- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Лазаров: Естонија не е бауч, ние сме фаворити
Со евентуална победа в среда над Естонија, Македонија на едно коло пред крајот речиси ќе обезбеди пласман на ракометното ЕП 2012 во Србија
Кире Лазаров
Естонија не е бауч, ние секако дека сме фаворити во овој меч, но сето тоа треба да го докажеме и на паркетот. Мораме да изиграме на високо ниво, како во одбраната така и во нападот, без никакво потценување во ниту еден момент. Ова го најавува капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, пред дуелот со Естонија в среда (20 ч.), во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Србија 2012 година.
В среда Македонија го игра решавачкиот дуел со Естонија, на гости. Математиката вели дека има повеќе решенија за наш пласман на ЕП, но едно е сигурно - не смееме да бидеме поразени во Естонија. Овој меч ќе биде пресуден за избраниците на селекторот Звонко Шундовски. Ако Македонија победи, ќе оди на ЕП. Со ваков епилог Македонија може да си дозволи и пораз од БиХ во последното коло, секако под претпоставка БиХ да загуби од Унгарија, а во последното коло Унгарија да ја победи и Естонија.
- Сега е најбитно тренинзите во овие последни 4-5 дена да ги одработиме на професионално ниво и ментално и тактички да го одиграме за нас најзначајниот натпревар во овие квалификации, против Естонија. Иако не сме комплетни, бидејќи Владимир Темелков и Влатко Митков, поради настапи во германското првенство, ќе ни се приклучат во Естонија, сепак мораме сето ова сериозно да го сфатиме и така да се однесуваме - вели тој.
За капитенот на македонската репрезентација играта на Естонија сепак е мало изненадување во однос на БиХ, од која повеќе стравувавме во овие квалификации.
- Естонија за мене се покажа како потврд орев од селекцијата на БиХ, што претставува и мало изненадување. Тие играат со исто темпо и кога губат и кога водат, што е дополнителен квалитет. Реално гледано, БиХ можеби има и посилни поединци и од Унгарија, кои играат во Европа, но сепак се покажа дека колективната игра е пресудна во екипните настапи - смета Лазаров.