Шопска салата, бранови, еуфорија, 16 крако сонце над Борис Трајковски, Горди Македонци… Една е Македонија, едни се нашите ракометари, оле. оле....Голема вечер, магична....Исполнета со многу поезија од страна на коментаторите на А1, многу исполнети срца,ерупција од љубов, патриотизам, навивачки песни.
И тогаш сфаќаш дека не е до несменетите чорапи и спиењето со македонскиот дрес....
Дека не е до Клеопатра ни до полнетите пиперки на комшивката...
Дека не е до металните подочњаци и агресивноста на вискито...
Сфаќаш дека е до големината на нашите ракометари, нашите херои.
Голем ден за нас Македонците ....Денес сум среќен... Денес сум горд Македонец...
Едно име имаме во душата го носиме за тебе живот даваме оооо Македонијо...Чекаме втора рунда од вас на Европското, наши херои....