Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Да да, тренерот е крив :anco:
Овие апашиве на 12-14 со играч повеќе и напад,примија 3 гола.Да беше појак тренер немаше да им ја подадат 2пати в раце за чиста контра.Овај незнае да им го каже вицот изгледа.
И тие од 6 метри чистите 10923 шанси што беа и тука Темелко е крив.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Несфатливо ми е зошто Темелковски не го играше Нелоски воопшто во напад на бек, туку ги цедеше по 60 минути Талески и Кузмановски, па дури и прилика им даде на Крстевски и Танкоски пред него. Детето изгуби многу со повредите, ама многу глупо е на 21 година да го ограничуваат само во одбрана.
Арсеновски најпријатно изненадување, одлично се отвара на линија, страшен процент на реализација, само потребна му е повеќе работа на физичка сила за дуел-игра на линија, има перспектива во него. Крилата исто така солидни, Велковски си заврши добра работа. Томовски малку потфрли од она што го очекував, Даниловски не ни има квалитет за нешто повеќе.
Иако најкритикуван е Талески, сепак он одигра квалитетно првенство, лидер е во речиси секој сегмент и во одбрана и во напад. Најголемите критики од мене се за Кузмановски, спомнато е и претходно, несфатливо ми е како со таков физикус има толку мала храброст да превзема одговорност. Ги има сите предиспозиции да биде лидер на тимот пред Талески, а на него се уште главна карактеристика во играта му е залетување во противничката одбрана и враќање на топката на другите бекови да одат на шут.
 
B

bacbum

Гостин
53 tehnicki na 9 natprevari samo od bekovskata linija Taleski 22 Kuzmanovski 17 Velkovski 14.........:shok2:
t.e. realno se 8 natprevari , so Burkina Faso nemaa angazman.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Нелоски кариерата му оди во неповрат, моментално е без ангажман.
 
B

bacbum

Гостин
Bekovska realizacija, GOL/SUT : Taleski 41/83 >49,4%, Kuzmanovski 33/57 >57,9%, Velkovski 33/57 >61,2%
Vkupno104/189 >55% mnogu SLABO za prva bekovska postava,vrzano so napravenite 53 tehnicki greski od nivna strana.
Usloveno toa znaci 138 "nerealizirani napadi/pokloneti topki na protivmikot" na 8 natprevari, ili vo prosek po 17 "pokloneti topki od utakmica" samo od ovaa bekovska trojka.
Se ova ukazuva na eden individualen bezobraluk i drskost pocnuvajci od nekoi igraci od prva postava bez da ja analiziram vtorata postava, i tamu e prisatno navedenoto.
Koga ke go nadmineme ova, i koga ke se zgolemi tezisteto na TIMSKA IGRA so poveke izgradeni akcii vo napadot kade sto ke ucestvuvaat site igraci, normalno e da bideme opasni od site pozicii , a taa TIMSKA igra nosi pogolema angaziranost kaj site igraci i vo odbranata , duri togas ke moze da ocekuvame golemi pobedi
Na kraj toa e statistika, ni se bendisuvala ili ne, bolelela il nebolela , ja pokazuva VISTINATA.[DOUBLEPOST=1501493441][/DOUBLEPOST]Statistika na kruzna i krilna pozicija gol/sut>procent

Kruzen
Arsenovski 16/22>72,7% 5 natprevari
Lazarevski 13/15>86,7% 4 natprevari

Levo krilo
Palevski 30/43>69,7% 9 natprevari
Dimitrioski 13/18>72,2% 5 natprevari

Desno krilo
Jagurinoski 11/14>78,6% 4 natprevari
Silegov 20/33>60,6% 9 natprevari

Imajci vo predvid deka ocekuvanata efikasnost od ovie pozicii e min. 70% realizacija za ostvaruvanje na povolen rezultat, se na se mozeme da bideme zadovolni.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ете заврши и ова Јуниорско СП за играчи родени 1996 и помлади. Генерацијата за која веќе долго се зборува дека е најдобрата генерација по оние 1980 (на Кире, Наумче, Јоновски, Митков) и 1982 (Борко, Миркуловски, Мите Стоилов, Кузмановски...) но и истовремено за многумина е преценета и премногу извикана во медиумите на некој начин ги потврди и едните и другите :oeoeoe:. Учества на 3 од 4те големи натпреварувања, кулминација на ова СП со пласманот на 6тото место – оваа генерација покажа и одреден континуитет и одреден квалитет во овие 4 години. Неспорен факт е дека по пензионирањето на Кире, Борко, Миркуловски и Стоилов (кое мислам дека ќе се случи во 2020) оваа генерација ќе мора да ја преземе одговорноста и да биде основа на идната сениорска репрезентација. Сепак она што и ова СП го потврди е дека иако има надеж дека континуитет би требало да можеме да избориме (што е многу позитивно), за чекор напред во однос на она што сме сега ќе мора да почекаме некои идни генерации.

Кратко сумирање на првенството:

1. Длабочина на екипата

Една од позитивните работи од ова СП е што иако постојано ја ословуваме како генерација 96-97 во суштина оваа екипа беше пола јуниорска пола кадетска. За кадетите, кои сега треба да станат јуниори, искуството е непроценливо особено ако се земе во предвид и дека скоро сите имаа солидна минутажа и улога. Распределбата на минутажата и улогите во екипата е според мене исклучително позитивно, за првпат, особено една младинска наша екипа покажала каква таква длабочина. Објективно нашата репрезентација беше една од најмладите на првенството но тоа воопшто не се осети во однос на длабочината на екипата. Напротив нашата екипа ротираше дури и повеќе од некои многу посериозни репрезентации, а и повредите кои ги имаше во текот на првенството релативно лесно и безболно се надминаа (Арсеновски, Крстевски, Нелоски, Лазаревски...).

2. Генерални коментари за екипата/играта во контакст на СП
  • Се користеа можности за транзиција повеќе од било која наша репрезентација (иако и сенорте во овој аспект напредуваат), што е за поздравување (дури имаа и голови од брз центар особено со Тунис) – близу 10% од нападите се завршуваа со тимска транзиција или класична контра. Но од друга страна, штом се одлучеа за позицион напад, често се одеше до екстреми до пасивен напад.
  • На екипата очигледно и недостигаат пробивни играчи кои можат да минат низ противничката одбрана. Единствен кој имаше каков таков успех во овој поглед беше Кузмановски. Реално ова е аспект во кој доста заостанувавме во однос на останатите квалитетни репрезентации.
  • Како и сениорите и јуниорите се покажа дека имаат сериозни проблеми против екипи кои се физички и атлетски супериорни (во принцип вакви се секогаш Франција и северноафричките екипи) :duel:.
3. Статистика

Напад

  • 10ти (50.2% реализирани напади)
  • 11 во позицион напад (доста паднавме по натпреварите против Франција во кој имавме катастрофални последни 15 минути и Унгарија во кој не уништија голманите)
  • 17 со играч повеќе, 8 со играч помалку (интересна статистика која ни покажува дека не знаеме доволно да ја ефектуираме предноста од исклучувања на противникот но од друга страна нашите беа сосема солидни кога имаа играч помалку (играта без голман тука доаѓа до израз)
  • 2 во асистенции :чда:. Можеби најинтересната статистика од сите. Популарно е да се обвинуваат нашите ракометари за недоволно тимска игра, но во суштина тоа не е точно. 2 место по асистенции целосно го потврдува ова. Проблемот на нашиот тим, баш напротив е во тоа што немаме играчи кои можат сами да креираат позиција. Горе долу единствен “соло” играч ни е Талески на шут од далечина. Друга опција реално и немаме се мора да се креира преку посложени акции.
Одбрана
  • 12ти (53.5% одбранети напади)
  • 4ти во ситуација кога успешната одбрана е резултат на потези на играчите (блокади, изнудени пробивања, украдени и одбиени топки)
  • Убедливо најслаби од сите 8 четвртфиналисти во однос на одбранети напади заради голманот (всушност по процентот на одбрани, нашите голмани беа 15ти со само 28.4%) – а и ова откако Томовски конечно се разбрани во последниот натпревар, претходно беа одвај над аматерите од Буркина Фасо, Мароко и Чиле.
  • Бројот на напади одбранети со голманска одбрана на останатите четвртфиналисти е во просек 116.7 на 9 натпревари. Нашиот тим имаше 95 вакви одбранети напади. Таа разлика од 2-3 голмански одбрани по натпревар во просек е всушност разликата меѓу нашето 12то место и топ 3 одбрана на првенството :motorce:. Во превод, истото што најмногу ги мачи сениорите, со мизерните проценти на Борко, ги мачи и јуниорите.
4. Коментари за играчите

Јуниорите
  • Талески (41 гол) – лидер на тимот како како шутер така и како асистент. Реално солидно првенство одигра Талески, добра комплетна игра во два правци. Слабост му беа седмерците и фактот дека лесно е читлив од голманите кога ги зема тие тешки изнудени шутеви кога нападот ќе заглави. 13 стрелец и 2 асистент на првенството. Солиден во одбрана. Не може да се има премногу забелешки - постепено се развива во навистина квалитетен играч.
  • Кузмановски (33 гола) – имаше повремени блесоци, но имам впечаток дека можеше и повеќе. Предност му е универзалноста, имаше голови и од влезови и скок шутеви и шутеви од место и уфрлања како втор пикер. Да не зборувам за неговите веќе карактеристични полуконтри. Но и покрај тоа впечатокот е дека остана недоречен. Кај него има уште многу простор за напредок (особено во фаза на скок шут). Најголем потенцијал - ќе видиме колки ќе го искористи.
  • Велковски (30 гола) – Велковски одигра коректно првенство во напад во рамки на неговите можности – шутеви од место, под зона, повремени влезови... Класичниот скок шут и натаму му е слабост. Во одбрана на некој начин добро е што е форсиран и се труди да игра во два правци, но факт е дека засега е голем минус – убедливо најслаб од сите кои играа одбрана.
  • Палевски (30 гола) – Пристојно првенство на Палевски во секој аспект битен за крило – шут од крило, влез на втор пикер, контри, пенали. Треба уште да работи на шутот кога има помал агол, но може да биде пристојно крило за наредните 10 години. Можеби замена за Ојлески кај сениорите на долг рок (реално го нема птенцијалот на Манасков).
  • Нелоски (15 гола) – На ова првенство во улога на специјалист дефанзивец и повремен пикер (особено во фаза на транзиција). Како бек играше многу малку – не повеќе од 6-7 напади. Во принцип ова е улога во која се снајде подобро од очекувањата, и се чини тука треба да ја гледаме неговата иднина. Може да биде корисен играч и за сениорската репрезентација во оваа поуниверзална улога.
  • Томовски (69/237 = 29.1%) – Најголемо разочарување на првенството. Од него се очекуваше да овозможи конечно една наша репрезентација да биде меѓу најсилните и во голманските категории но целосно потфрли. На мечот со Унгарија го покажа потенцијалот – но има уште многу многу работа за некои поголеми резултати (особено во фаза на подготовка и скаутинг ми се чини), како и во бранењето на удари во горните делови од голот (3/72 :shook:)
  • Даниловски (26/97 = 26.8%) – На Даниловски едноставно толку му се можностите. Се труди, повремено и функционира како џокер од клупата но реално нема капацитет за нешто повеќе.
  • Крстевски (1 гол) – мала улога, главно како резервен дефанзивен специјалист. Се чини тешко ќе биде посериозен играч од него. Ништо посебно не покажа.
  • Џонов (7 гола) – Се покажа како коректен играч, реално и подобар од очакувањата со оглед дека не требаше ни да биде во екипата, но сепак далеку е од некој посериозен играч (барем моментално).
Кадетите
  • Танкоски (14 гола) – Според мене најголем талент во оваа генерација. Прикажа основи на универзална игра во напад (скок шут, влез, “финта”), но и доста солидна игра во одбрана (на позиции 2 и 5), што мене лично позитивно ме изненади. Не е од рангот на Талески и Кузмановски, но Танкоски е играч на кој треба да се обрни внимание. Потребна му е снага (како и на повеќето од кадетите)
  • Петровски (9 гола) – главно солидно ја користеше укажаната шанса, но има уште доста работа. Мора да стане покомплетен играч. Вака е практично само шутер со повремено добро додавање. Има теоретски шанси за сениори, но со оглед на позицијата на која игра, ќе биде многу тешко.
  • Димитриоски (13 гола) – Има потенцијал како поуниверзален играч со примарна позиција лево крило, но треба уште многу да работи. Ќе видиме во следните 3-4 години дали може да стигне до сениори.
  • Арсеновски (17 гола) – Според мене најголемо изненадување на првенството. До повредата одлично се снаоѓаше во сите офанзивни фази на пикерската позиција. Доста напредувал, да се надеваме така и ќе продолжи. Негативно е што играше само во еден правец. Тука ќе мора да поработи ако сака да стане сериозен сениорски репрезентативец. Потенцијал има но има и многу работа.
  • Лазаревски (13 гола) – Во помала мера од Арсеновски но солидно издание имаше и вториот пикер. Лазаревски има поголем потенцијал за да биде играч во два правци, но засега нема ни приближно доволно снага која е потребна за пикер.
  • Шилегов (21 гол) – Солиден офанзивно (иако некогаш форсираше тешки шутеви), но катастрофа дефанзивно. Има потенцијал, но треба уште доста работа.
  • Јагуриновски (11 гола) – Ми делува дека има незгоден карактер. Има талент за крило кое би играло добро во два правци, но не сум сигурен колку ќе го искористи.
5. Тренерот

Темелковски одработи коректно првенство. Се гледа дека му лежат младинските категории и според мене треба да продолжи да работи и со следните генерации. Во секој случај, далеку е од совршен. Повремено имаше некои луди потези како Танкоски на пикер, претерано форсирање на Велковски во одбрана и во клучни натпревари/моменти, и целосната нелогичност во начинот на бирање на кој ќе шутира пенали (очигледно беше дека Палевски е најсигурна опција, но Темелковски упорно нелогично без никаков ред ротираше).

6. Каде е остатокот од светот

Во суштина првенството покажа 2 главни работи. Прво дека неевропските екипи кои напредуваат во светскиот ракомет последниве години, се веќе рамо до рамо со Европските тимови. Тунис, Алжир и Египет од Африка, Катар од Азија и Бразил од Јужна Америка реално имаат квалитет кој е споредлив со солидните Европски репрезентации. Но од друга страна, “елитата” не се менува. Шпанија, Германија, Данска и пред се Франција ќе продолжат да доминираат со ракометот. Хрватска има слаба генерација.

Се на се интересно првенство за пратење (и не само нашите натпревари). Добра можност да се види до каде се нашите идни надежи и што би можело да не очекува во иднина кога Кире, Миркуловски, Борко, Стоилов, Ф.Лазаров, В.Марковски и Георгиевски ќе се пензионираат – нешто што би требало постепено да се случува во следните 3-4 години.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

Собирот е закажан за 23 октомври 2017 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а селекторот Гонзалез повика вкупно 21 ракометар:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски

http://macedoniahandball.com.mk/raul-gonzalez-go-objavi-spisokot-na-seniorite-za-ehf-nedelata/
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

Собирот е закажан за 23 октомври 2017 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а селекторот Гонзалез повика вкупно 21 ракометар:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски

http://macedoniahandball.com.mk/raul-gonzalez-go-objavi-spisokot-na-seniorite-za-ehf-nedelata/
Moжел и Вугринец да го земел.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

Собирот е закажан за 23 октомври 2017 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а селекторот Гонзалез повика вкупно 21 ракометар:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски

http://macedoniahandball.com.mk/raul-gonzalez-go-objavi-spisokot-na-seniorite-za-ehf-nedelata/
Тоа е тоа, мислам дека списокот е чист како солза. Тие се најдобрите 21. Прашањето е како ќе се намали списокот на 16. Меѓу Митревски, Дакаловски и Цветковски мали се разликите па сеедно е кој ќе биде вториот голман, но останатите 3 испаѓања нема да се лесни освен ако не дај боже има повреди.[DOUBLEPOST=1507303171][/DOUBLEPOST]И Брестовац со првиот список на новите кадети (родени 2000 и помали):

http://www.gol.mk/rakomet/brestovac-kje-ja-selektira-rakometnata-idnina-od-spisok-so-46-talenti

Не знам како планира од 46мина за 3 дена да издвои 16 за турнир во Полска. Веројатно веќе се избрани повеќето, другите се тука да се покажат за во иднина, да им се даде до знаење дека ги следат од федерацијата.

П.С. Може да е интересна оваа генерација, ќе видиме, сеуште се многу млади.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Ako go zemeshe Tankovski togash ke vikavme mozhel Pribak da go zemi koj so Motor Zaporozhye postigna 12 golovi i e vo tim na koloto. Taka da okej si e spisokot.
мислев пошто дечкото е 98годиште, а па во весникот Балкан Хандбал на голема врата се фали Серафимов...
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Серафимов и Танкоски се далеку од некаков материјал за сениорската репрезентација во овој момент, оставете ги што пишуваат порталите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Серафимов и Танкоски се далеку од некаков материјал за сениорската репрезентација во овој момент, оставете ги што пишуваат порталите.
слаби беа медведи па делуваа овие јаки... Лино мислам го викна во поширок список Јатаганац, ама тој даде 9 гола
 

Kajgana Shop

На врв Bottom