријат и слабостите на одредени позиции, делуваат многу организирано, знаат што играат, цело време брзи, прецизни пасови, опасна транзиција, плус го имаат Скипаготу кој моментално е еден од најдобрите средни бекови, а во тој правец оди и Оли Митун, ако продолжат да се надоградуваат и извадат уште некој играч од тој калибар ништо чудно за некоја година и во борба за медалите да се замешаат.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.330
Јаки се Фарски, ништо чудно и во Скопје да не тепаат.
Имаат резвиено цел систем на игра и секој играч си ја знае задачата, така успеваат да ги покријат и слабостите на одредени позиции, делуваат многу организирано, знаат што играат, цело време брзи, прецизни пасови, опасна транзиција, плус го имаат Скипаготу кој моментално е еден од најдобрите средни бекови, а во тој правец оди и Оли Митун, ако продолжат да се надоградуваат и извадат уште некој играч од тој калибар ништо чудно за некоја година и во борба за медалите да се замешаат.
Мислам дека за борба за медал е потребна барем цела една постава од јаки играчи со 3-4 играчи тешко. Исланд со сосема солиден ростер не успеа да се качи на подиум, не верувам дека и Фарски ќе стигнат до таму, ама дека ќе имаат некој блесок од типот на Холандија пред 4-5 години ќе имаат сигурно. Веќе се најавија на претходниот собир дека се тука да прават гужва и да не може да се бројат сигурни бодови против нив. Јас сепак се надевам дека ќе извадиме некое лудило од нас и ќе изиграме машки
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.336
Поени од реакции
2.224
Добро, сакам да прашам зошто Митревски ја бранеше цела утакмица? Као немаме други голмани?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom