Групата е топ, а местото на одигрување уште повеќе, сами да биравме ќе згрешевме....
Прво, Вараждин, најблиска опција за нас, предност за полна сала, Хрватска, убава земја, топол/гостопримлив народ, при голема еуфорија и Хрватите би биле со нас и за нас
По добро сеќавање ни е овој град од минатото...
Второ, по мерка јас би рекол и противниците, најнезгоден противник Унгарија, добро е шо отвораме со нив, па да се спремаме за првиот меч за со маџарите, сигурно ќе имаат доста фанови и тие, сепак Вараждин е на самата граница со Унгарија, па се очекува инвазија, ама ние сме подобри навивачи од нив
Холандија, едвај поминаа со грците, се мачеја, со поддршка од трибините како домашна атмосфера мислам наши се, ќе се изгубат.
Со Гвинеја сите очекуваме сигурна победа, нема калкулации тука.
Трето, секогаш на последните неколку натпреварувања сум бил песимист и испаѓало со лош учинок, сега сум оптимист дури дека можиме да пренесиме бодови.