- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.313
- Поени од реакции
- 6.541
Напротив, Пелистер 2 е одличен клуб за негов развој. Најважни фактори за развојот на еден играч се минутажата и улогата која ја имаш во екипата, заедно со квалитетот на противниците против кои настапуваш. Нивото на твојот клуб е многу помалку важно, дури понекогаш знае и негативно да влијае.Атанасијевиќ треба добро да размисли за тоа во кој правец ќе му се одвива кариерата. Останување во Пелистер 2 ќе му биде стагнирање на ниво на она кога Кузмановски место да оди директно во Магдебург од Металург, се врати во Битола да игра во Еурофарм. Го надмина нивото на Пелистер 2 веќе Павле, најдобар играч им е во сезона кога завршуваат трети на табела во регуларен дел (можда и во супер лига). Толку е плафонот со тој клуб, над тоа нема веќе ништо, само стагнација може да му понуди тој клуб веќе. Он и лани им беше во втора полусезона најдобар играч, али тогаш беа осми на табела и прерано беше после една добра полусезона да го префрлат во прв тим.
Во исто време Пелистер очигледно ќе има по двајца играчи странци на лев/среден бек за следна сезона и ако го донесат како трет избор огромна е шансата да заврши ко Танкоски и Кукуловски моментално. Не делува дека имаат доверба во него од прв тим кога носат по две засилувања на позициите на кои може да покрие и он, повеќе личи на шминка и маркетинг потег неговото префрлање во прв тим во таков случај.
Ако има понуди на маса од клубови од странство, треба добро да размисли што ќе прави и што може да добие со останување во Битола.
Што се однесува за веројатниот трансфер во првиот тим, тука си во право, ако им е целта да биде 5-6та опција на лев/среден бек тоа е катастрофа. Мора да биде најмалку 3та опција за да продолжи со развојот.